Жената е првиот корисник на комората, а самоубиството го извршува на 23 септември во планинска куќарка во близина на швајцарската граница со Германија. Проблемот со трагите од давење, кои се уште не се официјално потврдени, е што Сарко тврди дека нивната комора ги убива луѓето преку рапидно намалување на нивоата на кислород, додека се одржува исто ниво на ЦО2 „што создава услови за мирна, па дури и еуфорична смрт“. По ова првиот човек на ...

Според анализата на финансиската компанија Номура, регистрацијата на бракови паднала за 25 отсто во третиот квартал од оваа година во споредба со минатата година, а годинешниов број се очекува да падне на најниско ниво од 1979 година, со само 6,4 милиони склучени бракови. Ова се загрижувачки показатели за земја која се соочува со брзо стареење на населението. И покрај обидите, политиките на Кина за зголемување на наталитетот сè уште се далеку од ...

Пред една година Конгресот донесе нов закон за членството на САД во НАТО кој предвидуваше дека евентуално излегување од Алијансата ќе мора да биде одобрено и од две-третини од Сенатот. Сега правни експерти објаснуваат дека Трамп би можел да се обиде да ги заобиколи НАТО ограничувањата воведени од Конгресот со помош на претседателските овластувања што ги има околу надворешната политика на земјата, „пристап што го користел и претходно за ...

Како од пушка, политичкиот коментатор на Си-ен-ен, Џамал Симонс, изјавува „Џо Бајден беше феноменален претседател“, за потоа да му накачи уште една обврска на 81-годишниот претседател, да биде „транзициска фигура“. Како да го направи тоа? „Тој треба да даде оставка на својата позиција во следните 30 дена и да ја назначи Камала за претседателка на САД,“ изјавува Симонс. Тој објаснува дека со ова Бајден ќе го исполни своето „последно ветување“ ...

Внатрешните борби се вонредно жестоки и затоа што ова се смета за клучен момент за редефинирање на Демократската партија и правецот по кој таа ќе се движи во иднина, откако старата елита несомнено е на заминување, што заради години, што идеолошки. До сега „најгласно“ беше писмото од Берни Сандерс кој ја обвини партијата дека ја напуштила работничката класа, порачувајќи „дали интересите на богаташите и добро платените консултанти кои ја ...

Едно сценарио што е разговарано е државниот Роснефт оил да стане сопственик на Газпром нефт и на Лукоил. Резултатот ќе биде компанија со капацитет помала единствено од Арамко. Освен поголемиот капацитет, новиот гигант ќе може да се избори и за повисоки цени од муштерии на пазари како Индија и Кина. Ваквата зделка ќе бара сериозен политички притисок бидејќи ниту раководството на Роснефт, ниту она на Лукоил не е пресреќно со таквиот план, плус ќе ...

Изборите кои требаше да се одржат за 5 месеци се презакажаа за во јануари 2025, откако се распадна владата на Олаф Шолц. Во одржувањето на предвремените избори се сомнева претседателката на германската изборна комисија, Рут Бренд, која за германските медиуми изјави дека „во денешниот свет е голем проблем да се купи хартија и да се завршат нарачките за печатење.“ Таа е и против одржување избори кратко по божиќните празници и чисто заради ...

Брзо се менуваат работите. До изборите, женските гласачи беа славени како очекуван глас на разумот во гласачките кутии. За демократските елити беше незамисливо жените да го поддржат Трамп. Не беа многумина оние кои пердупредуваа тврдеа дека идејата дека жените по дефиниција ќе ја одведат Камала до победа, повеќе е посакувано отколку реално. Трамп има речиси пет милиони гласови повеќе од Харис и убедливо ги освои и народните гласови и изборниот ...

Регионот се има соочено со слична, помалку жестока поплава во 1957 година, кога загинало 81 лице - долго пред глобалното затоплување да стане главното објаснување за лошото или непредвидливото време. После таа катастрофа, за да спречи да се повтори, шпанската влада има изградено низа пренасочувања на реки над Валенсија за да ја пренасочи водата подалеку од станбените области. Со децении системот функционирал добро. Во меѓувреме се проценило дека ...

„Ние изградивме надворешна политика на малтретирање, морализирање и држење лекции на други земји. Кинезите имаат надворешна политика да градат патишта и мостови и да хранат сиромашни луѓе. Треба да водиме надворешна политика и дипломатија на почитување, таква политика која нема да се темели на морализирање туку на националните интереси на нашата земја“. Во друга прилика и на друга тема, Џеј Ди Ванс порача дека американската поддршка за НАТО ...

Еве го мојот план да го сoпрам хемиското, физичкото и емоционалното осакатување на нашата младина. Уште првиот ден, ќе ја отповикам суровата политика на Џо Бајден за таканаречената „грижа за потврдување на родот“ - смешно - процес кој вклучува давање блокатори на пубертетот, мутирање на нивниот физички изглед и на крајот извршување операција на малолетни деца. Ќе потпишам извршна наредба со која ќе ѝ се наложи на секоја федерална агенција да ги ...

Ако немаме СЛОБОДЕН ГОВОР, тогаш едноставно немаме СЛОБОДНА ЗЕМЈА. Баш толку е просто. Ако се дозволи ова најфундаментално право да пропадне, тогаш и останатите наши права и слободи ќе се урнат како домино. Затоа денес го објавувам мојот план за разбивање на левичарскиот режим на цензура и да го вратам правото на слободен говор за сите Американци. Цензорскиот картел мора да биде размонтиран и уништен - и тоа мора да се случи веднаш. Еве го мојот ...

Протестите под име „Народен марш на Вашингтон“ се закажани за 18 јануари, два дена пред инаугурацијата на Трамп, и се организирани од повеќе организации по најразлични теми. Дозволата што е побарана за протестот гласи на 50.000 луѓе. Од денес од крајот на јануари се побарни повеќе од 10 дозволи за протестирање и собирање во Вашингтон. Меѓу организаторите е и „Женскиот марш“ женска организација која настана како резултат на гнев што Трамп ја ...

За сега не е познато како владата планира и очекува од социјалните мрежи да го спроведат овој лимит, но е познато дека има намера законот да го протурка низ парламентот во следните три недели. Една од главните дилеми на австралиската влада до сега беше дали границата да се стави на 14 или на 16 години. Целата работа е така поставена што децата кои ќе пристапат до социјалните мрежи нема да бидат казнети за тоа, ниту нивните родители, меѓутоа ќе ...

Во текст околу примирјето Форин полиси застанува на страна на светоста на државните граници и нивната непроменливост со сила како столб на меѓународниот поредок кој издржал цели 400 години. „Сепак, иако оваа дефиниција е посакувана таа во крајна линија е недостижна,“ пишува ФП. Тие објаснуваат дека Украина би можела да ја ослободи целата своја територија доколку САД и Европа и помогнат директно со сопствена војска. Ова би било спротивно на ...

„Поради цензурата на медиумите во Србија и неможноста граѓаните да бидат вистинито информирани за оваа тема, како и опасноста таа да биде заташкана, Индекс интензивно ја следи. Доколку имате информации, кажете ни на desk@index.hr. Написите можете да ги следите и на нашата апликација под тагот Нови Сад“, објави деновиве порталот Index.hr. „Па, колеги и колешки, точно е дека овдешните таблоиди се најлоши во регионот и стварно дека ги контролира ...

Најголем ќар, и процентуално и во вкупна сума на пари, има Илон Маск кој во еден ден е плус 10,1% од своето богатство или некои 26,5 милијарди долари. На второ и трето место, во проценти, се Лари Елисон и Ворен Бафет со по 5,4%. Ќарот главно се должи на скокот на берзите по победата на Трамп, по што вчера С&П 500 индексот порасна за 2,5% што е најдобар пост-изборен резултат на берзите во историјата. Иако не се меѓу најбогатите луѓе на ...

Tрката за претседател на САД не само што привлече големо медиумско внимание, туку и значително влијаеше на светот на преноси во живо. На изборниот ден, стотици стримери ширум светот во живо ажурираа резултати од гласањето, држава по држава. Ова доведе до значително зголемување на гледаноста за многу онлајн бродкастери, а одредени платформи достигнаа нови бенчмаркови за гледаност. Особено се истакна Рамбл (Rumble), платформа која ја фаворизира ...

Камала Харис стана позната по повторувањето на она нејзино, дека Америка може да стане „неоптоварена од она што било“ (овде имате 4 минути верглање, тоа па тоа). Така и бидна, само малку обратно од она што таа го мислеше. Америка сега е навистина „неоптоварена од она што беше“ во целосен пркос на демократите. Андреј Корипко (американски аналитичар кој живее во Москва) оценува дека тоа е така заради следниве елементи: 1. Економија, алоо, ...

Ем главниот конкурент на Нордиск, Илај Лили извади лек, Зепбаунд, кој има подобри резултати во слабеење од Вегови на Нордиск, ем патентот за семиглутиди што компанијата го има во Европа е пред истекување до 2031, а во Кина до 2026, по што ќе може да се појават генерички, и далеку поевтини, верзии на Оземпик и Вегови. За да остане пред конкуренцијата и рокот на патентите, Нордиск почна да работи на состојка наречена кагрилинтид, кој во ...

Како причина за отпуштањето на Галант, премиерот Бенјамин Нетанјаху наведува „криза на доверба“ која “полека се продлабочувала“, порачувајќи: „Сред војна, повеќе од кога и да е, неопходна е целосна доверба меѓу премиерот и министерот за одбрана.“ Именувањето на Кац треба да биде одобрено од владата, а потоа и од Кнесетот. Иако Галант е еден од столбовите на израелско-американските односи и има висок рејтинг во јавноста, тој има остри ...

Објаснувајќи ја поврзаноста на Маск со Кина, Блумберг пишува дека тој е веројатно единствениот странски инвеститор на кој му е дозволено целосно да ја контролира локалната подружница на својата компанија (нешто што не му е дозволено ни на Епл). Тесла во исто време е и првиот меѓународен производител на возила кој работи во Кина без партнерство со локален производител, луксуз кој го немаат ни Фолксваген, ни Генерал Моторс. Во април тој се сретна ...

Овој куп опфаќа од официјалните кампањи и групи подржани од милијардери, до мали групи со ниш интереси. На топ 100-те групи отпаѓаат 64,6% од сите пари потрошени на овие избори, а границата за влегување во топ 10 се донации од 259 милиони долари. Од 10-те најголеми донатори 7 се за Камала (вклучително и првите двајца), а три за Трамп. Овие 7 на Камала и испорачале 3,054 милијарди долари, а тројката на Трамп донирала 1,010 милијарди долари. ...

Приказната за Лего започнува во раните 1930-ти со Оле Кирк Кристијансен, дански столар од малиот град Билунд. Отпрвин правел мебел во својата скромна работилница, но големата економска криза го погодува неговиот бизнис и мора нешто да менува. Решава да прави дрвени играчки, одлука која, иако родена од неопходност, на крајот ќе ја трансформира иднината на неговата компанија. Кристијансен ја правел секоја играчка со исклучително внимание, ...

Ставка по ставка од техничката спецификација Т-72 не е ништо подобар од новите модели на руски (Армата) или американски (Абрамс) тенкови кои излегоа на военото поле, меѓутоа како збир од сите свои карактеристики, тој доминира над конкуренцијата. 72-ката има поедноставна механика, поевтина надградба, а и покрај големиот број на уништени тенкови од овој модел, „неговата леснотија на одржување, способноста за чистење мини и компетентни екипажи ја ...

Извесен Тони Флин го обвинува својот поранешен шеф за сексуално малтретирање затоа што во една прилика му го нарекол „глупа пиздо ќелава“. Прескокнувајќи го делот со „пиздо“, панелот судии заклучува дека терминот „ќелав“ е „сам по себе поврзан со пол“, па неговото користење против маж може да биде прекршување на законите за рамноправност, „или со други зборови 'ќелав' е сексуална навреда.“ Според британски Телеграф, панелот од тројцата судии на ...

Илон Маск се соочува со имиграциски проблеми за наводно нелегално работење во Америка без дозвола за работа и веројатно би можел да биде депортиран, му дојавил на Њусвик правен експерт. Најновата хајка против него претходно ја започна Вашингтон Пост обвинувајќи го Маск дека работел нелегално во САД, притоа повикувајќи се на „поранешни деловни соработници, судски досиеја и документи на компанијата“. „Работењето без дозвола е јасно прекршување на ...

Постојат држави кои промислено пристапуваат кон своите стратешки ресурси, користејќи ги за да ја подигнат сопствената развиеност, животниот стандард и за да ги одбранат своите национални интереси. Од друга страна, многу држави, особено на сиромашниот глобален југ, прелесно дозволува раздавање на клучните ресурси и предавање на стратешките суровини и инфраструктура и тоа го плаќаат со лош животен стандард и фактичко губење на сувереноста. ...

„Овој пат Хилари Клинтон не ламентира за „републиканскиот шљам“ (Basket of deplorables). Наместо тоа, заедно со Камала Харис, таа одбра да ги означи Доналд Трамп и неговите поддржувачи како фашисти. Различни зборови со исто значење: секој што ќе го поддржи кандидатот на Републиканската партија на претседателските избори во САД следната недела ќе донесе црнокошуљаши и стормтрупери“, пишува Џоел Коткин. Но, за многу Американци, вистинскиот шљам ...

Во последните денови од претседателската кампања, Доналд Трамп и неговиот потпретседател покренаа јавни напади врз надворешно-политичките јастреби кои страсно се залагаат за воени интервенции во светот и по таа линија природно се спротивставија на неговата кандидатура. На мета се најде поранешната конгресменка Лиз Чејни (ќерка на екс потпретседателот Дик Чејни) која Трамп ја нарече радикален воен хушкач и ѝ предложи како таква, барем еднаш да ...

Скопје

3ᴼ/3ᴼ
3.6
60%
1013

Белград

5ᴼ/3ᴼ
2.78
56%
1009

Софија

1ᴼ/0ᴼ
3.6
71%
1014

Сараево

5ᴼ/5ᴼ
4.23
57%
1012

Љубљана

4ᴼ/2ᴼ
2.06
91%
1002

Атина

20ᴼ/19ᴼ
6.26
55%
1007

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
1.03
43%
1011

Подгорица

8ᴼ/7ᴼ
1.54
66%
1011
Currency

61.525

Currency

58.4722

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.9161

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37941

Currency

0.52651

Currency

1.6957

Currency

0.6922

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $