Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Поттикнати од статистичките податоци дека жените во просек живеат подолго од мажите без оглед на географските и социјалните услови, научници од Институтот Макс Планк за еволутивна антропологија го прошириле спектарот на истражување кај 1.176 видови цицачи и птици. Навистина е чудно што жените живеат подолго во речиси секоја земја во светот. Затоа бевме заинтересирани да го разгледаме ова од поширока таксономска перспектива, вели Јохана Штерк, ...
Имигрантите во Холандија досега можеа да покренат процес на натурализација по пет години постојан престој во земјата. Властите проценуваат дека тоа не е доволно време за интеграција во системот и бараат рокот да биде зголемен на една деценија. Со продолжување на периодот на натурализација од 5 на 10 години, ние осигуруваме дека луѓето имаат посилна врска со нашето Кралство, дека се навистина добро интегрирани и дека можат целосно да ...
Со иницијативата за засилена лојалност ќе бидат опфатени сите цивилни и униформирани службеници во Пентагон, односно околу 5.000 луѓе - од канцелариски асистенти до генерали со четири ѕвездички, изјавиле два анонимни извори за Вашингтон пост. Сите офицери, функционери, службеници и лица ангажирани на договор во Министерството за одбрана и во Здружениот Генералштаб ќе бидат обврзани да потпишат договор кој строго забранува откривање информации ...
Во изминатите месеци бројот на поединечни тужби поднесени од жени во САД против Фајзер се зголемил тројно на повеќе од 1.300. Адвокатската канцеларија Левин Папантонио, која ја покренува колективната тужба, очекува бројот на оштетени жени да се искачи на помеѓу 5.000 и 10.000. Потенцијалната сума на бараната отштета ќе биде неколку милијарди долари. Студија објавена во Британскиот медицински журнал во март 2024 година покажа дека продолжената ...
Кога манипулираната клетка од кожа биле оплодена со сперма, таа почнала да се развива во ембрион, но експериментот бил запрен на шестиот ден – во моментот кога при класично ин витро оплодување ембрионот би бил префрлен во матката. Авторите на истражувањето од Универзитетот за здравство во Орегон укажуваат дека е малку веројатно дека ембрионот би се развивал во матката. Сепак, велат дека техниката еден ден би можела да се примени како алтернатива ...
Обемната анализа „Зелено во сиво“, спроведена од новински куќи во соработка со научници од норвешкиот институт за природна средина, опфатила 96% од површината од 39-те земји во Европската агенција за животна средина. Од вкупно 9.000 квадратни километри изгубена зелена површина во периодот од 2018 до 2023 година, дури 1.800 биле во Турција. Во Полска се уништени повеќе од 1.000 квадратни километри, во Франција 950, во Германија 720 и во Британија ...
Следбениците на Трамп неговите судски/вонсудски победи над платформите кои го исфрлија го толкуваат како триумф на слободата на говорот и правичен епилог после неколку години нефер третман. Други пак, тоа го гледаат како вообичаен корпоративен инстинкт за преживување или менаџирање на штетата. Кога политичките тектонски плочи се помрднуваат, тие по дефиниција се спремни да платат за својот деловен мир, ако претходно се навалиле на погрешна ...
Унгарскиот премиер Орбан има тивка поддршка од неочекувани сојузници во блокадата за прием на Украина и на Молдавија во Европската Унија. На Брисел и на низа европски лидери им е важно проширувањето кон Исток, мнозинството не се согласува со политиките на Будимпешта, но и не сакаат да биде укине принципот на едногласност за овие прашања. Спроти самитот на ЕУ во Копенхаген, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, лобираше кај европските ...
„Мислам дека имаше многу генерали кои седеа таму и си мрмореа, патував 13.000 километри за да го слушнам ова?“, ja сподели на CNN својата фрустрација пензионираниот бригаден генерал Стив Андерсон, еден од стотиците генерали и адмирали кои беа свикани лично на брифинг кај надлежниот министер за војна Пит Хегсет. На добар дел од нив, наместо на стратешки брифинг каков што очекувале, настапот на Хегсет им личел на партиски говор. „Можеше ова да го ...
Фајзер е првиот американски производител што прифатил да се вклучи во пошироката шема на администрацијата на Доналд Трамп насочена за подобра здравствена грижа на граѓаните, но и за заштита на фармацевтската индустрија. Помина времето кога САД го субвенционираа здравственото осигурување за остатокот од светот. Со овој смел чекор ја завршуваме ерата на глобално зголемување на цените на сметка на американските семејства, изјави Трамп. Лекови што ...
Петнаесеттото затворање на федералната администрација на САД по 1981 година создава општа несигурност, итно ќе се одрази на владините услуги и ќе има долгорочни последици врз економијата. Не се знае до кога владата ќе биде блокирана. Независни аналитичари укажуваат дека поради длабоките политички поделби ова затворање може да биде подолго од 35 дена, колку што траеше досега најголемото, за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп во ...
Премиерот Кир Стармер објави дека дигиталните лични карти ќе помогнат во решавањето на проблемот со нелегалната имиграција во Британија. „BritCards ќе го оневозможат нелегалното работење и ќе ги направат нашите граници побезбедни, рече тој. Застапниците тврдат дека дигиталната лична карта ќе ги принуди работодавците да го проверат имиграцискиот статус на своите работници, иако веќе се обврзани да го сторат тоа. Присуството или отсуството на ...
Хируршкиот лепак Bone-02 бил успешно тестиран на 150 пациенти со скршеници, тврди истражувачкиот тим од Медицинскиот факултет на Универзитетот Жеџијанг. Три месеци по употреба кај пациент со скршен зглоб снимките покажале дека фрактурата целосно заздравела без компликации. Конвенционалниот третман на фрактури бара фиксирање на коските со метал, што го отежнува прецизното усогласување на малите коскени фрагменти и одзема многу време. Во тој ...
Фирмата за приватен капитал „Афинити Партнерс“ на Џаред Кушнер е во меѓународниот конзорциум што го купува калифорниското студио за видео-игри Electronic Arts (ЕА), заедно со Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (ПИФ) и американската фирма „Силвер Лејк“. Ова е најголемата инвестиција во која е вклучен „Афинити партнерс“ основан во Мајами пред само четири години. Кушнер, кој е во брак со Иванка Трамп од 2009 година, му беше советник на ...
За да запре геноцидот, Трамп и Нетанјаху бараат следново: 1. Палестинците мора да се согласат да се откажат од какви било политички или човекови права и да бидат анектирани од Доналд Џ. Трамп, кој потоа ќе го назначи за администратор на Газа Тони Блер, поранешниот британски премиер чии експлоатирања во Ирак го изложија на веродостојни обвинувања за воени злосторства; 2. Обединетите нации немаат никаква улога освен за дистрибуцијата на ...
Мигрантите што нема „особено значително“ да ѝ се оддолжат на заедницата финансиски или преку добротворни активности, ќе мораат да чекаат десет години за да го добијат статусот „неопределен легален престој“ (ILR), наместо сегашните пет години, предупреди министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд. Нивниот придонес ќе биде вреднуван врз основа на систем со поени. На мигрантите со најслаби резултати, кои воопшто не придонесуваат за заедницата, ...
Голема мака на Трамп му остана тоа што до 10 октомври, кога ќе биде прогласен годинешниот добитник на Нобеловата награда за мир, нема да ја запре војната помеѓу Русија и Украина, а во кампањата се фалеше дека тоа како претседател може да го направи „за 24 часа“. За свои миротворни трофеи тој ги смета помирувањата на Србија и Косово (!?), Иран и Израел, Индија и Пакистан, Египет и Етиопија (!?), Ерменија и Азербејџан, Тајланд и Камбоџа, ДР Конго ...
Официјални службени белешки откриваат дека поранешниот лабуристички премиер го упатил актуелниот министер за бизнис Питер Кајл да се консултира со технолошкиот институт на Оксфорд основан од Лари Елисон – газдата на Оракл, кој донираше 257 милиони фунти во Институтот за глобални промени „Тони Блер“. Оракл е водечка светска компанија за софтвер и бази на податоци, кои се нужни за да профункционира новиот систем за лични карти, чија вкупна ...
Просечните финансиски средства по глава на жител во Хрватска се зголемиле од околу 13.000 евра во 2015 година на приближно 27.000 евра по глава на жител во 2024 година, покажува редовниот извештај за глобалното богатство на „Алијанц“. Само минатата година, бруто-финансиските средства на хрватските домаќинства се зголемиле за 9,9 проценти. Со нето-финансиски средства од 19.950 евра по глава на жител во 2024 година, Хрватска е на 31-то место на ...
Со три високи кули и огромна површина огледала, кои компјутери автоматски ги насочуваат кон Сонцето, футуристичката централа Ајванпах во калифорниската пустина своевремено беше најголемата соларна електрана во светот. За изградбата од 2010 до 2014 година беа потрошени 2,2 милијарди долари. Владата го обезбеди поголемиот дел од средствата. Во 2011 година Министерството за енергетика на САД под претседателот Барак Обама одобри кредит од 1,6 ...
Партијата Акција и солидарност (ПАС) на претседателката Маја Санду освои 50,3% од гласовите, што ѝ даваат 55 од вкупно 101 место во Парламентот. Блокот партии што бараа поблиски односи со Русија освои 24,26% од гласовите, односно 26 места. Стабилното мнозинство ѝ овозможува на владата да продолжи со напорите за да обезбеди членство во Европската Унија веќе во 2030 година, како што најавува ПАС. Во кампањата изборите беа претставени како најважен ...
Ако лидерите на Хамас ја завршат војната, ако го ослободат сите живи заложници и ако сакаат да ја напуштат Газа, ние ќе ги пуштиме, изјави Нетанјаху во интервју за Фокс њуз, коментирајќи го новиот американски план со 21 точка за крај на војната и пат кон идна палестинска држава. Според американскиот план, откако ќе бидат ослободени заложниците, членовите на Хамас кои ќе се обврзат на мирен соживот ќе добијат амнестија, а оние што сакаат да ја ...
Неодамнешна студија објавена во списанието „Неврологија“ укажува на поврзаност помеѓу консумирањето на неколку вообичаени вештачки засладувачи и забрзаниот когнитивен пад. Претходни истражувања разгледуваа други здравствени влијанија на овие засладувачи а оваа студија конкретно го поврзува нивниот внес со мерливи промени во размислувањето и меморијата. Ова е важна студија, особено имајќи предвид дека болестите поврзани со возраста, како што се ...
Виетнамските комерцијални банки почнаа да отстрануваат над 86 милиони банкарски сметки откако Државната банка СБВ воведе задолжителна регистрација на корисниците со биометриски податоци – верификација со лице или со отпечатоци од прсти. Властите објаснуваат дека целта на новите мерки е спречување на измами, сајбер криминал и перење пари. Виетнам има околу 200 милиони банкарски сметки. По националната ревизија 113 милиони ќе останат активни. ...
Релативно новата и досега непозната хакерска група, која се нарекува Radiant објавила дел од украдените содржини на својата страница на даркнет – целосни профили на десет деца, вклучувајќи и фотографии. Групата се заканува дека ќе ги објави основните податоци на сите деца чии родители нема да платат откуп. Во порака до ББЦ, хакерите објасниле дека „не бараат огромна сума“ и дека „заслужуваат одредена компензација за тестот за пробивање на ...
По долго колебање, Унгарија прифати да учествува во плановите на Европа да крене ѕид што би ја штител од евентуална руска воздушна агресија. Ѕид од беспилотни летала за заштита од упади од небото е „непосреден приоритет и клучен елемент на одбраната на источниот дел од блокот, изјави еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус по состанокот со министрите од 10 членки, претежно од централна и источна Европа, плус Украина. Учесниците на состанокот ...
Внатрешни документи на фармацевтската компанија Johnson & Johnson, производителот на „тиленол“ (кај нас познат како парацетамол) покажуваат дека уште во 2018 година била признаена како „тешка“ загриженоста за поврзаноста на лекот користен во бременоста со нарушувања на развојот, како аутизам кај децата. Првите предупредувања од истражувања и од корисници ги добиле многу порано. Одделението „Јансен“ (фармацевтската гранка на Johnson & ...
Внатрешно истражување на Дојче банк укажува дека капиталните инвестиции во вештачката интелигенција се толку големи што ги спасуваат САД да не влезат во рецесија. Во белешките се предупредува дека сегашниот бум на технологијата „веројатно не е одржлив на подолг рок“. Анализа на фирмата Bain & Co. покажува дека околу половина од добивките на берзанскиот индекс S&P 500 оваа година се поттикнати од технолошките акции, но и проценува дека се ...
Кратерите на Месечината би можеле да содржат платина и други скапоцени метали во вредност од илјадници милијарди долари, покажува нова студија на астрономи. Тие сугерираат дека експлоатацијата на овие метали, кои ги нема многу на Земјата, би било економски поисплатливо отколку да се копаат од астероиди. Како што се трошат суровините на нашата планета, вселенското рударство привлекува сè поголем интерес. Со децении наназад се кројат планови за ...
Нема сомнение дека левичарските партии, вклучувајќи ја и мојата, со години се воздржуваа од загриженоста на луѓето околу нелегалната имиграција. Премногу лесно беше луѓето да влезат во земјата, да работат во сивата економија и да останат нелегално. Мора да бидеме апсолутно јасни дека справувањето со секој аспект од проблемот со нелегалната имиграција е од суштинско значење, напиша премиерот Стармер за Телеграф. Во обид да го одбрани рејтингот на ...