Мајкрософт објави дека израелската елитна разузнавачка служба „Единица 8200“ ги прекршила условите за користење, бидејќи претерала со количината на податоци што ја снима на клауд-платформата Азур. Соработката почнала во 2021 година по состанокот на директорот на Мајкрософт, Сатја Надела, со тогашниот командант на Единицата 8200, Јоси Сариел. Опремена со речиси неограничен капацитет за складирање и компјутерската моќ, Единицата 8200 изградила ...

Поранешниот британски премиер Тони Блер преку својот институт ТБИ веќе објави план каква треба да биде привремената управа на Газа во чувствителниот период откако Хамас ќе биде соборен од власт, а пред да биде воспоставена нова палестинска самоуправа. Придржувањето до овој план тој го поставува како услов за да ја прифати позицијата. Блер веќе обезбедил поддршка од влијателни личности од тесниот круг околу Доналд Трамп – од неговиот зет Џаред ...

Дури 76% од Американците се убедени дека претседателот Доналд Трамп не заслужил да добие Нобелова награда за мир, покажува нова анкета на „Вашингтон пост“ и „Ипсос“, спроведена две недели пред Норвешкиот комитет во Осло да објави кој е годинешниот добитник. Мнозинство од 60% не се задоволни од начинот на кој Трамп се обидува да ги притисне Украина и Русија да ја запрат војната, а речиси исто толкав процент ја оцениле за негативна неговата улога ...

Шемата за прочистување на грабнатите руски пари не е договорена до детали, но главната поента ја претстави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пред две недели. Основа на Заемот за репарации се руските средства што беа замрзнати во централниот депозитар за хартии од вредност „Euroclear“ во Белгија во 2022 година, кога почна руската инвазија врз Украина. Од вкупната сума од околу 210 милијарди евра, 175 милијарди созреале ...

Премиерката Мете Фредериксен во име на Кралството им се извини на жените на Гренланд за долгогодишната кампања за ограничување на домородната популација. Простете за неправдата што ви е нанесена, само затоа што бевте Гренландки. Жал ми е за сè што ви беше одземено и за болката. Во име на Данска, извинете, изјави Фредериксен. Таа потоа се прегрна со жртви на кампањата. Одговорност прифати и шефот на автономната влада на островот Јенс-Фредерик ...

Марија Брањас Морера живеела во Шпанија речиси 110 години. Преживеала две светски војни, Шпанската граѓанска војна и две пандемии - на Шпанскиот грип и на ковид-19. Во 2020 година се заразила со ковид и била најстар пациент во светот, но немала никакви симптоми. Единствените здравствени проблеми што ги имала во длабоката старост биле болки во зглобовите и губење на слухот. Кога лани починала на возраст од 117 години, нејзината биолошка возраст ...

Годишно се вадат околу 50 милијарди тони песок и чакал, од кои поголемиот дел се користи за градежни активности. Ова количество не е одржливо. Ако продолжи копањето со денешното темпо, ќе се предизвика неповратна штета на животната средина. Губењето на песок од океаните, реките и плажите може да доведе до прекумерни поплави и деградација на морските екосистеми. Тоа ги загрозува крајбрежните заедници и инфраструктурата. Плус, копањето песок во ...

Револуционерниот третман за Хантингтоновата болест е генетска терапија преку деликатна операција на мозокот што трае 12 до 18 часа. Професорката Сара Табризи, директорка на Центарот за оваа болест на Универзитетскиот колеџ во Лондон, го опиша забавувањето на клиничката прогресија од 75% како „спектакуларен“ резултат. Хантингтоновата болест е предизвикана од грешка во делот од ДНК наречен „хантингтин ген“. Оваа мутација претвора нормален протеин ...

Просечната возраст на која младите во ЕУ ги напуштаат домовите на своите родители е 26,3 години, покажуваат новите податоци од агенцијата Евростат. Споредено со лани, на самостоен живот се решаваат еден месец порано, но просечната возраст варира низ годините, под влијание од економската ситуација, како и поради вонредната состојба што ја наметна пандемијата на ковид-19. Традиционално, свој дом најрано формираат младите во скандинавските земји. ...

Претставници на компанијата сослушувани пред Конгресот признаа дека отишле предалеку со забраната на содржини поврзани со пандемијата на ковид-19 и со резултатите од изборите во 2020 година. Од Јутјуб и од Гугл биле отстранувани содржини иако материјалот не ги прекршувал политиките на компанијата. Неприфатливо е и погрешно кога која било влада, вклучително и администрацијата на Бајден, се обидува да диктира како компанијата да управува со ...

Кабинетот на западната лондонска општина Хамерсмит и Фулам одобри повеќе од 3 милиони фунти за да ја подобри мрежата на камери за јавен надзор. Во овој кварт веќе има поставено 2.000 камери, повеќе во однос на бројот на жители отколку во кое било друго место во Британија. Ќе бидат инсталирани и нови, фиксни, а околу 500 ќе бидат надградени со вештачка интелигенција. Камерите за препознавање лица во живо ќе бидат инсталирани околу жариштата на ...

Макс Вебер, културен интелектуалец од почетокот на 20-ти век, суров меланхоличен реалист, пишувал колку било прекрасно да се доживее „големата и прекрасна војна“ и „колку било горчливо што неговата возраст го спречила да оди на фронтот.“ Во ниту еден момент Вебер и многу други Германци кои навивале за војната од тоа време не ја разгледале можноста војната да не заврши онака како што тие мислеле. Европа денес е во слична позиција. Како и Вебер, ...

Во Стратегијата на ЕУ за хемикалии, усвоена во 2020 година Европската комисија наведува дека „во согласност со меѓународните обврски ќе обезбеди опасните хемикалии забранети во Европската Унија да не се произведуваат за извоз“. Во изминатите години Европската комисија забрани домашна употреба на десетици видови пестициди, вклучувајќи ги хербицидот глуфозинат и фунгицидот манкозеб. На списокот се и хемикалии што се дозволени за користење од ...

Кога лани беше откриен, астероидот 2024 YR4 предизвика тревога меѓу астрономите и одделението на НАСА за планетарна одбрана. Центарот за идентификување и следење објекти што поминуваат близу Земјата ги процени на за нив високи 2,3% шансите дека астероидот може да ја погоди нашата планета во декември 2032 година. Со попрецизно следење на траекторијата, шансите за директен удар се намалија на незначителни 0,00081%, но на 4% се зголеми ризикот од ...

Одлуката на Нвидиа да вложи 100 милијарди долари во ОпенАИ е историски најголемата инвестиција воопшто во која било приватна компанија. Инвестицијата треба да му помогне на ОпенАИ да изгради центри за податоци со капацитет од најмалку 10 гигавати моќност - опремени со напредните чипови на Нвидиа за обука и развој на моделите со вештачка интелигенција. Синоќа било потпишано писмо за намери за стратегиско партнерство. Парите ќе бидат испраќани во ...

Обединетото Кралство, заедно со Канада, Австралија и Португалија, официјално ја признаа Палестина како суверена држава, како увертира во поширокото признавање од Франција и многу други земји на Генералното собрание на Обединетите нации. Уште кога Париз и Лондон ја соопштија таа намера пред неколку месеци, палестински адвокати од иницијативата „Британија ѝ е должна на Палестина“ ги разгледуваа можните правни потези. Поради чувствителноста на ...

Министерството за надворешни работи на Индија предупреди дека одлуката на Доналд Трамп да наметне такса од 100.000 долари за апликациите за визата Х-1Б, може да создаде „хуманитарни последици“ и да руши семејства. Одлуката на Трамп претставува најдраматичната промена на оваа програма последниве децении; тоа е категорија визи на која во голема мера се потпираат индиските професионалци кои работат во технолошкиот сектор на Америка. ...

Домаќинства со вкупно 4,2 милиони луѓе во Германија во изминатата година не ги платиле редовно сметките за потрошена енергија или за комунални услуги, покажуваат статистички податоци. Тоа е околу 5% од вкупната популација. Во претходната година бројките биле уште полоши. Заостанати сметки за струја имале 5,4% од граѓаните. Статистичарите објаснуваат дека најпогодени биле семејствата и лицата што живеат под кирија, кои имале двојно повеќе ...

Училиштето во Голај секоја година губи по десетина деца, едвај по некој влегува во селските продавница и нема кој да работи на нивите. Нема семејство што не испратило деца во Англија, главно по нелегален пат – скриени во камиони или со чамци преку Ламанш. Градоначалникот на блискиот град Хас, наречен и „Мал Лондон“, вели дека нема семејство што нема по еден до тројца членови што живеат во Британија. Во врвот на егзодусот во 2022 година, заминале ...

Во Дебрецен, Унгарија, тимовите од по двајца натпреварувачи од разни земји мораа да ископаат гроб од 2 метра должина, 80 сантиметри широчина и 1,6 метри длабочина – вкупно околу 2,5 кубни метри земја. Веднаш потоа, ја пополнуваат дупката и треба да формираат уредна могила. Судии ги оценуваат на скала од 10 поени врз основа на брзина, точност и „уметнички впечаток“ односно презентација: чистите рабови, рамните ѕидови и естетската завршница се ...

Резултатите од две големи анкети објавени спроти 80-то Генерално собрание на Обединетите нации се јасно предупредување до лидерите на 193-те членки дека попусто се собираат еднаш годишно во Њујорк и држат говори, кога ништо од тоа ОН не може да го спроведат во дело. Иако со години наназад се потврдува дека од добрите намери на лидерите нема никаков ефект, граѓаните и натаму веруваат дека на светот му се потребни силни меѓународни институции. ...

Војната во Газа секако нема да запре откако Франција, Белгија и други земји денеска пред Обединетите нации ќе им се придружат на Британија, Австралија, Канада и Португалија, кои вчера ја признаа Палестина. Со симболичниот чин на признавање, лидерите на овие држави настојуваат да ја покријат сопствената немоќ порешително да се спротивстават на геноцидот што Израел го спроведува во Газа. Сè додека нема конкретни акции, како санкции и ембарго за ...

Трамп го објави откритието за аутизмот говорејќи на комеморацијата на Чарли Кирк. Утре ќе имаме едно од најголемите соопштенија... медицински, мислам, во историјата на нашата земја... Мислам дека пронајдовме одговор на аутизмот, изјави Трамп. Основа на тврдењето на Трамп е ново истражување и анализа за употреба на ацетаминофен кај бремени жени. Студијата спроведена од научници од Харвард и од институтот Маунт Синај покажува дека употребата на ...

Човечкиот цревен микробиом е дом на трилиони микроорганизми кои се неопходни за целокупното здравје. Тоа вклучува разградување на влакна, регулирање на метаболизмот, поддршка на апсорпцијата на хранливи материи, синтетизирање на витамини, контрола на воспаленијата, борба против патогени.... Цревата имаат дури и директна врска со хемијата на вашиот мозок. „Нездравиот микробиом може да придонесе за проблеми со варењето и воспалителни состојби во ...

Истражувачкиот тим кој ги објави своите наоди во среда во списанието Science Advances, анализирал 21 вид овошје што редовно го јадат шимпанзата во Уганда и Брегот на Слоновата Коска за да ја измерат содржината на алкохол. „На сите локации, машките и женските шимпанза консумираат околу 14 милилитри чист етанол дневно преку нивната исхрана, што е еквивалентно на еден стандарден американски пијалок“, изјави еден од екипата. „Кога тоа ќе се ...

Во студија објавена во списанието Public Library of Science пред пар години, истражувачите откриле дека силата и рамнотежата потребни за оваа поза се меѓу првите што исчезнуваат со текот на годинитт. Тие откриле сериозен пад на оваа способност после 65-годишна возраст, при што многу постари учесници се мачеле да ја држат позата повеќе од две секунди. „Наодите сугерираат дека времетраењето на вежбата за стоење на една нога може да послужи како ...

Само една четвртина од Американците се убедени дека нивната земја се движи во правилна насока, покажува првата обемна анкета спроведена по убиството на Чарли Кирк. На истото прашање во анкетата на AP-NORC во јуни, 40% се изјасниле позитивно. Падот на оптимизмот е особено впечатлив меѓу регистрираните републикански гласачи. Во јуни 70% ја гледале земјата на вистинската патека, а сега во тоа се убедени едвај 50%. Меѓу оние помлади од 45 години, ...

Губењето на инсектите во клучните области низ целиот свет во минатото се припишуваше на намерното намалување на биодиверзитетните живеалишта и промените во локалната клима. Ново истражување покажува дека популациите на инсектите се протегаат далеку од сферите на непосредно влијание на човекот. Откриени се историски траги за намалување на бројот на мравките на пацифичкиот архипелаг Фиџи откако луѓето го населиле пред околу 3.000 години. Тешко е ...

Кога по седум години низ него ќе помине првиот воз, Бренер ќе биде вториот најдолг железнички тунел во светот, не сметајќи ги метроата. Главниот е во должина од 55 километри помеѓу Фортеца во Италија и Тулфес во Австрија, а заедно со сегашните до Инсбрук ќе се протега вкупно 64 километри. Проектот е кофинансиран од ЕУ и ќе чини вкупно 8,8 милијарди евра. Патувањето од Фортеца до Инсбрук ќе се скрати од 80 минути, преку превојот Бремер, на 25 ...

Советодавниот комитет за вакцини избран од американскиот секретар за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор им препорача на Центрите за контрола и превенција на болести да се имунизираат децата помлади од 4 години со посебни вакцини, една против MMR (мали сипаници, заушки и рубеола) и друга за варичела. Дискусиите за вакцината MMRV се фокусираа главно на ретки случаи на напади од треска поврзани со првата доза дадена на деца на возраст меѓу 1 и 2 ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
73%
1009
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1011
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
82%
1009
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
8.27
88%
1011
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.81
93%
997
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
100%
1005
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
7.72
80%
1013
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
89%
1012
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
67%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Паладиум

45879.12

Цинк

3.24

Бакар

10.76

Калај

40.11

Платина

53106.37

Рутениум

29192.88

Никел

471972.96

Злато

135322.28

Иридиум

145787.60

Кобалт

55.67

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.89