Амбасадата на Сојузна Република Германија во соработка со Доброволното противпожарно друштво – Кочани во текот на оваа година ќе реализира заеднички проект за справување со последиците од катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“. Во рамки на иницијативата на потпишани се договори за донации како дел од Фондот за мали проекти на Амбасадата, а партнери во спроведување на проектот се македонската Комора на психолози, ДПД и ТППЕ – Кочани и ...

На 10.04.2025 во 18.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.С.(22) од Штип затоа што се заканувал на неговата 30-годишна сестра и покрај тоа што од Основен суд Штип е издадено решение со кое му се забранува да ја вознемирува и малтретира. Имено, додека полициски службеници биле во нејзиниот дом, постапувајќи по претходна пријава за неговата сестра дека ѝ се заканувал, дошол Б.С. и раце и остар предмет удирал по ...

Судскиот Совет го објави наодот на работната група во врска со предметот против Менсур Пајазити, кој беше осуден на две години затвор за прегазувањето на 22-годишната Теодора Ристовска. Работната група потврди дека судијата Ељведин Ферати не можел да досуди повисока казна поради членот 428 од Законот за кривична постапка, кој забранува менување на пресудата на полошо ако жалбата е изјавена само во корист на обвинетиот. Како поткрепа на ...

Синдикатот на УПОЗ, по барање на група вработени лица, членови на Синдикалната организација при КПУ Затвор Штип, во однос на заштита на работничките права, денеска објави реакција во врска со прес-конференцијата одржана завчера од директорот на дирекцијата за извршување на санкции Александар Пандов и директорот на КПД – Штип Дејанчо Здравков за фрлена дрога преку ограда во затворот. Во реакцијата се наведува дека на прес – конференција ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека суспензијата на американските реципрочни санкции претставува „кревка пауза“ и оти Европа мора да продолжи да работи на контрамерки за да се заштити. Тој додаде дека Европската унија треба да се заштити „од текови од трети земји“, особено Кина, која останува максимално оданочена, а чиј прилив на производи може да доведе до нерамнотежа на пазарот. Американскиот претседател Доналд Трамп, ...

Дел од онколошките пациенти повторно останаа без лекови. Речиси месец дена нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало и за меланом и карцином на бели дробови, реагираат од Здружението Хема – Онко. Ана Марјановиќ од Здружението Хема – Онко истакна дека тендерските процедури за годишната набавка и административните кочења се причина што тешко болните се оставени без терапијата која им е неопходна. Од Клиниката информираат дека ...

Утре во Кочани со симболичен почеток од 12:05, како симбол на задоцнетата реакција на институциите, семејствата и блиските на 61-та жртва на катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ ќе излезат на втор по ред протест насловен како „Задоцнета реакција“. Маршот ќе започне од Градскиот парк, по што семејствата со сликите на загинатите ќе се упатат кон Градскиот трговски центар, каде е лоцирано демолираното кафуле „Класик“ во сопственост на истиот ...

Американскиот глумец Ерик Дејн, познат по својата улога во ТВ-серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), откри дека боледува од амиотрофична латерална склероза (АЛС). Станува збор за невролошко заболување на мускулите и засега нема познат лек за таа болест. – Дијагностициран ми е АЛС. Благодарен сум што го имам моето прекрасно семејство покрај мене додека го почнуваме ова ново поглавје во животот. Љубезно Ве молам да ми дозволите мене и на ...

Вандализирана е новата детска градинка во Бутел, информираше утрово градоначалникот, Дарко Костовски. Тој на Фејсбук објави фотографии од вандализмот на, засега, непознати стрители. – МВР веќе има лоцирано осомничени лица, за многу скоро очекувам остра и брза акција. Одговорност и кривични пријави согласно закон. Направена е голема штета во новата граника во Бутел 1, истата е во план да се пушти во употреба во месец септември 2025 година. ...

Американските власти до септември оваа година ќе ја утврдат причината за аутизмот, изјави американскиот секретар за здравство Роберт Кенеди Џуниор. „Ќе знаеме до септември. Почнавме масовно тестирање и истражување во кое ќе бидат вклучени стотици научници од целиот свет“, рече Кенеди на состанокот на кабинетот на претседателот Доналд Трамп. „До септември ќе знаеме што ја предизвикало епидемијата на аутизам и ќе можеме да ги елиминираме тие ...

На едно место денар, на друго десет за една иста услуга. Колку го плаќаме комфортот на безготовинското плаќање? Различно, а понекогаш во значаен процент што создава горчина кај граѓаните по извршената трансакција, дури и за минимални износи. Извесно е дека конфорот, што треба да биде придобивка на ова дигитално време го плаќаме од сопствениот џеб. Нашите анализи покажаа дека различни институции процентуално наплаќаат различно. Плаќањето со ...

Шест лица, семејство шпански туристи и пилотот, загинаа при пад на хеликоптер во реката Хадсон кај брегот на Њу Џерси. Меѓу жртвите, според полициски извори, е и Агустин Ескобар, директор од Сименс, заедно со неговото семејство. Како што изјави комесарот на њујоршката полиција Џесика Тиш, повикот до итната помош пристигнал во 15:17 часот. „Пријавена е хеликоптерска несреќа во реката Хадсон во близина на паркот Пјер А во Хобокен, покрај брегот на ...

Од пред Владата преку Судскиот совет и законодавниот дом до Кривичниот суд, попладнево се одржа четвртиот протестен марш на граѓанската иницијатива „Кој е следен?”, барајќи правда за жртвите во досегашните трагедии кои се случени како последица на нефункционалноста на системот. Како што изјави претставничката на граѓанската иницијатива Анастасија Митревска, денешниот протест е за сите барања на иницијативата изнесени во јавноста, а дел од нив и ...

Убавината не е само надворешна, туку и она што зрачи одвнатре. Токму овој внатрешен сјај доаѓа до израз кај одредени хороскопски знаци и ги прави неодоливи. Нивната аура, однесување, насмевка и елеганција често засенуваат се околу нив. Ова се три хороскопски знаци кои се истакнуваат по својата убавина. Вага – природна елеганција и симетрија на лицето Вагите често се сметаат за најубав знак во хороскопот, а нивната убавина обично е придружена со ...

Во врска со објавата на Јавното обвинителство на Република Македонија за започнување истрага поврзана со измами со т.н. „брзи кредити”, како и поведувањето на кривична постапка против едно службено лице во рамки на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, информираме дека Фондот во целост ја поддржува работата на надлежните институции и ги обезбедуваше сите потребни информации за спроведување на истрагата, се вели во соопштението од ФЗО. ...

Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, денеска изјави дека нема да соработува со новинари кои во своите мејлови ги наведуваат заменките со кои сакаат да им се обраќаат или го нагласуваат нивниот родов идентитет. „Секој новинар кој ќе избере да вметне произволни заменки во биографијата, очигледно не се грижи за биолошката реалност или вистината и затоа не може да му се верува да напише искрена приказна“, изјави Ливит за „Вашингтон пост“. ...

Тензична е атмосферата меѓу советниците на општина Кочани пред понеделничкиот избор на в.д. градоначалник на втората најголема општина на Истокот, по оставката на Љупчо Папазов заради катастрофалната трагедија во дискотеката Пулс. Веќе споменатиот потенцијален кандидат за градоначалник, независниот советник Венко Крстевски, во објава на фејсбук ги прозва ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за нивните план за предлог кандидати: На објавата Крстевски додаде: „Тоа е ...

Општина Штип на системот „градежно земјиште“ објави 10 парцели со намена А1 – станбено домување во куќи, кои што се наоѓаат во населба Три Чешми или поточно на локалниот пат од левата страна кон селото Сушево. Овие парцели се со површини од 350 до 400 м2 и нивната катност е приземје, два ката и поткровје. Рокот за пријавување на сите заинтересирани е до 28-ми април и оние коишто имаат намера да се пријават имаат обврска да извадат банкарска ...

Уште еден од повредените лица во пожарот во Кочани, кој беше на лекување во Бугарија, денеска се враќа во земјава, соопшти Министерството за здравство. Во странство, во моментот се хоспитализирани 55 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти. Во болниците во земјава во моментов се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршката клиника „Св.Наум ...

Владимир Трајковски, македонски генетичар и професор по хумана генетика во едно видео упати совет, поточно не ги советува родителите на дечиња со аутизам дека „понатамошни вакцинации на децата и кај што има доказ дека веројатно вакцината е причинител“. -Ако родителите имаат доказ дека вакцината е причина за аутизам јас не им советувам понатамошна вакцинација на децата, рече меѓу другото д-р Трајковски Ова го налути д-р Драган Даниловски, познат ...

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против вкупно 43 лица кои со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами на граѓани со „брзи кредити“. -За четворица од осомничените, меѓу кои и едно службено лице од Фондот за здравствено осигурување, е поведена истрага за кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, Злоупотреба на лични ...

Во рамки на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, биле издадени 1001 платни налози, најмногу во текот на овој месец. МВР денеска соопшти дека најбројни се прекршоците на непрописно паркирање (241), потоа прекршоците по основ на ...

Работната група до претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски го доставила извештајот за случајот со Теодора Ристовска, која беше прегазена на пешачки премин во Тетово, а на обвинетиот Менсур Пајазити доби две години затвор. Работната група, составена од три члена, требаше да го разгледа предметот од првиот ден кога обвинението влегло во судот па се до понеделникот кога по вторпат почна и заврши во тетовскиот суд. -Завршена е работата ...

Глобалната трговија продолжува да се соочува со сериозни нарушувања и покрај паузата во „реципрочните“ царини, изјави Дебора Елмс, директорка за трговска политика во Фондацијата Хинрих во Сингапур. – Паузата на царините не се однесува на сите царини. Целиот свет сега има царини од 10 отсто, што не беше случај пред недела – плус 25 отсто за челик, алуминиум и производи од тие метали. Плус 25 отсто за автомобили, изјави Елмс за Ал Џезира. Таа, ...

МВР денес информира за уште еден пијан кумановец. На 09.04.2025 во 16.45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А.(31) од Куманово. На ул.„Теофан Економов” во Куманово, тој со возило „сеат леон” со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во мопед „хамачи” и патничко возило „фолксваген голф”, двете со кумановски регистарски ознаки, а по преземени ...

Пренатрупаноста, недоволната инвестиција во инфраструктурата, нецелосно воспоставен видео надзор, недостатокот на медицински персонал и несоодветната техничка опременост влијаат негативно врз обезбедувањето хумани услови за лицата лишени од слобода. Дополнително, ограничената примена на пробациски мерки и недоволната постпенална поддршка ја намалуваат ефикасноста на ресоцијализацијата, додека нерегуларниот надзор ја доведува во прашање ...

Владо Георгиев одлучил да не јаде 10 дена за да го исчисти телото од токсини. Поради оваа причина, Георгиев последните неколку дена е на строг режим кој вклучува целосно исфрлање на храната. Пејачот внесува само течност во телото, а за целиот процес на социјалната мрежа Х секојдневно ги известува своите следбеници. 223. SAT, GOSPODO🎩 Target je 240 sati što je PUNIH DESET DANA bez trunke hrane, samo na vodi, čajevima & espresso ☕️ Priznajem, ...

Продолжува потрагата по исчезнатото повозрасно лице од селото Степанци во Општина Штип, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Лицето последен пат било видено на 5 април 2025 година, а за исчезанто било пријавено на 7 април 2025 година во 16:20 часот на бројот за итни случаи 112. – За неговото исчезнување се известени МВР Штип и Општина Штип, а и други институции и служби, здруженија и граѓани кои можат да помогнат и помагаат ...

Семејството на тргично загинатата Тедора Ристовска(22) од Тетово јавно се заблагодари на целата јавност, медиумите, и премиерот. Благодарноста е за поддршката и реакцијата на срамната одлуката на судијата Евљедин Ферати, кој сам си ги поправал оценките за просек, а кој досуди само две години затвор за Пајазити, кој во 2022 година смртно ја прегази Теодора…. -Искрено се надеваме дека Судскиот совет ќе изреагира адекватно во врска со скандалозната ...

Во Основниот суд во Корча вчера се одржа второто рочиште по тужбата поднесена од фондацијата „Бугарска меморија“ од Бугарија, против единствената партија на Македонците во Албанија – Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Адвокатите на фондацијата „Бугарска меморија“ во своето излагање пред судот тврдеа дека МАЕИ со официјален допис до албанскиот државен врв и меѓународните институции побарала забрана на активностите на оваа ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
37%
1010
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
44%
1011
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
5.66
37%
1011
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
63%
1012
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
4.68
76%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
70%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
46%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
59%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
45%
1015
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
7.2
66%
1013
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
2.57
81%
1011
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.17
59%
1013
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.1002

Currency

65.8687

Currency

7.42141

Currency

0.65923

Currency

0.37999

Currency

0.52523

Currency

1.42309

Currency

0.63428

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52