Последен пат кога глобалниот долг достигнал 100% од БДП било во 1948 година, кога големите светски економии беа исцрпени од шестгодишната светска војна и позајмуваа пари за обнова на опустошените земји. Заврши периодот на евтино задолжување помеѓу глобалната финансиска криза и ударот на пандемијата на ковид-19, а трошоците за сервисирање на долгот веќе ги оптоваруваат буџетите. Каматните стапки значително се зголемија на глобалните пазари, а ...

Молекуларниот биолог Макс Ремпел, кој ги идентификувал ненаследните секвенци, смета дека тие имаат вонземно потекло, а луѓето што ги носат во себе ги нарекува хибриди. Ремпел анализирал генетски податоци од 581 семејство опфатено во Проектот 1.000 Геноми – јавно достапна база на податоци за човечки генетски информации. Во 11 од овие семејства, тој пронашол долги секвенци на ДНК кои не биле наследени од ниту еден од родителите. Вкупно биле ...

Комитетот за транспорт на Европскиот парламент со 34 гласа за и ниту еден против ја усвои иницијативата за правата на патниците во авионските летови. Предложените мерки се спротивни на одлуките на Европската комисија и на Советот на ЕУ, кои се на страната на авиопревозниците, но со оглед на цврстата поддршка на мерките нема да имаат голем простор на преговорите што ќе траат со месеци. Организацијата А4Е, која ги застапува компаниите Луфтханса, ...

За извршниот директор на Форд, патувањето во Кина бил отрезнувачки удар на реалноста. По посетата на низа фабрики, Џим Фарли бил воодушевен од техничките иновации што се пакуваат во кинеските автомобили - од софтвер за самостојно возење до препознавање лица. „Нивната цена и квалитетот на нивните возила се далеку подобри од она што го гледам на Запад“, предупреди Фарли. „Ние сме во глобална конкуренција со Кина, а тоа не се само електрични ...

Децата на возраст од 9-10 години што се макар малку поактивни на социјалните медиуми од своите врсници, неколку години подоцна како тинејџери покажале послаби когнитивни способности, покажува студијата објавена во журналот ЈАМА. Клучно е да се разбере како користењето на социјалните медиуми за време на училишните часови конкретно влијае на учењето, особено затоа што толку многу училишта размислуваат за забрани за мобилни телефони, вели авторот ...

Министерката Шабана Махмуд предупредува дека неуспехот на Британија да ги контролира своите граници ја еродира довербата на јавноста во политичарите, но и меѓународниот кредибилитет на државата. Јавноста со право очекува нивната Влада да може да утврди кој влегува во нивната земја и кој мора да ја напушти, вели Махмуд. На состанокот со министрите за внатрешни работи од балканските земји таа денеска ќе повика на заеднички напори за запирање на ...

До сите тие млади луѓе на ТикТок, јас го спасив ТикТок и затоа вие сте ми должници, порача претседателот Трамп во својот прв пост на платформата откако ја потпиша извршната наредба за преземање од американски сопственици. Џек Адвент, 22-годишниот поранешен менаџер за социјални медиуми на претседателот, ја поддржува идејата Трамп да го постави својот 19-годишен син на раководна позиција во ТикТок, за да ја приближи уште повеќе платформата до ...

Некспериа ќе го продолжи своето производство во погоните во Нијмеген, но холандската влада ќе има моќ да блокира и да поништува менаџерски одлуки ако ги смета за „загрозувачки“. Директорот Џанг Сјуеженг бил суспендиран, а подоцна и отстранет од позицијата со одлука на Претприемничката комора на Апелациониот суд во Амстердам. За да ја преземе контролата, холандската Влада првпат во историјата се повика на Законот за достапност на стоки од 1952 ...

Ова е исклучително глупав потег Европа да го направи: холандската влада буквално украде водечка кинеска компанија за полупроводници, барем нејзините меѓународни операции. Тие веројатно дејствуваат во координација со Вашингтон, бидејќи тоа се случи истовремено со новото „правило од 50%“ на Трамп, кое ги додаде сите подружници на компаниите од „Листата на ентитети“ на американската листа санкционирани (што е случај со Wingtech Technology, ...

Пратеникот Хуго Ерик Флорес Сервантес го опишува системот во Мексико како превртена пирамида на моќта. Бандите ја градат својата моќ од најмалите локални заедници за да ја прошират контролата. Да не се лажеме. Организираниот криминал назначува градоначалници. На почетокот финансираа политички кампањи, а сега тие се владетели, предупредува Флорес, адвокатот со докторат од Харвард. Доналд Трамп прогласи неколку мексикански банди за терористички ...

Хегсет ги предупреди медиумите дека ако до денеска не ги потпишат новите правила за известување, ќе имаат рок од 24 часа да ги вратат акредитациите и беџевите за влез во Пентагон и да ги испразнат своите работни простории. Њујорк тајмс, Вашингтон пост, Ројтерс, Асошиетед прес, Атлантик веќе објавија дека не ги прифаќаат ограничувањата. Неочекувано им се придружи и конзервативната телевизија Њузмакс, која ја брани администрацијата на Доналд ...

Пресудата би можела да има далекусежни ефекти за Мајкрософт и неговите обврски да ги информира корисниците на софтверот 365 низ цела Европа и да им објасни како ги користел нивните податоци, наведува организацијата за дигитална приватност noyb, која ја покрена постапката. Жалбата датира од пандемијата ковид-19, кога училиштата целосно се префрлија на онлајн настава, користејќи програми како 365 Education. Кога организацијата побарала одговор кои ...

Секоја шеста инфекција во болниците била предизвикана од бактерии отпорни на антибиотски третмани во 2023 година, наведува СЗО. Повеќе од 40% од антибиотиците ја изгубиле својата ефикасност против вообичаени инфекции на крвта, цревата, уринарниот тракт и сексуално преносливи инфекции помеѓу 2018 и 2023 година. Проблемот е најтежок во земјите со ниски и средни приходи и во оние со недоволно ефикасни здравствени системи. Секоја трета инфекција во ...

Според проценките на Обединетите нации, 57% од светската популација сега живее во градски средини. Оваа бројка би можела да се зголеми на 68% до 2050 година, поттикната од континуираната урбанизација во најсиромашните земји во светот, главно во Азија и во Африка, се предупредува на Светскиот ден на живеалиштата. Во Јапонија, Британија или Бразил, урбаното население ќе надмине 90% од вкупното. Западна Европа и САД ќе се приближат до ова ниво, а ...

Одлуката на холандскиот суд претставува преседан бидејќи директно ја оспорува практиката на автоматско алгоритамско прикажување на содржината како „стандарден“ избор. Доколку одлуката преживее во повисоките судови, таа би можела да влијае на начинот на кој функционираат социјалните мрежи низ цела ЕУ. Според пресудата, Мета мора да им дозволи на корисниците во Холандија како траен стандарден избор, а не само привремена алтернатива, да изберат ...

Бројот на бебиња родени во семејства на странски државјани во Јапонија лани се искачил над 20.000, односно на 3% од вкупниот број новороденчиња, соопшти Министерството за здравство. Економскиот весник „Никеи“ ја оцени оваа вест како благодет, истакнувајќи дека „децата од странците помагаат да се надмине кризата со намалениот наталитет меѓу Јапонците“. Конзервативците, пак, ова го сметаат за закана и бараат построги правила за имиграција и за ...

Донацијата од 1 милион фунти што на Џонсон му ја дал неговиот спонзор Кристофер Харборн е најголемата во историјата за некој член на Долниот дом на Парламентот. На Џонсон му била исплатена веднаш штом ја напуштил функцијата во 2022 година и станал пратеник до крајот на 2023 година. И Џонсон и Харборн одбиваат да кажат која била целта на донацијата. Во своја истрага весникот „Гардијан“ заклучува дека таа е мито за услуга. Харборн поседува 13% од ...

Била спроведена студија која опфатила над 2.000 возрасни лица на возраст меѓу 50 и 80 години, истата онаа генерација што биле деца или млади кога ултрапроцесираната храна почнала да се појавува на полиците во супермаркетите. Околу 12% ги исполнувале критериумите за зависност. Меѓу жените на возраст меѓу 50 и 64 години, речиси една четвртина биле зависни. Генерално, жените имале стапка на зависност од 17% во споредба со 7,5% кај мажите. Жените ...

Бостонскиот Центар за глобална развојна политика тврди дека нето-трансферите на долгот кај земјите во развој, односно разликата помеѓу новите исплати на заеми и отплатите на каматата на главнината, во 2022 и во 2023 година преминале во минус. Овие земји во тој период годишно отплаќале 3,9 милијарди долари повеќе отколку што позајмувале. Кина, најголемиот билатерален кредитор во светот, историски играше клучна улога во финансирањето на ...

Судијата Бенетан оцени дека Хамит Џошкун, кој претходно доби прекршочна казна поради палењето на Куранот, не го насочил својот чин кон некое лице и имал право да навредува. Живееме во либерална демократија. Едно од скапоцените права што таа ни ги дава е слободата да ги изразиме сопствените ставови и да читаме, слушаме и да разгледуваме идеи без државата да интервенира за да нè спречи во тоа. Цената што ја плаќаме за тоа е да им дозволиме на ...

Традиционалните методи на литиумски батерии бараат постојан притисок од гломазна надворешна опрема, што ги прави батериите премногу големи и тешки за практична употреба. Кинеските научници развија самоадаптивна меѓуфаза кај литиумските батерии во цврста состојба која одржува близок контакт помеѓу литиумската метална анода и цврстиот електролит без надворешен притисок. Истражувачите од Институтот за физика на Кинеската академија на науките (CAS), ...

Поддржуваме развој на законски процедури за признавање на полот врз основа на самоопределување, без какво било ограничување на возраста, пишува во документот „Стратегија за еднаквост на ЛГБТИКју+ лицата за периодот од 2026 до 2030 година“ на Европската комисија. Брисел воедно се заканува со казни – со блокирање на средствата од ЕУ за „дискириминаторските“ региони што одбиваат да се усогласат со новите вредности. Стратешкиот документ ги критикува ...

Уште во 2006 година Централната банка на Русија се префрли од нето-продавач на злато во нето-купувач и успеа да собере една од најголемите залихи во светот. Резервите на злато се дел од планот на Путин да изгради економија на „тврдина Русија“ отпорна на санкции. Златото во средата првпат скокна на над 4.000 долари, со што добивките се над 50% само во оваа година. Залихите на Русија од 2.326,5 тони злато сега вредат нешто над 302 милијарди ...

Откако ја стави Антифа на листата домашни терористички организации, претседателот Доналд Трамп им наредил на федералните агенции да спроведат координирана акција за да ги пронајдат тајните извори на финансирање на сите радикални непрофитни движења што организираат протести низ Америка. Во кампањата се вклучени државната обвинителка Пам Бонди, министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем и директорот на ФБИ, Кеш Пател. Шејмус Брунер, директор ...

Секој ден има по еден или два од сателитите на Старлинк што паѓаат кон Земјата, тврди истакнатиот астрофизичар од Смитсонијан, Џонатан Мекдауел. Тој предупредува дека овој број ќе продолжи да се зголемува поради тоа што илјадници сателити влегуваат во доба на пензионирање, а компанијата на Маск сè уште ја проширува својата мрежа. Само во текот на оваа година Спејс Икс лансираше повеќе од 2.000 нови сателити. Во трката се вклучија конкуренти што ...

Градскиот совет на Салцбург го одобри контроверзниот проект за изградба на подземна гаража во ридот под дворецот Пашингер Шлесл и за пробивање тунел од неа до центарот на градот. Волфганг Порше, сопственикот на дворецот, добил дозвола од Комисијата за градба и веќе почнале првичните градежни работи. За користење на јавното земјиште платил смешна сума од 48.000 евра. Волфганг Порше (82), е внук на Фердинанд Порше - основачот на познатата марка ...

Постојат две студии кои покажуваат дека децата кои се обрежани во најрана возраст имаат двојно поголема стапка на аутизам, што е многу веројатно, бидејќи им е даден Тиленол, му рекол Роберт Кенеди Џуниор на претседателот Трамп на состанокот на кабинетот во четвртокот. Министерот за здравство не објасни на кои студии се повикува. Во студија од 2013 година американски научници прв пат идентификувале корелација помеѓу неонатално обрежување со ...

На 70 годишнината од денес владеачката јапонска Либерално-демократска партија, за лидер беше избрана 64 годишната Санае Такаичи со што се отвора патот таа да стане првата жена премиер на Јапонија. Поранешната министерка и ТВ новинарка, а некогаш и тапанарка во хеви метал бенд, сега ќе се соочи со предизвикот да води не само партија која се бори да ја врати довербата на гласачите по скандалите и борбите со крајната десница - туку и земјата која ...

Користејќи Баесова невронска мрежа (која може да квантифицира неизвесности) „нахранета“ со милиони пакети податоци за црни дупки собрани од телескопот Event Horizon, италијански научници анализирале дали овие масивни тела може да обработуваат информации на начин сличен на биолошките мозоци. Во својот труд објавен во списанието Frontiers of Physics, тие тврдат дека забележале огромни сличности помеѓу космичката мрежа на галаксии и мрежата на ...

Дваесет и седумгодишната Шерјехон Османова официјално си го променила името во Шерје Шојгу, за да не се посомнева некој во нејзиното потекло. Шојгу е карактеристично презиме за етничката група Туван – турски народ од Сибир. За да биде измамата уште поверодостојна, и нејзиниот сопруг го променил презимето. Нејзината измама била класична. Ги убедувала своите потенцијални жртви е внука на министерот и дека нејзиното семејство поседува сопствена ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
74%
1008
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 6ᴼ
6.69
81%
1011
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.33
89%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
96%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
91%
999
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
8.23
87%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
86%
1011
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.5874

Цинк

3.24

Никел

471972.96

Рутениум

29192.88

Паладиум

45879.12

Родиум

255598.44

Иридиум

145787.60

Злато

135322.28

Калај

40.11

Сребро

1837.41

Платина

53106.37

Алуминиум

2.89

Кобалт

55.67