Експертски тим на Медицинскиот факултет на Харвард истражувал дали присуството на метали во клетките има врска со деменцијата. Тие испитувале стотици донирани примероци од мозочно ткиво и крв на луѓе со Алцхајмерова болест во напредна фаза, со благо когнитивно оштетување (MCI) во рана фаза и без никакви когнитивни проблеми. Од десетици метали само литиумот бил во значително различни концентрации. Идејата дека недостатокот на литиум може да биде ...

Уставниот суд на Франција го блокира законот за употреба на инсектицидот ацетамиприд. Пресуди дека користењето на отровната хемикалија е спротивно на „Повелбата за животната средина“, која е вградена во Уставот на Републиката. Одлуката е голем удар за владата, катастрофа за производителите на цвекло, но и победа за граѓаните кои во редок чин на единство во политички поделената земја масовно протестираа и бараа забрана на инсектицидот. На ...

Компанијата Илај Лили го претстави своето ново апче за слабеење, за кое тврди дека може да намали 12% од телесна тежина за 72 недели и сериозно ќе им конкурира на ултрапопуларните инјекции за слабеење. Производителот се надева дека до крајот на оваа година ќе добие лиценца и дека ќе лекот би можел да биде достапен следната година. Апчето за дневна употреба орфорглипрон делува така што го потиснува апетитот и го забавува варењето на храната. Било ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Индија со дополнителна царина од 25% за увоз на индиски производи, како притисок врз владата на Нарендра Моди да престане да купува руска нафта за да не ја финансира руската војна во Украина. На Моди му даде рок од три недели да ги поништи договорите за увоз на руска нафта за да избегне царини што за некои индиски производи би достигнале 50% - меѓу највисоките за кој било трговски партнер на ...

Кинезите го надминаа главниот проблем за конструкција на фузиски реактор, кој теоретски би бил извор на неограничена и чиста енергија. Главниот предизвик на копирањето на нуклеарниот процес во внатрешноста на Сонцето не е да се постигне спојување на лесните атоми, туку да се изгради реактор што би бил доволно цврст за да ги издржи екстремните температури, напрегања и магнетни сили. За оклопот на централниот соленоид на експерименталниот фузиски ...

Британија во почетокот на септември ќе одржи масовна вежба за проверка на јавната безбедност и системот за тревожење, најголема во својата историја. На 7 септември, недела, мобилните телефони на сите Британци поврзани со 4G и 5G мрежите ќе вибрираат и ќе емитуваат звук на сирена до 10 секунди. На екраните автоматски ќе се појави порака, со објаснување дека предупредувањето е само тест. Министер Пет Мекфаден објасни дека дека тревожењето преку ...

За само една генерација на Полјаците им успеа да го стасаат својот економски идол – Јапонија. Ова го покажуваат податоците за БДП по жител, прилагоден со паритетот на куповната моќ (ППП), кои отсликуваат пореална слика за животниот стандард. Според новата прогноза на Меѓународниот монетарен фонд, Полска до крајот на оваа деценија ќе достигне БДП по жител од 55.200 долари и ќе ја надмине Јапонија. Ако во пресметката се вклучи и ППП, тоа ќе се ...

Наспроти војната, гладот и хаосот во Газа, Хамас наоѓа начин да им исплаќа вкупно 7 милиони долари месечно на околу 30.000 јавни службеници во енклавата. Тројца службеници потврдиле за ББЦ дека пред една недела добиле плата од 300 долари. Платата е значително намалена на 20% од сумата што била пред војната, а се испорачува на секои десет недели. Инфлацијата ја прави оваа сума симболична, бидејќи килограм брашно достигна цена од 80 долари. Без ...

Премиерот Улф Кристершон е апсолутно во право за технологијата на вештачката интелигенција и секако дека треба да ја користи во својата работа, забележува порталот Дагенс индустри, за кој шведскиот премиер го даде контроверзното признание. Прилично често користам алатки со вештачка интелигенција, ако не за друго, тогаш за второ мислење. Да добијам идеја како би постапиле други и дали треба да го мислиме сосема спротивното. За такви прашања, ...

Дури 79% од израелските Евреи „воопшто не се вознемирени“ или „не се вознемирени“ од извештаите за масовен глад и страдања на палестинското население во Газа, покажува анкета спроведена при крајот на јули од Центарот за јавно мислење Витерби при Израелскиот институт за демократија. На прашањето дали Израел вложува значителни напори за да се избегне непотребно страдање на Палестинците во Газа, 78% од еврејските испитаници се согласиле дека ...

Кабинетот на премиерката Џорџа Мелони го одобри предлог-законот презентиран од министрите за здравство и за семејство со кој се ограничува пристапот на малолетници до лекови што го потврдуваат полот и го блокираат пубертетот во третмани на родова дисфорија. Овие лекови ќе се издаваат само во болнички аптеки според протоколи што треба да ги изготви Министерството за здравство и по одобрување од Националниот етички комитет на педијатри. Се ...

ОпенАИ сега седи на двете страни на масата во затворена сала за состаноци и преговара самата со себе за да склучи договор во името на човештвото, а не ни дозволува да ја видиме содржината и да ги знаеме условите, а камо ли да решаваме дали да ја прифатиме одлуката, забележуваат потписниците на отвореното писмо. Претставувајќи се како „легални корисници на вашата добротворна мисија“, потписниците ја потсетуваат ОпенАИ дека е основана со правно ...

Министерството за здравство на САД повлекува 500 милиони долари вложени во вкупно 22 проекти за развој на вакцини со мРНК технологија. Дозволено ќе биде да завршат некои проекти што се во финална фаза, како развојот на новата вакцината на Модерна против птичјиот грип Х5Н1. Податоците покажуваат дека вакцините со мРНК не нудат ефикасна заштита од респираторните инфекции како грип или ковид. Ќе ги пренасочиме средствата кон побезбедни и пошироки ...

Србија во првите шест месеци од годинава му продала муниција на Израел за 55,5 милиони евра, повеќе отколку во целата претходна година, кога извозот достигна рекордни 47,9 милиони евра, тврдат во заедничко истражување новинари од БИРН и од весникот Хаарец. Претседателот Александар Вучиќ на оваа тема даде неколку конфузни изјави. На 6 јуни, во интервју за Ерусалим пост, се пофали дека Србија е „единствената земја во Европа што му продава муниција ...

Бранот лажни научни студии што ги преплавува списанијата се шири побрзо отколку што издавачите можат да ги откријат измамите и да отстранат од журналите. Во периодот од 2016 до 2020 година нивниот број се дуплирал на секои 18 месеци, покажува ново истражување, објавено во Зборникот на трудови на Националната академија на науките (ПНАС). Проблемот го создаваат „печатници“ – групи или поединци што на научници со загрозени кариери им гарантираат ...

Во серија експерименти, истражувачите им поставиле визири за виртуелна реалност на 248 учесници и им пуштиле снимка како им се приближуваат различни аватари со човечки лик. Некои аватари приоѓале неутрални или исплашени, а други јасно покажувале знаци на болест, како кашлање или осип. При еден од експериментите, од учесниците било побарано да притиснат копче кога ќе почувствуваат благ допир на лицето. Тие реагирале многу побрзо кога гледале ...

Работниците во Германија денес просечно земаат по 15 дена годишно отсуство поради болест. Во Норвешка уште повеќе, се губат 7% од работните денови, што е највисоко ниво за 15 години. Исплатата за боледувања во Франција се зголемила за 28% помеѓу 2019 и 2023 година, според Националниот фонд за здравствено осигурување, што делумно се објаснува и со стареењето на населението и инфлацијата. Но, тоа е голем товар за државата во период кога настојува ...

Односот на САД со Кина треба да се разбере во контекст на светскиот капиталистички систем. Акумулацијата на капитал на државите од Глобалниот Север зависи од евтината работна сила и ресурси од периферијата на Глобалниот Југ. Овој аранжман е клучен за високиот профит на мултинационалните фирми кои доминираат во глобалните синџири на снабдување. Разликата во цените со периферијата му овозможува на јадрото да присвои поголема вредност преку ...

Кинескиот невроморфен компјутер не е прв од тој тип во светот, но има двојно поголем капацитет од досега најмоќниот – Хала поинт што лани го претстави американскиот гигант Интел. Развиен е во Државната лабораторија за машински мозоци на универзитетот Џеџијанг. Опремен е со 960 невроморфни чипови Дарвин 3, кои заедно имаат повеќе од 2 милијарди вештачки неврони способни да создадат над 100 милијарди меѓусебни врски аналогни на синапси. За ...

Александар Гинцбург, директорот на Истражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, објаснува дека револуционерната вакцина за рак е дизајнирана да ги таргетира малигните тумори користејќи ги сопствените генетски податоци на пациентот и нема да може да се користи за друго лице. Целиот процес на производство - од анализа на туморот до создавање прилагодена вакцина - може да се заврши за околу една недела со помош од вештачка ...

Израелските власти во консултација со американските спонзори заклучиле дека не можат по дипломатски пат да најдат начин да ги извлечат израелските заложници од Газа, а тоа да го прикажат како своја победа. Снимката што ја објави Хамас, на која се гледа прегладнет заложник како со лопата си го копа сопствениот гроб во некој тунел под Газа ја прелеала чашата гнев и го охрабрила премиерот Бенјамин Нетанјаху дека воената сила е единствената шанса да ...

Пластиката се смета за евтин материјал, но нова студија во водечкото медицинско списание Лансет укажува дека штетата врз здравјето од само три пластични хемикалии - PBDE, BPA и DEHP - во 38 земји изнесува 1.500 милијарди долари годишно. Производството на пластика се зголемило за повеќе од 200 пати во изминатите 75 години. Во 1950 година биле произведени 2 мегатони, во 2022 година 475 мегатони, а проекциите се дека во 2060 година ќе бидат ...

Пазете го ова пржење: На концертите на Оезис на Вембли, секоја вечер се пиеле по 250.000 пива! Пивото на гигантските шанкови се продавало по цена од 8,2 долара што значи дека од секој концерт се собрани по два милиона фунти од оваа ставка, соопшти компанијата која го работи стадионот. За споредба, за време на ланските концерти на Колдплеј на Вембли се пиеле по 120.000 пива на вечер а фановите на Тејлор Свифт се наквасиле со само 40.000 пива. На ...

За германската министерка за економија Катарина Рајхе од ЦДУ, постои едноставен начин да се решат хроничните проблеми на германскиот пензиски систем. „Мораме да работиме повеќе и подолго“, изјави таа за Франкфуртер алгемајне цајтунг. Ветувањата од некои партии дека ќе го решат проблемот нема да бидат доволни бидејќи стареењето на населението во Германија одамна е препознаено како проблем. Просечната возраст од 46,7 години е осма највисока во ...

Министерство за здравство на Грција го прогласи за голем успех новиот систем за тријажа, кој го намалил времето на чекање на пациентите во службите за итна медицинска помош. Електронскиот систем за следење на пациентите со користење на алки ја подобрил состојбата во сите десет болници во кои е тестиран и до февруари ќе биде проширен на 100. Кога пациентите ќе пристигнат на одделенијата за итни случаи, тие добиваат билет во форма на алка на кој е ...

Најавуван од гувернерот Гевин Њусом како „Проектот што нема да умре“, жителите на Калифорнија на референдум во 2008 година ја поддржаа изградбата на супербрза железница, со која од Лос Анџелес до Сан Франциско ќе може да се стаса за 2 часа и 40 минути. Проектот стана црна дупка што голта милијарди долари, а по 17 години не мрднал од почетокот. Претседателот Доналд Трамп сега ја укина и федералната поддршка од 4 милијарди долари за проектот. ...

Пациентите што се лекувале од рак на дојка се изложени на зголемен ризик од реактивирање на ракот ако се инфицираат од вообичаени респираторни вируси, како грип или коронавирус, предупредуваат истражувачи од Универзитетот на Колорадо, њујоршкиот центар за истражување на канцер МЕККК и Универзитетот на Утрехт. Експерименти спроведени врз глувци во лабораториски услови покажале дека инфекциите ги будат заспаните клетки на ракот, кои инаку можат со ...

Како што се намалуваат приходите од втемелените даноци на пороци, пред се пушењето и пиењето, министрите за финансии бараат нови извори за да ги заменат. Дванаесет европски земји, вклучувајќи ги Франција и Полска, воведуваат даноци за засладени пијалоци. Даноци им се наметнати на возачите со автомобили на бензин и на дизел. Месото наскоро би можело да биде следно: кравите одамна се обвинети дека испуштаат метан што ги предизвикува климатските ...

Слабата точна на поимот технолошка сингуларност е што не е дефинирана прецизна граница на изедначување на вештачката и природната интелигенција. Дури и името е позајмено од терминологијата од физиката на црните дупки затоа што не може да се утврди каде завршува хоризонтот на доминација на човековиот ум во споредба со машините. Еден од најпрецизните обиди да се квантифицира напредокот на ВИ е споредбата на точноста на преведување говор. Јазикот е ...

Со децении Израел го третираше турско-грчкиот конфликт како далечно прашање, но сега мора јасно да признае: Северен Кипар не е само проблем за кипарските Грци - тој е и израелски проблем, пишува израелскиот воен коментатор Шеј Гал, кој дури нуди и план како да бидат протерани турските сили од островот. Гал не е маргинален екстремистички коментатор. Тој бил на високи советнички улоги за министри во израелската влада, фокусирајќи се на „управување ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.66
73%
1009
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1011
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
82%
1009
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
8.27
83%
1011
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
93%
998
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
100%
1004
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
7.72
83%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1012
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
63%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Кобалт

55.67

Бакар

10.76

Никел

471972.96

Калај

40.11

Родиум

255598.44

Платина

53106.37

Иридиум

145787.60

Паладиум

45879.12

Алуминиум

2.89

Рутениум

29192.88

Сребро

1837.41

Цинк

3.24