СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека во недела (19.01.) по повод верскиот празник Водици, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром. Така, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски” на потег од ...

Според она што го пишуваат дел од медиумите, уапсен е Раде Трајковски-Штекли при обид за бегство во близина на хотел во околината на Гевгелија. Според пишувањата, оваа акција на МВР следува по сузбивањето на арачиновската група Беланоца. Штекли се сомничи за трговија на дрога. Тој наводно предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства, пишува 360. Подоцна за истиот портал од Основното јавно ...

Под раководство на надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за претрес на службени простории и лице, вчера единиците на МВР приведоа полициски ...

Адвокатската комора на Србија (АКС) на својата денешна вонредна седница соопшти дека одлучила целосно да ја прекине работата на адвокатите низ Србија на 7 дена, до 20 јануари, како поддршка и приклучување на барањата на студентите. Одлуката ќе биде објавена на веб-страницата на АКС и ќе биде доставена до државните органи и до сите адвокатски комори на АКС, се вели во соопштението. Ќе стапи во сила и по објавувањето на веб-страницата на АКС. ...

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) изврши вонредни инспекциски надзори во врска со починатото дете Н.А. од село Пеширово, Општина Свети Николе. Инспекцискиот надзор за смртта на деветгодишното дете е извршен почнувајќи од матичниот лекар во Свети Николе, потоа во Клиничка болница-Штип и во Клиниката за детски болести во Скопје, каде што и почина. Според инспекцискиот надзор, нема констатирано недостатоци трите институции. ...

Намалена видливост поради магла до 100 метри има во Крива Паланка, Страцин, Штип, Битола, Ресен, Македонски Брод и Плетвар, информира ЈП „Македонија пат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Претпријатието со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучено во расчистување на патиштата, а на располагање се и фирмите со кои соработуваме , како навремено би се справиле со снежните ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „разбојништво“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот 72-годишник на 15 јануари 2025 година влегол маскиран во канцеларија за кредитирање на улицата „Прилепска“ во Битола и со ...

На 18 јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува за големото торжество што ја очекува следниот ден. Затоа, поради важноста на јавувањето на Света Троица во водите Јордански, овој ден е наречен Навечерие на Богојавление (Водокрст, Водопост), и за него е определен еднодневен пост, како воведение во празникот на Просветлението. Мерата на постот за верниците, како и за ...

Над 220 граѓани утре ќе се обидат да го фатат крстот што ќе биде положен во реката Вардар во Скопје, по повод празникот Богојавление-Водици. Осветувањето на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст и оваа година традиционално го организира Скопската православна епархија при МПЦ-ОА. Како што изјавија за МИА од Скопската православна епархија, литургијата ќе почне утре во 9 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, ...

Судиските одлуки беа во корист на Холанѓаните, а сето тоа придонесе до очекуван револт кај нашите навивачи во Вараждин, пишува спорт1.мк. По натпреварот судиите и холандските ракометари веднаш побегнаа од паркетот и не го дочекаа вообичаеното прогласување на најдобриот во натпреварот. Пред заминувањето, селекторот на Холандија, Штафан Олсон, сакаше да се пресмета со нашата клупа и селекторот Лазаров. РФМ преку генералниот секретар Филип ...

Ракометната репрезентација на Македонија попладнево загуби од Холандија со 37-32 (18-15) во вториот натпревар одигран на Светското првенство во салата во Вараждин. Еден од клучните показатели за поразот се 14 изгубени топки на македонските ракометари, кои се премногу кога играме со противник од таква класа како Холанѓаните. Откако заминавме со три негатива на полувреме, во второто полувреме противникот го крена темпото, па во еден момент губевме ...

Веста дека француската дизајнерка Ен (53) станала жртва на измама во која изгубила 830.000 евра, верувајќи дека му помага на актерот Бред Пит, го обиколи светот, по што се огласи и самиот актер, пренесува мондо.рс. А во меѓувреме било откриено каде се наоѓа измамникот, но и дека не престанал со крадење слики на познатите. Big story in French news today: A 53-year-old woman was scammed out of €830,000 by someone posing as Brad Pitt who said he ...

Пејачката Ана Бекута на 17 години, како средношколка, го роди синот Игор. Никогаш не криела дека откако рано станала мајка, поминала низ тешки моменти, кои за среќа успеала многу брзо да ги преброди. Успеала и на својот син да му обезбеди безгрижно детство и нормален живот, пренесува курир.рс. „На седумнаесет години имав здрава и зрела одлука да родам дете, што и да се случува на овој свет. Бев малолетна, односите во семејството, селото, ...

Во зелка од Северна Македонија откриени се остатоци од пестицидот имидаклоприд што е забранет во ЕУ, а 0,029 мг/кг супстанца е пронајдена во примерок од зеленчукот што требало да заврши во хрватските продавници, јавија хрватските медиуми. Според нив, тоа се случило на хрватската граница, па инспекторите веднаш наредиле да се уништи целата пратка свежа зелка од Северна Македонија. Со одлука на Комисијата на ЕУ, забранета е употреба на ...

Вашингтон се подготвува за многу работи оваа недела, вклучително и уште неколку дена ниски температури и за претседателската инаугурација и слични протести низ градот следната недела, јави ВОА. Официјалните лица оваа недела рекоа дека очекуваат околу 250.000 лица со билети да бидат во главниот град на САД додека Доналд Трамп повторно полага заклетва како претседател. Последен пат ја извршуваше од 2017 до 2021 година. Се очекуваат помалку ...

Постар маж денеска извади нож и се закани на студентите на Медицинскиот факултет во Нови Сад кои протестираат. Тој им пришол на група студенти на блокадата и замавнал со нож кон еден од редарите. По кратко време, судентите го совладале и му го одзеле ножот од рака. Тежок инциодент се случи вчера во Белград кога за време на блокада, студентка по право беше удрена од автомобил додека стоеше на тротоар, при што е тешко повредена. Таа се наоѓа во ...

Железничката пруга Куманово – Бељаковце, дел од Коридорот 8, денеска беше пуштена во употреба. Пругата е со должина од 30,8 километри и вклучува три нови железнички станици, шест стојалишта, пет мостови, еден тунел и многу други инфраструктурни објекти. Премиерот Христијан Мицкоски, на настанот по повод пуштање во употреба на пругата, изјави дека Коридорот 8 претставува подеднакво значаен и стратешки проект заедно со Коридорот 10. -Овие два ...

Општа болница со проширена дејност “Борка Талески” во врска со смртта на двете бебиња, информиаат дека блзиначињата биле недоносени, родени во 34-та гестациска недела и по барање на мајката новороденчињата биле испишани од болницата на 10 јануари 2025 година. -На 30.12.2024 година, во нашата установа, мајка родена во 2001 година, во својата четврта бременост (близначка), се породи спонтано. Близначињата се недоносени, родени во првото ...

Главниот град на САД, Вашингтон, е замрзнат поради температурите под нулата, а церемонијата на инаугурација на Доналд Трамп в понеделник би можела да остане запишана во историјата како најстудената заклетва во последните децении, јави ДПА. Иако не се очекува да биде толку студено како за време на вториот мандат на Роналд Реган во 1985 година, кога напладне живата достигна речиси минус 14 степени Целзиусови, според Националната метеоролошка ...

Неразумното расфрлање со народни пари од пратениците во име на патни трошоци продолжува. За удобно патување на претставниците во законодавниот дом од народни пари е платено 300.000 евра за изминатата 2024 година, односно околу 280.000 евра е потрошено за претходната 2023 година, се вели во соопштението на Левица . Затоа, додаваат од партијата, нашите пратеници во понеделник до Собранието ќе поднесат Закон за патни трошоци со кој драстично ќе се ...

Критична е состојбата на момчето од Волково, кое вчера качено на цистерна-вагон доживеало струен удар, изјавија попладнево за МИА од Ургентниот центар. – Пациентот примен преку Ургентниот центар вчера со изгореници е во критична состојба и хоспитализиран на интензивна нега. Медицинските тимови ја пружаат потребната здравствена заштита, согласно медицинските протоколи и прават максимални напори за спасување на неговиот живот, појаснија од ...

Да се намалат административните пречки и сите останати бариери за трговија во земјите од регионот, порачаа учесниците на меѓународната конференција што ја организира Паневропската унија на Македонија. Тие ја нагласија улогата на бизнис дипломатијата, нарекувајќи ја мост што ги поврзува економските и политичките интереси, но укажаа и дека членството во ЕУ од економски аспект носи голем број бенефиции, како и обврски. -Современата дипломатија ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на работна средба го примил Карло Реслер, европратеник и ко-претседавач на Мешовитиот парламентарен комитет на Република Северна Македонија и Европската унија. На средбата, соопштија од МНРиНТ, се дискутирало за напредокот на државата кон европската интеграција, идните чекори во процесот, како и можностите за зајакнување на соработката. Министерот Муцунски ја потврдил ...

Кинеската воена индустриска база расте и активно го поддржува рускиот воено индустриски комплекс и Кина брзо го проширува својот воен арсенал, вклучувајќи го и нуклеарниот, без каква било форма на транспарентност, порача досегашниот претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер. – НАТО е сериозно загрижен од улогата што Кина ја игра во меѓународната безбедност. НАТО експлицитно и порача на Кина: не можете да седите на две столици. ...

Неоправдан е едностран пристап што му го порекнува правото на македонскиот народ на свој јазик и идентитет и со кој се тврди дека македонската нација е создадена по вештачки пат. Според таа логика, може да се постави прашањето „која нација во Европа не е ваштачка?“. Ако се следи таквата перспектива, тоа ќе отвори бројни спорови меѓу Австрија и Германија, Белгија и Холандија, Шведска и Норвешка и тој список може да продолжи уште подлабоко во ...

Комисијата за социјална политика, демографија и млади засега нема претседател откако Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути од функцијата, поднесена по изгласувањето на нејзината интерпелација минатиот петок, затоа што одбиваше да го стави на дневен ред законот за бранителите. Од пратеничката група на „Вреди“ оставката ја оценија како признавање на слабост и глумење жртва, но дека тоа „не може да ја спаси од каењето по обидот да ...

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска го одржува протестот пред Министерството за финансии. Како што е најавено, протестот ќе трае од 11:00 – 12:00 часот. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски вчера, на предупредувачкиот получасовен протест пред Државниот завод за статистика, изјави дека 988 вработени се уште немаат земено плата за декември иако е истечен законскиот рок. ...

Од денеска треба да почне вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за смртта на деветгодишното дете од Свети Николе, кое почина во вторникот на Детската клиника во Скопје. Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов за МИА рече дека не може да даде изјава бидејќи има смртен случај. Неговата портпаролка не сакаше да даде детали, туку кусо одговори дека „штом заврши надзорот, ќе извести“. Извори од Инспекторатот за ...

Актерот Силвестер Сталоне, пејачот Кид Рок и борачот Хулк Хоган се само дел од славните имиња поканети на инагурацијата на новиот американски претсдател Донал Трамп на 20 јануари, додека многу бизнис лидери од технолошкиот свет се во трка да добијат покана. На листата на поканети, нема многу државни лидери. Македонскиот претседател Христијан Мицкоски потврди дека добил покана. Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцински најави дека со ...

По завршувањето на истражната постапка што ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во која учествуваа полициски службеници од Истражниот центар на ОЈОГОКК и од Одделот за организиран и сериозен криминал на МВР на РСМ, јавниот обвинител од ова обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје поднел обвинение против 10 лица и едно правно лице. Како што соопштија денеска од Јавното обвинтиелстов на ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
3.6
86%
1032
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1032
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
81%
1032
weather icon

Софија

-5ᴼ / -5ᴼ
1.03
93%
1031
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.47
66%
1029
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -2ᴼ
1.03
91%
1032
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.79
60%
1026
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Подгорица

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -2ᴼ
2.57
86%
1028
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1032
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1028
Currency

61.53

Currency

59.7076

Currency

72.8354

Currency

36.971

Currency

41.2047

Currency

65.2769

Currency

8.15121

Currency

0.58454

Currency

0.38197

Currency

0.52546

Currency

1.68497

Currency

0.68965

Алуминиум

2.68

Кобалт

30.86

Никел

15838.50

Рутениум

14885.80

Калај

29.54

Сребро

975.48

Злато

86893.38

Бакар

8.74

Паладиум

30060.95

Платина

30617.86

Родиум

149500.97

Цинк

2.88