Тој не само што ќе биде повеќе платен од британскиот премиер туку ќе работи само еден ден неделно и за тој ден ќе добива 950 фунти. Тоа значи дека годината ќе ја заврши со 49.400 фунти, што, доколку работи полно работно време како и другите, е еквивалентно на плата од 247.000 фунти. Премиерот Кир Стармер има годишна плата од 166.000 фунти. Канцеларијата за вредност за парите ќе врши проценка на државните трошоци и предлозите за инвестиции и ќе ...

ЕК разгледува како на белгиски Еуроклиар да му дозволи да искористи од замрзнатите руски пари што ги чува кај себе за да го заштити заемот од 45 милијарди евра за Украина, од потенцијална одмазда од Москва. Овој потег е последна мерка што ЕУ ја има на располагање како начин за да му надомести на Еуроклиар за загубите што ги трпи во Русија заради почитување на западните санкции. Поборниците тврдат дека оваа мерка дополнително ќе ја засили ...

Анкетите покажуваат дека 66% од американскиот електорат се „многу“ или “донекаде загрижени“ дека нивниот глас ќе биде компромитиран. Со таков страв се 55% демократски гласачи, 58% од независни и 83% од републиканците. „Причината зошто гласачите се загрижени, со право, за интегритетот на претстојните избори е затоа што Трамп никогаш не престана да зборува за тоа“, вели Ли Смит кој сведочи дека начинот на кој изгуби последниот пат, Трамп го ...

Сомнежите дека бандите пронашле нов начин за увоз на кокаин во Европа ги потврди и Ханс-Јоаким Леон, шеф на одделот за борба против наркотици на германската криминалистичка полиција (БКА). Тврдењето е поткрепено со податоци од Белгија и Холандија за првата половина на 2024 година. Двете главни пристаништа за влез на кокаин во Европа - Антверпен и Ротердам - забележале драстичен пад на заплените. Во Холандија падот изнесува околу 40%. После ...

Изминатиов месец руските сили освојуваат над 415 квадратни километри територија во регионот Донбас, кој е главниот фронт денес. Во оваа површина влегуваат и стратешки клучни градови како Вуледар, а за некое време, и Селидове. Овој напредок, еден од најбрзите во војната, им овозможи на Русите да ги обезбедат своите крила, пред да го започнат нападот на градот Покровск, кој со својата железничка и патна инфраструктура е клучната логистичка точка ...

Минатата година првиот снег на Фуџи падна на 5 октомври. Карактеристично за годинава е и што Јапонија го забележа најтоплото лето до сега со температури во јули и август од 1,76 степени над просекот. По ова и септември беше потопол од очекуваното, вклучително и во северните краишта на Јапонија. Јапонското метеоролошко друштво регистрираше 1.500 области кои имаа „екстремно топли“ денови, во кои температурата во септември надмина 35 степени ...

Овој став е речиси рамномерно раширен кај симпатизерите на двете партии, по 27%. Поделено на полови стравот го имаат 30% од жените и 24% од мажите. 12% изјавиле дека познаваат некого што би се фатил за оружје доколку помислат дека Доналд Трамп изгубил заради измама или местење. 5% истото го изјавиле за Камала. За 84% од испитаниците САД се повеќе поделени отколку пред десет години. Една од најпроминентните историчарки на тема Граѓанската војна ...

Животинскиот свет, и ние и другите, знаеле да се фатат за шише многу порано отколку што реално постоеле шишиња. Зоолозите досега како анегдотални ги доживуваа сведоштвата дека некои животни се поднапиле, толкувајќи го тоа како случајност: животните наишле на овошја кои презреале, им требале калориите во нив а попат добиле и доза етанол. Таквото објаснување се темели на фактот дека еволутивните придобивки од опивањето не се очигледни, освен ако ...

Проблемот на докторката и активистка за транс-права, Џоана Олсон-Кенеди, е дека резултатите од студијата не само што ќе бидат „злоупотребени“ од критичарите на транс-терапија за деца, туку и дека истата би можела да се искористи на суд како аргумент „против користењето на блокатори за пубертет“. Критичарите, вклучително и колеги на Олсон-Кенеди од студијата, порачуваат дека оваа одлука е спротивна на сите истражувачки стандарди и дека ја лишува ...

За подобра перспектива на бројкава, Светската банка го проценува глобалниот БДП на околу 100 илјади милијарди долари (100.000.000.000.000$). Бројкава што ја бара рускиот суд изнесува 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000$. Пресудата е исход на судење кое се води веќе четири години и започна откако Јутјуб го забрани рускиот канал Царград во 2020, заради санкциите што САД ги воведе против неговиот сопственик. Претходно судот му нареди на ...

Просторот е дел од еднособен стан во центарот на Сан Хозе и е речиси идентичен на условите во кои живееше Хари Потер пред да тргне на училиште. Како што објаснува Гардијан огласот ја отсликува кризата со домување што се случува во САД каде половина од американските кираџии плаќаат повеќе од 30% од своите приходи за кирија и режиски трошоци, а кај половина од нив ова е над 50% од приходите. Позитивните страни на понудата се што вклучува клима и ...

Откако на анкетите имаше стабилно водство од три поени во националниот просек во поголемиот дел од септември, разликата на Камала Харис пред Доналд Трамп е намалена на само 1,4 поени. И во клучните држави се покажува само мала нејзина предност во една, во суштина мртва трка. Аксиос пишува дека многу врвни демократи приватно веруваат дека нивната кандидатка ќе загуби и тоа откако Демократите во последните три месеци потрошија 1 милијарда долари - ...

Страва е апликација за следење на фитнес активности која масовно и глобално се користи од оние кои пешачат, трчаат или возат велосипед, за да ги снимаат своите активности и да ги споделат своите достигнувања и успеси во онлајн заедницата. Ама, ја користат и телохранители од тајните служби задолжени за безбедноста на големите и најголемите светски лидери. На листата „откриени“ се Бајден, Трамп, Харис, Путин, Макрон... Преку Страва, новинарите на ...

41 милијарда долари од климатските финансирањa на Светската банка не се прокнижени како што треба заради лошото водење евиденција. Тоа се речиси 40 отсто од сите климатски фондови исплатени од Банката во изминатите седум години, пред неколку дена откри новиот извештај на Оксфам, меѓународна конфедерација на 21 организации кои се борат против светската сиромаштија. Нивната ревизија на климатското портфолио на Светската банка покажала дека за меѓу ...

„Менаџментот е апсолутно сериозен околу ова. Ова не се некои закани за време на преговорите за колективен договор. Ова е планот на најголемата индустриска група на Германија, да почне со распродавање во својата татковина Германија,“ изјавила претставничката на работниците во Фолксваген, Даниела Каваљо. Процените на Каваљо се дека Фолксваген би можел да отпушти околу 300.000 вработени, а таа тврди и дека сите германски фабрики на Фолксваген се во ...

Истражувањето што го објавува Вол стрит журнал е изработено од Келер адвајзори груп и според него во САД, на сите интернет платформи, има 27 милиони платени контент креатори. Од овие 27, 44% или некои си 12 милиони, изјавиле дека работат исклучиво како платени креатори. Под креатори се опфатени сите оние кои така се сметаат себе си, плус во изминатата година биле платени за својата работа. Истата оваа студија пресметува дека просечниот креатор ...

Италија потпиша декрет за депортација на Зулфиќар Кан, 54 годишен иман со седиште во Болоња. Пакистанец е кој во Италија има легално влезено уште во 1995 година. Дозволата за престој му е отповикана. Во административната белешка за неговото протерување од Италија, се наведува дека уште од 2023 година, однесувањето и проповедите на Кан застраниле во екстремен фанатизам. Неговата реторика била радикално анти-семитска, анти-западна, анти-жени, ...

Маж од Онтарио во доцни 40-ти години со историја на ментални проблеми биле еутаназиран, откако неговите „проценувачи на смртта“ одлучиле дека најразумно објаснување за неговиот физички пад е „пост-вакцинален синдром.“ И самиот термин е контроверзен -актуелниот канадски систем за пријавување несакани последици од ковид вакцинирањето не вклучува „синдром после вакцинација“. Се покрена прашање дали неговата состојба воопшто ги исполнувала ...

Сите овие стравови се поврзуваат со невротицизам, кој опфаќа негативни емоции како страв, тага и раздразливост, кои пак придонесуваат во влошување на здравјето на мозокот и телото на човекот. Најголема поврзаност меѓу невротицизмот и траењето на животниот век имало кај мажи, помлади од 54 години и без колеџ диплома. Бројките се од Универзитетот Флорида Стеј, кој анализира податоци (биолошки, генетски и здравствени) од 500.000 лица кои ...

Шреја лајф сајансес е сместена во северен Мумбај и од април до август годинава успева да извезе 1.111 сервери од Дел. Се работи за моделот Пауереџ ИксЕ9680, кој во себе ги вклучува моќните Х100 чипови на Нвидиа наменети за вештачка интелигенција. Вредноста на пратките се проценува на некои си 300 милиони долари и се увезени од две руски трговски компании. Во Индија серверите биле директно увезени од Дел интернешнл, и тоа околу 1.400 парчиња од ...

Во моментов АвтоВАЗ е фокусиран на „фундаментално различна голема платформа, врз која ќе се создаваат навистина големи автомобили од Д сегментот“, објаснува уредникот на рускиот „Зад воланот“, Максим Кадаков, за време на една обемна рецензија на Лада Аура. Под Д сегмент на АвтоВАЗ влегуваат седани и каравани од типот на Суперб, Пасат, А4 и Ц класа. Освен тоа Лада моментално работи и на караванот Лада Искра Крос, кој треба да се појави во ...

Најважното прашање за повеќето потенцијални гласачи е инфлацијата и зголемените трошоци за живот. Тоа се „многу важни прашања“ за 68% од испитаниците и „донекаде важни“ за уште 23%. Веднаш зад инфлацијата е слободата на говорот. Дури 63 отсто од испитаниците сметаат дека слободата на говор е „многу важна на овие избори“, а уште 27 отсто дека е „донекаде важна“. „Пораката е јасна“, коментира Натан Ханикат, истражувач за FIRE. „Американците сакаат ...

„Наша работа во Вашингтон пост е преку редакцијата да обезбедуваме непартиски вести за сите Американци за да им помогнеме на нашите читатели сами да одлучуваат“, напиша ЦЕО-то на Вашингтон пост, Вилијам Луис, во едиторијал кој обелоденува дека медиумот нема да поддржи ниеден кандидат на претседателската трка која влегува во финиш. Убаво тоа, читателите сами да решаваат, само што Вашингтон Пост тоа го нема направено уште од 1988 година. Оттогаш, ...

Трудот на Коперник е објавен во списанието Atmospheric Chemistry and Physics и од особен интерес бидејќи прави врска помеѓу силниот Ел Нињо кој се развива низ јужната хемисфера после продолжена Ла Ниња. Ел Нињо е позитивната фаза на природната климатска варијација ENSO (El Niño-Southern Oscillation), контрата е Ла Ниња која спушта температури. И во 2023 и во 1976 година, се случил необично силен Ел Нињо после продолжена фаза на Ла Ниња. Во 1976 ...

Полимаркет спровел истрага околу поголемите кладби што се ставаат на Трамп и открива дека неколку од сметките кои заедно потрошиле милиони долари, се од еден ист човек, кој инаку се клади и на други републикански кандидати на изборите на 5 ноември. Истрагата беше спроведена заради сомневања дека парите се ставени со цел штелување на шансите за победа во корист на Трамп, бидејќи Полимаркет е масовно користен и цитиран систем за предвидување и ...

„Не сакам веќе да работам во петоци. Едноставно не сакам. Петокот ми стана третиот ден од викендот. И го работиш само ако нема друга опција,“ ќе изјави ко-основачот на компанијата за организирање настани Солидсенс. Таа е една од 45-те компании кои учествуваа во 6-месечниот тест, во кој за 4 работни денови неделно вработените земаа полна плата. На крај 73% од учесниците изјавија дека се подготвени да ја направат промената перманентна и да го ...

На американските избори во 2020 година, интересен кандидат се најде на сцената за претседателска номинација на Демократската партија: Ендрју Јанг. Тој особено ја разбранува јавноста поради неговото ветување дека на сите ќе им дава по 1.000 долари месечно. Како и Трамп, и Јанг имаше стратегија да ја фокусира кампањата на едно единствено прашање: тоа што за Трамп беше миграцијата, за Јанг беше универзалниот основен приход (УОП). Неговата верзијата ...

Информацијата доаѓа директно од Фарли кој на поткастот „Фули чарџд поткаст“ изјавува: „Донесовме еден од Шангај во Чикаго и сега го возам веќе шест месеци. И не сакам да се откажам од него.“ Спид ултра 7 е луксузен електричен седан, кој е достапен исклучиво во Кина каде чини некои си 30.000 долари. Моделот има три верзии: СУ7, СУ7 Про и СУ7 Макс, од кои Макс верзијата минува 800 километри на едно полнење. Спид Ултра 7 беше најавен во декември ...

Веста ја објавува порталот Инфромејшн наведувајќи повеќе луѓе „директно вклучени“ во производство на компоненти за уредот, според кои намалувањето на производството започнало уште на почетокот од летово. Ова е знак дека Епл сега на залиха има доволно делови за Вижн про уреди за да ги исполни очекуваните идни нарачки за него. Претходно во повеќе наврати беше објавувано дека има мала побарувачка за уредот како последица на недоволно содржини за ...

"Центарот за борба против дигиталната омраза“ е сојузник на Лабуристичката партија на премиерот Кир Стармер и гласноговорник на неолибералниот тинк-тенк на лабуристите, Labour Together. И двата се основани од Морган МекСвини, сива еминенција заслужна за подемот на Стармер до Даунинг стрит. Обелоденетите документи имаат особено значење затоа што политичките оперативци на МекСвини ги подучуваа на изборна стратегија Камала Харис и Тим Волц, дотаму ...

Скопје

4ᴼ/4ᴼ
4.12
60%
1013

Белград

6ᴼ/3ᴼ
3.09
51%
1010

Софија

1ᴼ/1ᴼ
6.69
68%
1014

Сараево

6ᴼ/6ᴼ
5.37
52%
1012

Љубљана

4ᴼ/2ᴼ
2.06
91%
1003

Атина

20ᴼ/19ᴼ
5.66
55%
1007

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
2.06
50%
1011

Подгорица

9ᴼ/7ᴼ
1.54
66%
1011
Currency

61.525

Currency

58.4722

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.9161

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37941

Currency

0.52651

Currency

1.6957

Currency

0.6922

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $