Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Една од најголемите приказни во науката тивко се одвива во светот на апстрактната математика. Лани беше остварен децениски сон кога беше докажана геометриската Ленглендсова претпоставка, која е дел од големата обединета теорија на математиката. Пошироката програма Ленглендс е чисто математичка, но има длабока симетрија во квантната физика. Доказот ветува дека ќе создаде мостови меѓу различни области, дозволувајќи алатките од една област да се ...
Делта Ерлајнс ќе се потпира на вештачката интелигенција за дополнително да ги зголеми своите профитни маржи со максимизирање на она што индивидуалните патници го плаќаат за билетите. „Ова ќе биде тотален ре-инженеринг на тоа како ќе ги одредуваме цените во иднина“, велат во компанијата . „На крајот, ќе имаме цена баш за вас, баш за тој лет, баш во тоа време“. Тој ја спореди вештачката интелигенција со „супер аналитичар“ кој „работи 24 часа на ...
Урсула фон дер Лајен е претседател на Европската комисија од 2019 година и повеќе од која било друга политичка фигура ги персонифицира империјалните амбиции и авторитарните инстинкти на ЕУ. Сепак, минатата недела, таа преживеа гласање за недоверба на нејзиното раководство и беше блиску до губење на власта, што ја одразува длабоката нестабилност на политичкиот блок што ја поддржува. Четирите парламентарни фракции што ја поддржуваат - ...
Германија падна на шестото место на новата ранг-листа на Светска банка врз основа на Паритетот на куповната моќ (ПКМ), кој ги зема предвид разликите во нивото на цените и трошоците за живот, па дава пореална слика отколку споредбата на номиналниот БДП. ПКМ на Германија, според податоци на Светската банка, во 2024 година изнесувал 6,04 билиони долари. Земјата сè повеќе се оддалечува од врвот на листата, на кој е Кина со 38,19 билиони долари. Зад ...
Samsung направи вистински бум со лансирањето на новиот Galaxy Z Fold7 кој ги комбинира најновите иновации на стилскиот дизајн и врвната продуктивност. За разлика од традиционалните мобилни уреди, Galaxy Z Fold7 ви нуди 8-инчен Dynamic AMOLED 2X екран кој се отвора фасцинантно и ви овозможува целосно ново искуство и поголем простор за работа, комуникација и забава. Преклопете го за да добиете уред кој лесно се вклопува во вашиот џеб или чанта, ...
Од сите замени за кравјо млеко за деца на возраст под пет години, веганските се издвоени како најштетни поради несоодветно внесување на некои микронутриенти, се предупредува во извештај на експерти за исхрана што ја советуваат владата на Британија. Пијалаците од растително млеко - соино, овесно и бадемово млеко, станаа попопуларни во последниве години. Со нив, во организмот се внесува и штетни дози на шеќер. Ризикот кај децата е поголем. ...
Издавачите се вознемирени поради намалениот сообраќај што е пренасочен кон нивните содржини преку Гугл, откако гигантот за пребарување почна да воведува резимеа со вештачка интелигенција во Discover, главниот канал за њуз-фид во апликацијата за пребарување на iOS и Android. Корисниците сега не ги гледаат насловите, туку само лого на издавачите на вести во горниот лев агол, проследено со резиме генерирано од вештачка интелигенција кое ги цитира ...
Линијата психоделични терапевтски средства има огромна предност ако се дава во клинички услови и ние работиме многу напорно за да се осигураме дека тоа ќе се случи во рок од 12 месеци, изјави неодамна пред членови на Конгресот министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор. Прифаќањето на психоделиците од страна на администрацијата предизвика возбуда, но и загриженост кај експертите. Тие предупредуваат лековите да не се поврзуваат претерано ...
Агенцијата на ЕУ за азил во мај регистрирала 64.000 барања за азил, што е за речиси една четвртина помалку во споредба со истиот месец лани. Бројот на Сиријци што побарале азил драстично опаднал од 16.000 во октомври минатата година на само 3.100 пред два месеца. Соборувањето на режимот на Асад во Дамаск во декември придонело вкупниот број на баратели на азил во Германија да се намали од 18.700 на 9.900 за рок од една година. Германија беше ...
Во барање научни докази што би ја поткрепило закрепнувачкото дејство на супата при акутни инфекции на респираторниот тракт, како обичната настинка, грипот, дури и ковид-19, биле анализирани повеќе од 10.000 трудови. Издвоени биле четири висококвалитетни студии во кои учествувале 342 лица. Тестирани биле различни видови супи, вклучувајќи традиционална пилешка супа, јачменова и од мешавини од билки од зеленчук. Една од студиите покажала дека на ...
И покрај напорите на холандските власти за инвестирање во нови кабли и трафостаници, новите приклучоци во некои области ќе бидат достапни дури во средината на идната деценија, тврдат мрежните оператори. Холандија претерано се потпираше на своите гасни ресурси и надградбите на електричната мрежа не го следеа темпото. Компаниите се оддалечија од гасните извори по ценовната криза во ЕУ во 2022 година. Денес повеќе од 2,6 милиони холандски домови ...
Подготвуван со месеци и во голема мера чуван во тајност од комесарите на Фон дер Лајен, нацрт-буџетот за ЕУ во периодот од 2028 до 2034 година предизвика внатрешен отпор и во Брисел и низ Европа. Екстремно централизираниот стил на претседателката веќе го компромитира нејзиниот план за собирање 2.000 милијарди евра. Еврокомесарите со години се жалат дека донесувањето одлуки зад затворени врати ја водат ЕУ кон погрешни чекори. Завршните преговори ...
Четирите момчиња и четири девојчиња, вклучувајќи еден пар идентични близнаци, родени со новата постапка немаат знаци дека ги наследиле ризичните митохондријални мутации од своите мајки. Наскоро се очекува да биде родено уште едно дете чии гени биле модификувани на овој начин. Британските власти уште во 2015 година го променија законот за да дозволат ваква процедура. Технологијата била развиена на Клиниката за плодност на Универзитетот во Њукасл. ...
Звуците што ги испуштаат растенијата се надвор од опсегот на човечкиот слух, но можат да ги согледаат многу инсекти, лилјаци, па дури некои цицачи. Израелски истражувачи потврдиле дека некои инсекти ја разбираат пораката што ја испраќаат растенијата и соодветно реагираат. Во оваа фаза од истражувањето се уште е шпекулација, но сосема е можно дека некои инсекти и животни донесуваат одлуки врз основа на звуците што ги слушаат од растенијата, како ...
Тоа што некогаш за шпионите беа експлодирачките пенкала и пури од филмовите за Џејмс Бонд, денес се електронски уреди и дронови со вештачка интелигенција, заштитени телефони и квантни сензори. Тие не се произведуваат во владина работилница на Q, туку ги креираат независни стартапи ориентирани кон иновација. Од 2018 година Националниот фонд за стратешки инвестиции за безбедност (NSSiF) е напумпан со пари за да препознава и да поддржува развојни ...
Во време кога Европската Унија расправа за трговски санкции против Израел поради груби прекршувања на човековите права во Газа, Катарина фон Шнурбајн, баварска бирократка задолжена за борба против антисемитизам во Европа ги критикува хуманитарните акции за жртвите на израелската војна. Тоа создава атмосфера во која Евреите се чувствуваат неудобно, им кажала баронесата од Шнурбајн на претставници на ЕУ во Тел Авив, сведочат интерни дипломатски ...
Во фокусот на истражувањето на австралиските експерти бил протеинот SOD1 (суперкосид дисмутаза 1), чија улога е да ги чисти штетните молекули на кислород во клетките. Ако остане без доволно бакар, тој се претвора во токсин што се акумулира во ткивото во средниот мозок и го спречува лачењето на допамин – типичната причина за Паркинсоновата болест. Ова прогресивно невролошко нарушување, од кое страдаат десетина милиони луѓе низ светот, е ...
Војникот задолжен за проверка на барањата за азил во штабот на специјалните сили во Лондон случајно ја споделил табелата со имињата и основните податоци на авганистанските соработници во февруари 2022 година. Неговите контакти ги проследиле имињата до Авганистанци за да проверат дали навистина имаат право на азил. Но, со испраќањето на целиот документ, а не само на неколку имиња, ги загрозил животите на луѓето од списокот. Трошоците за ...
Глен Гринвалд: Еден од најголемите проблеми во западниот дискурс е што сакаме да мислиме дека ние следиме некои правила и вредности кои ќе им ги наметнеме на другите, додека во реалноста ние цело време ги кршиме тие правила. Тоа е една од причините од каде толкаво непријателство кон американската хегемонија и барање алтернативи како што е БРИКС. Ќе ви дадам еден пример што пред малку го слушнав: „Ох, ние водиме војна за да се конфронтираме со ...
Уште во април минатата година, кога во тек биле преговорите за прекин на огнот со Хамас, Нетанјаху се согласил на компромис. Испратил претставник да им ја пренесе новата позиција на Израел на египетските медијатори и го скрил планот од агендата на клучниот состанок на кабинетот, за да ја соопшти одлуката ненадејно и да ги спречи министрите што се спротивставуваат да го координираат својот одговор. Кревката коалиција на Нетанјаху зависеше од ...
Триесетмина врвни математичари од САД и од Европа еден викенд во мај тајно се собрале во Беркли, Калифорнија, за да испрашаат разумен јазичен модел со вештачка интелигенција. „Ученикот“ спроти нив бил o4-mini, обучен од ОпенАИ за сложени дедукции и способен самостојно да учи од податоците со кои е нахранет за да предвиди следен збор во низа. На специјализираната организација Epoch AI, ѝ било доверено да го состави првичниот тест со 300 задачи, ...
Доналд Трамп ја поддржал стратегијата „Русите да ја почувствуваат болката“, убеден дека со неа ќе го притисне Кремљ кон преговарачката маса, тврдат изворите на Фајненшл тајмс. Трамп се советувал со Зеленски на 4 јули, еден ден откако јавно изрази фрустрации од „лошиот“ телефонски разговор со Путин. Володимир, можеш ли да ја погодиш Москва?... Можеш ли да го погодиш и Санкт Петербург?, прашал Трамп. Апсолутно. Можеме ако ни го дадете оружјето, ...
При анализа на 3.293 кеси со салата во супермаркети во 10 европски земји, паразитот toxoplasma gondii бил откриен во 135. Најчесто бил присутен во Британија, во дури 16% од примероците, во Данска, Шпанија и Франција го имало три-четири пати помалку, а во Норвешка и во Чешка речиси и да не биле откриен. Спорите на паразитот T.gondii се лепат на листовите на салатата и се вгнездуваат длабоко во пукнатините, од каде што не може целосно да ги ...
Сиромаштијата во урбаните средини во Аргентина за само шест месеци е намалена од 52,9 на 38,1%. Стапката на луѓе што живеат во екстремна сиромаштија е преполовена на 8,2%, што е најостро намалување во овој век. Администрацијата на претседателот Хавиер Милеи, кој ја презеде функцијата на крајот на 2023 година, ги намали државните трошоци за 5% од БДП, укина голем број владини агенции, отпушти 50.000 државни службеници и го воведе американскиот ...
Важен фактор за забрзаното глобално затоплување, кој досега не е добро квантифициран, е ефектот од огромните напори на земјите во источна Азија, особено на Кина, за борба против загадувањето и подобрување на јавното здравје преку строги политики за квалитет на воздухот. Во изминатите 12 години емисиите на сулфур диоксид во источниот дел на Азија е намален за околу 75%. Напорите за чистење се засилија токму кога глобалното затоплување почна да се ...
Германија и Франција, како двигатели на Европската Унија, заедно со Британија упорно предупредуваат дека најголемата закана за Европа е воена интервенција од Русија. Таа закана е основата за досега најголемото зголемување на воени трошоци, обнова на одбранбената индустрија и купување оружје од Америка. Во исто време, протокот на мигранти од Либија кон европските земји повторно се зголемува. Околу 9.000 луѓе пристигнале на Крит од Либија од ...
Обврската кон нацијата е повисока од религиската определба, пресудил Управниот суд, отфрлајќи ја жалбата на 24-годишниот маж, роден во Украина и израснат во Австрија. Тој требало да добие австриски пасош лани на свечена церемонија во округот Баден во Долна Австрија, но одбил да ја испее националната химна. Владата на федералната држава веднаш му го одзела државјанството. Според законите, пеењето на химната е задолжително кога се видливо присутни ...
Од 1960-тите, дефибрилаторите, реанимацијата и напредната фармакотерапија значително го намалија бројот на смртни случаи. Подобрите дијагностички алатки, пониските стапки на пушење, пристапот до итна медицинска помош, статини, стентови и хирургија спасиле илјадници животи. Благодарение на подобрите третмани, просечниот животен век се зголеми од 71 на 77,5 години, објаснува д-р Ју Чен од Медицинскиот факултет Гросман на Универзитетот Њујорк. ...
Пред точно еден век калуѓерките од редот Бон Секурс ги закопале првите бебиња на локацијата Туам. До 1961 година ледината од 5.000 квадратни метри станала необележана масовна гробница, со останки на 796 деца што починале во Домот за мајки и бебиња „Света Марија“. Калуѓерките ја воделе својата институција со одобрение од ирската држава, која не се тревожела од суровиот третман на жените и високите стапки на смртност кај новороденчињата. Домот во ...
Системот на петдневна работна недела го зголеми стравот од понеделниците, како денови со кои завршува релаксирањето и умот се враќа на одговорностите. Неодамнешна студија на Универзитетот во Хонг Конг истражувала врска помеѓу чувството на вознемиреност кон понеделниците и физичкото здравје. Не само што е било утврдено дека понеделниците го покачуваат нивото на хормонот на стрес, туку и дека оваа врска опстојува дури и по пензионирањето. Иако ...