Со децении Израел го третираше турско-грчкиот конфликт како далечно прашање, но сега мора јасно да признае: Северен Кипар не е само проблем за кипарските Грци - тој е и израелски проблем, пишува израелскиот воен коментатор Шеј Гал, кој дури нуди и план како да бидат протерани турските сили од островот. Гал не е маргинален екстремистички коментатор. Тој бил на високи советнички улоги за министри во израелската влада, фокусирајќи се на „управување ...

Оазата е откриена во Маријанскиот ров, која е најдлабокото место под површината на морето. Поради огромниот притисок од водата, 1.100 пати поголем од атмосферскиот на површината, овој предел е тешко достапен и истражен од луѓето. Кинески експерти лани нурнале 23 пати со подморницата „Фендуџе“ во ровот и на длабочини од 2.500 метри па до 9.533 метри снимиле колонии на разновидни суштества, кои на место до кое сончевите зраци не допираат се ...

Ши Јонгсин, главен монах во храмот Шаолин уште од 1999 година, во понеделникот беше разрешен по обвинувањата дека злоупотребувал средства на храмот за да води приватни бизниси. На негово место е назначен Ши Јинле, досегашен главен монах во храмот Белиот коњ. На Ши Јонгсин му ги бришат сите досегашни заслуги и привилегии. Одземени му се будистичките акредитиви и блокирани се сметките на сите компании поврзани со неговото име. Будистичката ...

Откако се откажа од рускиот природен гас, ЕУ по 2022 година сè повеќе го зголемува увозот на течен природен гас (ЛНГ) од САД. Но претерано е новото ветување на Брисел да купи нафта и гас во вредност од 750 милијарди долари, и тоа до крајот на претседателскиот мандат на Доналд Трамп. Купувањето на американски енергенси ќе ги диверзифицира нашите извори на снабдување и ќе придонесе за енергетската безбедност на Европа изјави претседателката на ...

Извршниот директор на Опен АИ, Сем Алтман, сериозно ги предупреди оние кои го користат ЧетГПТ за терапија или правно советување дека тајноста на разговорите не е заштитена со закон. Напротив, разговорите се снимаат и со судска одлука може да бидат претставени како доказен материјал на судски процес. Алтман на подкастот на Тео Вон ја коментираше неочекуваната навика ЧетГПТ да се користи како личен психолог, иако креаторите не го развивале во таа ...

До Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа е доставено барањето за поништување на „Наодот за загрозување“, во кој е дефинирано дека јаглеродниот диоксид, метанот и други гасови што се ослободуваат со согорување фосилни горива ги загрозуваат јавното здравје и благосостојбата. Конечната одлука не се очекува пред 2026 година. Отфрлањето на наодот ќе биде најголемата акција за дерегулација во историјата на Америка. Некои луѓе се решени да ...

Од октомври 2023 година Израел ја промени својата политика кон Палестинците. Колежот што неговите сили го спроведуваат во Газа веќе 21 месец вклучуваше масовни убиства, директно и преку создавање невозможни услови за живот, телесни или ментални повреди на цела популација, десеткување на основната инфраструктура низ целиот појас и насилна преселба на луѓе од огромни размери, со етничко чистење како официјална воена цел, пишува групата Б'Тселем во ...

Хонконшката компанија ЦК Хачинсон побара кинески инвеститор да се придружи во конзорциумот купувачи на 43-те големи меѓународни пристаништа што се на продажба, вклучувајќи ги и оние на двата краја на Панамскиот канал. Досега се преговараше со конзорциум во кој беше и моќниот американски инвеститор БлекРок. Но, под притисок од Пекинг, хонконшката компанија во понеделникот објави дека завршил рокот за ексклузивни преговори со БлекРок, што отвора ...

Британската влада формира елитна полициска единица со задача да ги следи социјалните медиуми и да предупредува на објави насочени против мигрантите. Целта е да рано да се откријат и да се спречат очекувани протести и немири за време на летото, за да не се повтори ситуацијата од лани, кога полицијата бавно и лошо реагираше на масовните нереди во Саутпорт. Пред хотелите преуредени во центри за згрижување азиланти веќе има протести. За време на ...

Група од 40 пратеници се воздржуваат да ги оценат како геноцид израелските воени дејства во Газа, но од ЕУ бараат да ја прогласи израелската влада за одговорна за „очигледно кршење на Женевската конвенција и Меѓународното хуманитарно право“. Во изјавата се повикува и Хамас веднаш да ги ослободи Израелците што повеќе од година и пол ги држи како заложници. Идните генерации ќе им судат на денешните лидери според нивниот одговор или игнорирањето на ...

Проучувањето на причините за мултиплекс склерозата е тешко, затоа што се вклучени многу фактори на ризик, главно генетиката и влијанија од животната средина. Научници со децении испитувале дали автоимуното оштетување на масните обвивки на нервните клетки во мозокот и 'рбетниот мозок можеби е предизвикано од бактерии во цревниот микробиом. За да ги стесни на минимум ризичните фактори, научен тим од Здружението Макс Планк од Минхен направил ...

На возрасен човек му се препорачува да спие по 7 до 9 часа навечер. Во тоа време се случуваат физиолошки процеси кои им овозможуваат на нашите тела ефикасно да функционираат кога сме будни. Мускулите закрепнуваат, меморијата се консолидира и се регулираат емоциите. На некои луѓе природно им е доволен и пократок одмор и можат добро да функционираат со помалку од седум часа сон. За другите, тоа значи помалку енергија, полошо расположение, зголемен ...

Министерството за образование и наука и ЗЕЛС потпишаа Меморандум со социјално одговорните компании Бамби и Пивара Скопје, според кој над 21.000 првачиња кои ќе го започнат своето школување на 1 септември, ќе добијат подарок пакетчиња со производи од Плазма и Роса. На овој начин, ЗЕЛС, Министерството за образование и наука и компаниите со општествена одговорност преку своите брендови им посакуваат успешен почеток на најмладите ученици, ...

Целта на геоинженерскиот експеримент од Универзитетот во Вашингтон планиран лани близу заливот Сан Франциско била да се открие дали со вештачко создавање сенка може да се запрат сончевите зраци пред да удрат во површината на Земјата и на тој начин да се спречи глобалното затоплување. Иницијативата се чувала во строга тајност, во време кога напорите за елиминирање на фосилните горива, како начин за справување со климатските промени, трпат ...

Во обид да го поттикнат наталитетот, кинеските власти ќе им даваат на семејствата по 3.600 јуани (500 долари) годишно како финансиска помош за секое дете до возраст од три години, односно вкупно 1.500 долари. Детската помош важи и ретроактивно и може да ја добијат и родителите чии деца се родени од 2022 до 2024 година. Државата тврди дека овие пари ќе им помогнат на повеќе од 20 милиони семејства со трошоците за одгледување деца. Некои провинции ...

Кампањата за нето-нула емисии на јаглеродни гасови има огромно влијание врз сите видови организации и за неа никогаш не се спори. Компаниите ја прифаќаат здраво за готово и се прилагодуваат за целите што ги поставуваат владите, вели Мет Ридли, влијателен британски новинар и автор, специјализиран за научни теми, говорејќи за подкастот „Шоуто на Брендан О’Нил“ на главниот политички новинар на Spiked. Ридли додава дека климатските промени во исто ...

Нова и досега најсеопфатна метаанализа на истражувања за влијанието на пешачењето врз здравјето на човекот укажува дека идеалната полза се постигнува со 1 час одење, што би било еквивалентно на 7.000 чекори. Таа бројка е сумирана по преглед на 57 студии што опфатиле податоци за повеќе од 160.000 луѓе. Анализата покажала дека ризикот од прерана смрт бил двојно понизок кај оние што секојдневно правеле по 7.000 чекори, во споредба со оние што ...

Истражен судија во жупаниски суд им одредил едномесечен притвор на тројца британски државјани со косовско потекло затоа што групно силувале и мачеле 28-годишна сплиќанка. Жената изјавила дека ја прифатила поканата на еден од обвинитите да дојде во неговата соба во туристички хотел, но таму ја чекале уште двајца и физички ја нападнале. Жената се спротивставила, но ѝ го одзеле телефонот, и под закана ја принудиле на сексуални односи. Притоа ја ...

Апликацијата за итна тревога во случај на земјотрес Android Earthquake Alerts (AEA) била активна кај уреди со Андроид на десетици милиони луѓе во радиус од 150 километри околу епицентарот на двата катастрофални потреси во февруари 2023 година. Загинаа 55.000 луѓе, а двојно повеќе останаа без домови. Повеќето од жртвите загинале на спиење. Тревогата „Преземи акција“ им била испратена на само 469 смартфони и други уреди со Андроид. Оваа тревога од ...

Апликацијата за итна тревога во случај на земјотрес Android Earthquake Alerts (AEA) била активна кај уреди со Андроид на десетици милиони луѓе во радиус од 150 километри околу епицентарот на двата катастрофални потреси во февруари 2023 година. Загинаа 55.000 луѓе, а двојно повеќе останаа без домови. Повеќето од жртвите загинале на спиење. Тревогата „Преземи акција“ им била испратена на само 469 смартфони и други уреди со Андроид. Оваа тревога од ...

Талибанци со „британска крв на своите раце“ се протнале меѓу илјадниците Авганистанци што со воздушен мост биле префрлени во Британија. Тие се бореа против британските сили и убија многу Британци, но сега се хранат од Британци во Лондон. Тие имаат британска крв на своите раце, изјавил за Телеграф поранешен висок авганистански функционер. Во Британија тајно биле префрлени околу 6.900 Авганистанци во рамките на операцијата Рубифик, наредена откако ...

Доналд Трамп објави дека е постигнат царински договор со ЕУ со кој се става крај на четиримесечните тешки преговори меѓу Вашингтон и Брисел и се елиминира опасноста од трансатлантска трговска војна. И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави „имаме договор“ по 40-минутната средба со Трамп во неговиот голф-центар „Тарнбери“ во Шкотска, каде што тој тера викенд. Таа го опиша како „голем договор, огромен договор“ (почнала ...

Експериментот на софтверски инженер со алатка за „вибрационо кодирање“ со помош на вештачка интелигенција добил катастрофален пресврт кога агентот со ВИ Replit се одметнал и почнал да спроведува дејства што му биле експлицитно забранети. Џејсон Лемкин, технолошки претприемач и основач на заедницата SaaStr, го документирал експериментот во дневник што го водел на Икс. На седмиот ден, алатката направила неовластени промени во живата ...

Илон Маск лично ја минирал украинската контраофанзива пред три години, потврдиле за Ројтерс три анонимни извори. На инженерот Мајкл Николс во калифорниските канцеларии на SpaceX, која го одржува системот Старлинк, му дал наредба да ја намали покриеноста во областа околу Херсон, каде што беше насочена офанзивата. Вработените се придржувале и деактивирајќи најмалку сто терминали на Старлинк. Сигналот бил исклучен и во други окупирани области во ...

По примерот на неколку други земји, и Британија планира да воведе јаглеродни пасоши со кои ќе им ограничи на луѓето каде и колку често да патуваат, особено на далечни дестинации. Во пасошите ќе се бележи потрошениот јаглероден отпечаток преку калкулирање на далечината, видот на превозното средство, класата, багажот и други вредности. Кога ќе се достигне одредена граница на ослободен јаглерод од превозот, нема да му се дозволи повеќе да патува до ...

Дојче Веле имале увид во психијатрискиот наод за Васиљ од 2015 година. Во него се вели: „Васиљ има сиромашен вокабулар, ниско ниво на апстрактно размислување, коефициент на интелигенција од 66 и дури не го разбира ниту името на својата земја ниту главниот град на Украина“. А неговите симптоми се влошуваат под стрес. Психијатриската институција која го евалуирала дијагностицирала ментална ретардација и емоционална нестабилност. Офицерите на ...

Вакцините против ковид спасиле многу помалку животи отколку што тврди СЗО, се заклучува во ново истражување, спроведено од Универзитетот Стенфорд и италијански експерти. Минатата година СЗО тврдеше дека вакцините против ковид спречиле смрт на 14,4 милиони луѓе ширум светот само во првата година откако беа одобрени за користење. Некои проценки ја приближуваат бројката до вкупно 20 милиони спасени животи. Сепак, новото истражување со обновени ...

Во железарниците низ светот се произведува повеќе челик отколку што светот може да користи. Се проценува дека вишокот производство на челик ќе достигне 721 милион тони до 2027 година, според Организацијата за економска соработка и развој. Европа особено силно ја погоди намалената побарувачка на пазарот. Челикот отсекогаш бил симбол на економска моќ и национален престиж. Тој е основниот материјал на современиот живот, без него нема згради, ...

Како доказ дека Обама директно ја дал наредбата за да се објави извештајот за руското мешање во кампањата на Трамп, иако знаел дека нема докази за тоа, директорката за национално разузнавање Тулси Габард го претстави декласифицираниот извештај од 2020 година од Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом. Габард тврди дека администрацијата на Обама спроведувала „долгогодишен и смислен државен удар“ против Трамп и го спровела пред своето ...

Со години мислевме дека разбираме колку е силно магнетното поле на Сонцето, но сега откриваме дека можеби е двојно посилно, вели Хан Ујтенбрук, учесник во истражувањето од Националната сончева опсерваторија (NSO) на Националната научна фондација на САД. Тоа е важно бидејќи магнетното поле ги создава сончевите бури, кои можат да ги оштетат сателитите, да ги нарушат комуникациските и навигациските системи, па дури и да предизвикаат прекини во ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
7.2
70%
1010
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
88%
1012
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
80%
1010
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
9.5
88%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
94%
1012
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.02
89%
998
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1004
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
8.23
82%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.24
92%
1013
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
5.66
77%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Калај

40.11

Рутениум

29192.88

Платина

53106.37

Злато

135322.28

Кобалт

55.67

Цинк

3.24

Бакар

10.76

Сребро

1837.41

Иридиум

145787.60

Никел

471972.96

Родиум

255598.44

Паладиум

45879.12