Во анкета на платформата Дизер и агенцијата Ипсос, од близу 9.000 луѓе во САД, Канада, Бразил, Британија, Франција, Германија, Холандија и Јапонија било побарано да слушнат песни и да кажат дали се генерирани од вештачка интелигенција. Само 3% имале доволно остро уво за да направат разлика, а другите 97% го утнале правилниот одговор. Повеќе од половината анкетирани изразиле загриженост дека многу скоро етерот ќе биде преплавен од вештачки песни. ...
Битолската група „Фонтана“, позната по своите уникатни изведби кои ја спојуваат традиционалната македонска музика со елементи на светска музика и џез, ќе настапи заедно со турската пејачка со македонски корени, Гамзе Метраџи, на 17. Фестивал на музика од светот, кој ќе се одржи на 27 ноември во Битола. Концертот ќе започне во 20 часот во Центарот за култура во Битола, кој е и организатор на фестивалот. Настанот ветува вистинско музичко ...

