Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Под притисок од белгискиот премиер Барт де Вевер, ЕУ го одложи за самитот во декември прашањето за финансирање на обновата на Украина со руски пари. Десничарскиот фламански националист предупредува дека грабањето туѓи пари носи огромни финансиски и правни ризици за Белгија, каде што се чуваат повеќето руски средства. Оваа целосно луда идеја ќе ги оставеше Белгијците на цедило. Жал ми е што сега вперуваат со прст кон нас затоа што не се ...
Во 19-от пакет санкции за Москва откако почна руската воена инвазија врз Украина, Европската Унија вклучи и забрана за увоз на ВЦ шољи, бидеа, цвеќиња, мов, точачиња за деца, сложувалки и моторизирани пластични играчки. Фактот дека забранија увоз на нашите шољи ќе ги чини скапо. Мислам дека ќе им требаат ако продолжат со истите политики кон Руската Федерација, изјави Путин. Putin breaks silence on EU's flush-trating BAN on TOILETS to Russia ...
Со компјутерски моделирања направени се стотици студии за распрснување ситни аеросоли (SAI) во стратосферата, кои би ги рефлектирале сончевите зраци, би фрлале невидлива сенка на Земјата и така би ја заштитиле од глобалното затоплување. Експертите од Универзитетот Колумбија предупредуваат дека реалните услови во природата не дозволуваат контролирање на овој теоретски процес. Дури и најнапредните симулации се идеализирани. Реалната ситуација е ...
„Економист“ тврди дека легализацијата на кокаинот нуди многу предности за општествата, но додава дека оваа идеја сè уште не е прифатлива за политичарите и нивните гласачки бази во повеќето земји. Единствениот и најефикасен начин за намалување на убиствата, насилството и корупцијата би бил легализирање и регулирање на производството и потрошувачката на кокаин. Ова би ја спуштило цената, а со тоа и потенцијалниот профит од шверцот, кој е главниот ...
Клетките на нашето тело постојано се под дејство на внатрешни и надворешни фактори што може да ја оштетат структурата на ДНК, што се одразува и врз стареењето и врз развојот на рак. Матичните клетки имаат способност да се самообновуваат и да преземаат различни улоги, во зависност какви клетки му се потребни на организмот. Во овој контекст, истражувачи од Универзитетот во Токио анализирале матични клетки што произведуваат зрели меланоцити (McSCs) ...
Овој глобален стриминг сервис работи во Бразил уште од од 2011 година и има голем пазар од преку 20 милиони претплатници). Од друга страна, Бразил има сложен даночен систем со многу нивоа (федерални, државни и локални даноци), вклучително даночни права за услуги од забава и даноци на услуги). Нетфликс беше обвинет дека неправилно ги плаќал овие даноци, особено за приходи од претплати и дигитални услуги. Тоа го чинеше непланиран расход од близу ...
Еуростар нарачал вкупно 30 двокатни возови, со опција да купи уште 20. Првите шест треба да бидат оперативни од мај 2031 година. Ова ќе го зголеми капацитетот за транспорт на патници, но ќе овозможи и постепено ослободување од 34 возови од постарата генерација на „Алстом Авелија Хорајзон“, кои се во употреба од крајот на минатиот век. Еуростар ќе ја задржи флотата од 17 возови „Сименс е320“. Новите возови Целестија се долги по 200 метри и ќе ...
Првите протести поминале без инциденти, но синоќа група демонстранти со факели, камења и шишиња ги нападнале полициските кордони пред објектот за сместување азиланти во даблинскиот кварт Сагарт. Едно полициско возило било запалено. Полицијата привела шест лица. Десетгодишното девојче било сексуално нападнато додека било под државна грижа. Агенцијата за детска и семејна заштита објави дека девојчето „исчезнало“ на пат кон центарот на Даблин. ...
Интернетот се претвори во фабрика за содржини од вештачка интелигенција - и тоа неверојатно брзо. Како што алгоритмите сè повеќе го дефинираат дигиталниот наратив, предизвикот за луѓето не е да го запрат развојот на ВИ, туку да ги направат генерираните содржини транспарентни и да го одржат кредибилитетот на статиите создадени од луѓе, забележуваат авторите на истражувањето од Graphite.io. Анализата на повеќе од 65.000 URL-адреси во периодот од ...
Новиот извештај на Фондацијата за политика за глобално затоплување (GWPF) дава преглед базиран врз основа на податоци од набљудувања и докази за глобалните климатски трендови, а не од пресметки на климатски модели. Глобалната клима претставува многу сложен систем. Многу компоненти и нивните меѓусебни односи сè уште не се целосно разбрани или можеби дури и не се препознаени и затоа не се вклучени во климатските модели, наведува авторот Оле ...
Во експлозијата во комплексот Сазхаломбата на „МОЛ“, оддалечен дваесетина минути од Будимпешта, немало повредени лица, но најголемата рафинерија за нафта во Унгарија некое време ќе биде исклучена од погон. Оваа рафинерија ја преработува суровата нафта што Русија ја испорачува преку нафтоводот „Дружба“ и е клучен јазол во унгарската и во централноевропската енергетска мрежа. Нафтата рафинирана во Сазхаломбата главно ги снабдува домашните пазари, ...
Бројни студии покажуваат дека многу цицачи, вклучувајќи ги и луѓето, поседуваат биолошки алатки што се неопходни за состојба на успаност, но ни недостасува кодот што би можел да ги активира. Научниците притоа прават разлика помеѓу успаност и хибернација. Успивањето е краткорочно забавување на метаболизмот - ден или два, додека хибернацијата трае со недели или месеци. За време на успивањето, телото драстично ја намалува температурата, пулсот и ...
„Германија се врати!“ изјави Фридрих Мерц во мај, ветувајќи пред нацијата дека ќе ја изгради најмоќната армија во Европа, способна да ѝ се спротивстави на Русија. Повторно дозволи големи задолжувања и пренасочи трошоци кон одбраната. Потоа создаде специјален фонд од 500 милијарди евра за да ја зајакне критичната инфраструктура – патиштата, мостовите и пругите што се неопходни за брзо префрлање тенкови и војници кон источниот фронт, ако избувне ...
Имплантот е ултратенок безжичен микрочип со димензии од 2 на 2 милиметри и е двојно потенок од човечко влакно. Се вградува под мрежницата и безжично се поврзува со видеокамера на специјални очила. Уредот работи со видеокамера која ја снима сцената пред пациентот, а потоа вештачката интелигенција се користи за претворање на информациите во инфрацрвен сигнал кој се испраќа до имплантот. Тој ги ги стимулира неоштетените неврони на внатрешната ...
Ова беше важна недела за обидите на претседателот Доналд Трамп да ја заврши војната во Украина. По двочасовниот разговор со својот руски колега Владимир Путин тој во петокот во Белата куќа се сретна со украинскиот лидер Володимир Зеленски. Во оваа битка за наклонетоста од Трамп победи реалноста, која е сурова за Зеленски. Украинската делегација дојде во Вашингтон со надеж дека претседателот Трамп ќе го поддржи нивниот план да ѝ се вратат во ...
Луѓето со векови развиваат технологија што им овозможува да го пребаруваат и да го слушаат небото, очекувајќи сигнал од вонземна цивилизација. Со копнени и вселенски телескопи и радио-приемници што следат милијарди ѕвезди и планети досега имаме откриено повеќе од 6.000 егзопланети поволни за развој на живот и на цивилизации со кои би можеле да комуницираме. Човештвото упорно испраќа пораки, но досега не стигнал никаков одговор. Постојат неколку ...
Министерството за државна безбедност во Пекинг тврди дека американската Агенција за национална безбедност извршила долгорочен кибернетски напад врз кинескиот Центар за време, се пробила во системите на персоналот и презела доверливи информации. Податоци и акредитиви за вработените биле украдени уште во 2022 година, а потоа биле користени за следење на нивните комуникации преку мобилните уреди и мрежите. Центарот за време е многу битен ...
Новиот предлог за промена на правилата за членство во ЕУ е во рана фаза и би требало да биде одобрен од сите земји, според тројца европски дипломати и еден функционер на ЕУ запознаен со дискусиите. Иницијативата би им овозможила на земјите што се на пат кон членство, како Македонија, Црна Гора, Украина и Молдавија, да добијат повеќето од придобивките од членството во ЕУ, но барем во почетокот да немаат право на глас додека Унијата не го заврши ...
Австралиските тропски дождовни шуми во Квинсленд станаа првите во светот што се префрлија од апсорбент на јаглерод во извор на емисии поради сè поекстремните температури и посувите услови. Промената, која се однесува на стеблата и гранките на дрвјата (не и на кореновиот систем), започнал пред околу 25 години, според ново истражување објавено во Nature темелено на податоци од 50 години. Дрвјата складираат јаглерод додека растат а го ослободуваат ...
Новите податоци покажуваат дека странците сочинуваат значителен дел од луѓето што во Италија живеат во апсолутна сиромаштија. Во меѓувреме, сиромаштијата кај семејствата со двајца италијански родители се намалува. „Увезуваме сиромашни луѓе. Од вкупното имигрантско население, 35,6 проценти живеат во апсолутна сиромаштија. Оваа стапка е пет пати повисока од онаа на Италијанците“, пишува Маурицио Белпјетро од Ла Верита. Од 2,2 милиони домаќинства ...
Генералот Вилијам „Хенк“ Тејлор, командант на 8-та американска армија во Јужна Кореја, вели дека дека експериментира со генеративни чет-ботови со вештачка интелигенција за да го „изостри“ процесот на донесување одлуки. Тоа го прави при секојдневните обврски во канцеларија и се воздржува да ја користи на терен. Чет и јас станавме многу блиски во последно време. Како командант, сакам да бидам сигурен дека донесувам добри одлуки во вистинско време ...
Настанот се одржал со силно полициско присуство, додека про-палестинските демонстранти скандирале анти-израелски слогани пред зградата. Внатре, израелски адвокат зборувал за проблемот со сексуалното насилство поврзано со конфликти во неколку земји каде што жените биле цел на масовно силување и други видови сексуални напади. Една од организациите што повикале на откажување на настанот било феминистичкото друштво на универзитетот (?!). Ова не е ...
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон своевремено при посетата на Кина им порачал на кинеските власти: „Вие имате премногу инженери, а ние имаме премногу адвокати. Ајде да тргуваме!“. Ова повеќе не е шега. Кина денес има повеќе од 20 милиони инженери, повеќе од било која друга земја во светот. Педесет од нив се меѓу 200-те избрани делегати на Конгресот на комунистичката партија што имаат право да гласаат за новиот петгодишен план за ...
Германија е првата земја од Европската Унија што воспоставила врски со талибанските власти, иако официјално не ги признава за легитимни. По повлекувањето на американските сили од Авганистан, Берлин ги прекина дипломатските односи со Кабул. Наскоро ќе имаме договор што ќе ни овозможи да депортираме лица во Авганистан со редовни летови. Службеници веќе водеа технички разговори со властите во Кабул, изјави неодамна германскиот министер за внатрешни ...
Средовечната криза е период кога луѓето почнуваат да се плашат од стареење, но науката им дава утеха. Кај повеќето луѓе целокупното психолошко функционирање всушност достигнува врв на возраст помеѓу 55 и 60 години, покажува ново истражување. Луѓето во оваа категорија покажуваат најдобри резултати за решавање сложени проблеми и лидерство на работните позиции. Врвот на своите физички капацитети човекот го достигнува во средината на дваесеттите до ...
По неколкумесечни и жестоки политички расправи, гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом го потпиша контроверзниот Закон 715, со кој се воведуваат ограничувања во изразувањето во училиштата за да се спречи антисемитизам. Еврејското лоби тврди дека законот ќе ги заштити еврејските ученици од малтретирање и дискриминација, понекогаш и од наставниците. Според извештај на државното Министерство за правда, двојно биле зголемени инцидентите со ...
„Милитаризираната Русија претставува постојана закана за европската безбедност во догледна иднина“, наведува Европската комисија во Стратегијата за целосна ревизија на военото планирање и набавките. Амбициозниот петгодишен план на ЕУ за вооружување би требало да почне веќе во следните месеци, со заеднички проекти за беспилотни летала и за противвоздушна одбрана, а да заврши во 2030 година, кога Европа би имала капацитет воено да ѝ се ...
Автомобилите што возат и на електрични батерии и на мотори со внатрешно согорување (PHEV) се промовирани од европските производители на автомобили како „начин да се патува подалеку без запирање, за разлика од целосно електричните автомобили, а сепак да се намалат емисиите на штетни гасови“. Тоа е голема измама. Анализа на непрофитната група Транспорт и животна средина покажува дека овие хибриди испуштаат само 19% помалку CO2 од автомобилите со ...
Европската комисија најдоцна до вчера требаше да пресече кои членки се најоптоварени со новиот мигрантски бран и каква помош треба да добијат. Но, поради жестоката расправа, заклучокот е одложен. Новиот закон на ЕУ за азил и миграција – усвоен во 2023 година, мора да биде спроведен најдоцна до јуни 2026 година. Според договорената рамка, Комисијата треба да објави кои земји се под миграциски притисок, а владите на другите земји се обврзани или ...
Молекуларниот биолог Макс Ремпел, кој ги идентификувал ненаследните секвенци, смета дека тие имаат вонземно потекло, а луѓето што ги носат во себе ги нарекува хибриди. Ремпел анализирал генетски податоци од 581 семејство опфатено во Проектот 1.000 Геноми – јавно достапна база на податоци за човечки генетски информации. Во 11 од овие семејства, тој пронашол долги секвенци на ДНК кои не биле наследени од ниту еден од родителите. Вкупно биле ...