Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Министерството за правда синоќа го објави целосниот транскрипт на 300 страници и 11 аудио-снимки од сослушувањето направено на 24 и 25 јули. Бланш ѝ дал ограничен имунитет, за да може да зборува отворено, но не ѝ ветил никакви привилегии во замена за сведоштвото и за соработката со Обвинителството – ниту помилување ниту намалување на казната, како што се шпекулира во јавноста. Таа сега отслужува казна од 20 години затвор поради регрутирање ...
Обвинението против Шулц (43) било покренато во 2023 година, три години откако државната телевизија ABC објави прилог за нелегални дејства на австралиските сили во Авганистан. Во емисијата „Четири агли“ била прикажана снимка на која се гледа убиството на авганистанскиот земјоделец Дед Мохамед во покраината Урузган во јужниот дел на Авганистан. По 18-месечни одложувања од најразлични причини, окружниот судија Грег Грогин го предал Шулц на судење ...
Новата апликација за пораки Макс на државната технолошка компанија ВК беше промовирана во јуни. За два месеца ја инсталирале 18 милиони корисници. Од септември ќе биде вградена на сите нови мобилни уреди - и на телефони и на таблети. Независни новинари и аналитичари ја опишуваат Макс како руска верзија на кинеската платформа WeChat, која на властите во Пекинг им овозможи да ја засили контролата на сите онлајн комуникации и активности на ...
Претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп не кажаа ништо конкретно за деталите од тричасовниот состанок зад затворени врати во Алјаска пред една недела. Во најдеталното известување досега од Русија за понудата на Путин на самитот, Ројтерс ги исцрта контурите на она што Кремљ би сакал да го види во евентуален мировен договор за крај на војната во која загинаа стотици илјади луѓе. Руските извори велат дека Путин направил компромис во врска со ...
Газа страда од глад од највисока можна категорија. Интегрираниот систем за класификација на фазите на безбедност на храната (ИПЦ) соопшти дека 514.000 луѓе - речиси една четвртина од сите Палестинци во Газа - се соочуваат со глад. Тој број ќе се зголеми на 641.000 до крајот на септември ако итно не се овозможи доставување храна. Комитетот за преглед на гладот утврдил дека во губернијата Газа има глад од петта категорија. Без храна се 280.000 ...
Само во фискалната 2024 година, Стејт департментот издал близу 11 милиони привремени визи, оние кои не вклучуваат постојан престој или „зелени карти“. Огромно мнозинство од овие визи, 77 проценти, биле за бизнис или туризам а околу 7 проценти за студенти или академски лица и нивните семејства. Стејт департментот сега најавува дека ќе започне со нов процес на „континуирана проверка“ на оние кои веќе имаат визи која ќе им овозможи на службениците ...
Свен Либих, еден од најистакнатите германски неонацисти, доби право да ја отслужи затворската казна во женски затвор, каде што оценил дека полесни ќе ги помине 18-те месеци зад решетки. Откако беше осуден, во периодот на обжалување на пресудата го искористил новиот Закон за самоволен избор на полот, усвоен на 1 ноември 2024 година и само неколку недели подоцна се регистрирал како жена. Си ги променил сите документи на име Марла-Свенја Лајбих. ...
Кога казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев во 2021 година го посетил штабот на Европската комисија, тој не се сретнал со шефицата Урсула фон дер Лејен. Се упатил пет ката подолу, во канцеларијата на нејзиниот претходник Жан-Клод Јункер, кој остана да работи во Берлејмонт како „специјален советник“ без да зема плата. Една недела подоцна Јункер го посетил и казахстанскиот амбасадор Маргулан Бајмухан. Не се знае што разговарале, бидејќи ...
Бразилскиот Конгрес го суспендираше мораториумот за одгледување соја, што потенцијално им овозможува на земјоделците да „грабнат“ десетина милиони хектари од амазонската прашума. Бразил е најголемиот извозник на соја во светот. Мешунката, која се користи главно за храна за животни и риби, е една од најшироко одгледуваните култури во Бразил и претставуваше огромна закана за уништување на шумите на амазонските дождовни шуми сè до воведувањето на ...
Огромното количество вода што од стопената ледена покривка на Гренланд се излева во океанот ги меша хранливите материи и така поттикнува експлозивно цветање на фитопланктонот - микроскопски организми што се основата на морскиот живот, покажува ново истражување поддржано од НАСА и МИТ. Користејќи напредни компјутерски системи, научниците потврдиле дека стопениот мраз делува како „природно ѓубриво“ на океаните. Мешањето на свежата и солената вода ...
Преку половина од испитаните 831 млад човек, признале дека откако ќе влезат некаде да работат, нивните родителите ги контактираат нивните шефови барајќи напредување, слободни денови или зголемување на платата во нивно име. Истражувањето го спровел Њујорк Пост и покажало дека речиси на сите зумери, родителите им се активно вклучени во барањето работа, на 37% родителите им ги пишуваат CV-ата а на 73% им помагаат да ги завршат деловните задачи и ...
Двајца мажи во Австрија потпишале договор во кој прифатиле во случај на спор да решава арбитражниот трибунал врз основа на исламскиот шеријатски закон „во согласност со праведноста и најдоброто знаење и верување“. Кога се појавил спор, арбитражниот трибунал пресудил против тужителот и му наложил да плати 320.000 евра. Тој ја обжалил пресудата пред Виенскиот регионален суд за граѓански работи, тврдејќи дека примената на исламскиот закон е ...
Републиканското мнозинство во Претставничкиот дом на Тексас ги одобри контроверзните прекроени изборни мапи, што би требало да им даде предност од пет места на изборите за конгресмени на САД во ноември 2026 година. Партиското манипулирање со изборните единици е сосема легално. Се прави вообичаено на округлите години што завршуваат на нула, а поретко на средината на деценијата, за да се прилагоди на демографските промени и да се обезбеди еднаква ...
Доналд Трамп не штедеше љубезност за домаќините кога неодамна го посети теренот за голф во Шкотска, но немаше пофални зборови за градоначалникот на Лондон. Изјави дека Садик Кан е „гадна личност“ и дека направил „ужасна работа во Лондон“, алудирајќи на етничката и верска разновидност. Лабуристичкиот градоначалник оцени дека ваквите забелешки воопшто не го загрижуваат, но гостувајќи на шоуто Политичка партија со комичарот Мет Форд, му возврати на ...
Паметен дизајн за спој на работа и забавa Galaxy Z Fold7 е вистинскиот шеф во светот на смартфоните. Со неговиот голем, преклопен екран што се преобразува во мал дигитален нотес, сега можеш да ја добиеш целата моќ на твојот компјутер во џебот. Замисли како автоматски отвораш три апликации паралелно, работиш на доверлива презентација, додека на друг екран одговараш на важни мејлови и чуваш белешки во реално време. Тоа сè без да ја изгубиш ...
Надградена мозочна протеза им овозможува на парализирани лица да комуницираат со околината читајќи ги нивните мисли. Ја користи претходната технологија, која од лицата барала да се напрегаат за да ги артикулиираат своите мисли. Првите обиди за да се овозможи ова биле мачни и бавни. Пред триесетина години францускиот новинар Жан-Доминик Боби, целосно парализиран по мозочен удар, успеал да напише цела книга за своите искуства трепкајќи со левото ...
Австриската служба за вработување откри случаи на сириски бегалци што ги саботираат сопствените обуки и курсеви за интеграција во општеството и економијата, за да не добијат право на работа. Во нов извештај за пазарот на трудот е издвоен случајот на Сиријка што студирала медицина во својата земја и работела како педијатар во Турција, која советувала сонароднички во Австрија да не прифаќаат работни места како чистачки. Како резултат на тоа, некои ...
Законот за заштита на јавноста од содржини преку интернет во Британија воопшто не придонеле за да се блокира пристапот на деца до порно. Напротив. Нова анкета покажала дека малолетниците денес се многу повеќе изложени на порнографија отколку во 2023 година, кога беше усвоен законот. Поголема ефикасност се очекува од новиот степен на заштита, воведен во јули, кој им налага на технолошките компаниите поригорозни проверки на возраста на корисниците ...
Во врвот на својата моќ, Франц Чопја (33) и Ервис Чела (41) во Европа носеле десетици тони кокаин и заработувале милијарди евра. Го контролирале целиот синџир на трговија, од производството во латиноамериканските лаборатории, преку транспортот преку океанот до дистрибуцијата на европските пазари, се наведува во обемното обвинение на Специјалните албански полициски сили за борба против корупција и организиран криминал. Пресретнати комуникации ...
Постојат многу повеќе начини на кои мировeн процес може да пропадне отколку да успее. Но, за да се случи едното или другото, прво треба да се започне. А тоа често е најтешкиот чекор. Но, по неговиот голем самит во Белата куќа, Доналд Трамп се чини дека го изведе незамисливото: организиран е самит меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски на кој би започнале мировните преговори. Што беше потребно за да се стигне до тука? Иако прекинот на огнот ...
Илјадници жители, туристи и репортери од светот, дури и кралот Карл 16-ти Густав, пристигнаа во најсеверниот шведски град Кируна во Арктичкиот круг за да ја следат спектакуларната преселба на големата градска црква на нова локација. По утринскиот благослов, лутеранската црква од 741 тон на специјално конструирани платформи почна да лази кон новата локација, оддалечена 5 километри. Ќе стигне дури утре. Се движи со брзина од половина до еден ...
Ќелијата за легитимирање на израелските воени сили била формирана набрзо по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври 2023 година, пишуваат во заедничко извештај израелско-палестинскиот Магазин +972 и порталот на хебрејски Локал кол. Целта на единицата е да прави сè што може за да го зајакне имиџот на Израел пред меѓународната јавност за да не се прекине дипломатската и воена поддршка од клучните сојузници. Идејата е да се обезбедат услови ...
Британската влада најави дека ќе користи систем со вештачка интелигенција за да спречува криминал. Со постојана анализа на податоците од разни бази, системот ќе создава детални интерактивни мапи на кои ќе ги посочува местата во кои „најверојатно“ ќе биде извршен криминал. Алатката, која треба да биде целосно оперативна до 2030 година, ќе ги собира сите податоци што меѓусебно ги споделуваат полицијата, агенциите за безбедност, социјалните служби ...
Кога не можат по природен пат да го решат проблемот со наталитетот, Кинезите развиваат технологија буквално да штанцаат бебиња од машини. Компанијата Каива технолоџи на докторот Џанг Чифенг тврди дека во завршна фаза на развој е робот чија единствена задача ќе биде да им го преземе мајчинскиот товар на жените и да ги носи нивните деца во сопствената механичка утроба, од оплодувањето на јајце-клетката па до раѓањето на здраво бебе. Технологијата ...
Никој со здрава логика денес не верува во официјалната верзија за самоубиството на педофилот Џефри Епстин, кој беше пронајден обесен во затворската ќелија што била под присмотра. Иако на снимките од затворските камери наводно не се гледа ништо, Марк Епстин тврди дека неговиот брат бил убиен. Случајот е затворен, исто како што е и досието на ФБИ за човекот што им местел малолетни девојки на истакнати клиенти, а потоа ги уценувал. Уште поголема ...
Халива објаснува дека масовното убиство на Палестинците не би претставувало одмазда, туку „нужна лекција“ за идните генерации. Немаме избор во ова лудо соседство. Од време на време потребна им е Накба за да знаат која е цената, изјавил Халива, говорејќи за масовниот прогон на 700.000 Палестинци од нивната земја при формирањето на Израел во 1948 година. Според податоци од локалното министерство за здравство, раководено од Хамас, израелските сили ...
Нацрт-извештајот за подобрување на здравјето на американските деца не ги содржи строгите ограничувања на користење на пестицидите и ултрапреработената храна, на кои инсистира министерот за здравство Роберт Кенеди Јуниор. Мали се шансите извештајот да биде променет во конечната верзија. Усвојувањето би претставувало голема победа за земјоделците и редок пораз на иницијативата Да ја направиме Америка повторно здрава (МАХА) на Кенеди, кој е голем ...
Екстремната пристрасност на вештачката интелигенција може да води до општа дискриминација на луѓето како општествена класа, ако на моделите со ВИ им се даде важна или апсолутна позиција при процесот на одлучување, се предупредува во студија објавена во Зборникот на Националната академија на науките. Би било незгодно да се биде човек во економија управувана од вештачка интелигенција, забележува авторот на новата студија, Јан Кулвејт, компјутерски ...
Aмериканскиот економист Јуџин Фама, на почетокот на оваа година предвиде дека најраспространетата криптовалута, биткоинот, ќе стане „безвредна“ во следните десет години. Добитникот на Нобелова награда во 2013 година вели дека криптовалутите се „голема енигма бидејќи ги кршат сите правила на средства за размена“ и „немаат стабилна реална вредност“, а таквите средства, според него, „не можат да преживеат“. Но, од друга страна, постојат бројни ...
Африканската унија ја поддржа кампањата со која се повикуваат владите и меѓународните тела да ја напуштат Меркаторовата карта од 16 век, која ја искривува вистинската големина на Африка и таа да се замени со мапа со поточни проекции. Дизајнирана од картографот Герардус Меркатор за навигација, картата ги преувеличува регионите во близина на половите, како Северна Америка и Гренланд, додека ги намалува Африка и Јужна Америка. „Можеби изгледа како ...