
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Утре во Гевгелија во Театарот, а задутре, четврток, 10 април со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонијата ќе се одржи музичко-поетска вечер со Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“. Скопскиот концерт е завршница на серијата концерти од овој формат кој подразбира спој на музика и поезијата на првиот виолист во Филхармонија, Виденовиќ и неговите врвни млади колеги, Памела Велкова (виолина), Верица Ајтовска (виола), Енис Аљи (виолончело) ...
Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски во изјава за МИА вели дека побарале увид во предметот за пресудата за Теодора Ристевска која беше прегазена во сообраќајна несреќа во Тетово. Тој нагласува дека доколку има пропусти ќе реагираат. – Веднаш побаравме да видиме што се случува, предметот е побаран и треба да ни биде испратен. Ќе извршиме увид и доколку има пропусти ќе реагираме, доколку е сè во ред, ќе соопштиме, рече тој. По ...
Односите меѓу Арбен Таравари и лидерите на другите партии во коалицијата ВЛЕН, која е дел од владејачкото мнозинство, се значително затегнати. Главната точка на несогласување се однесува на заедничкиот настап на претстојните локални избори, но во позадина се наѕира и прашањето за можно приближување на Таравари кон ДУИ. Лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, денеска отворено побара од Таравари да се изјасни – дали останува дел од ВЛЕН или ...
Образованието, вработувањето и домувањето се најголеми предизвици кај Ромите, велат нивните претставници на денешното одбележување на Меѓународниот ден на Ромите во општина Штип. 41 ромско семејство во Штип има проблем со домувањето, па општината ќе им обезбеди типски куќи, кои треба да бидат готови наскоро. Општината на најдобрите ромски ученици и студенти им додели вредносни ваучери. Во Македонија живеат 53.879 Роми или 2,66% од вкупното ...
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик. – Осомничените, на возраст од 20 и 25 години, од користољубие лишиле од живот нивен соселанец. Ноќта меѓу 24 и 25 март се договориле да извршат кражба во домот на ...
Со читање на писмените докази од страна на одбраната, денеска продолжи повторениот судски процес за обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми, и ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, како правно лице, кои се обвинети за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, а во врска со пожарот што на 8 септември 2021 година изби во модуларната болница во Тетово при што животот го загубија 14 лица. Откако одбраната ги прочита писмените докази кои тие ги ...
В.Д директорот на специјализираната болница за геријатрија и палијативна медицина, Мухсин Арифи е приведен под сомнение дека зел мито за да хоспитализира пациент заедно со уште едно лице коe посредувалo, дознава Телма. Неофицијално се работи за сума од 20 илјади евра. „Во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и МВР приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и ...
Лекувањето на четворицата повредени во пожарот во Кочани, Република Северна Македонија, кои денеска ќе бидат отпуштени од болницата Пирогов, ќе продолжи во болницата, изјави за новинарите Хуанита Соколова, родител на едно од децата примени во медицинската установа. Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува ...
Царински службеници на влез во државата на граничен премин Блаце запленија 504 кутии со 126 килограми тутун за наргиле во вкупна вредност од 971.772 денари. Тутунот за наргиле е откриен при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички. Патникот кој инсистирал побрзо да помине поради сомнително однесување е селектиран за детална контрола при што се пронајдени 504 кутии од 250 грама тутун за наргиле со вкупна тежина од 126 килограми. ...
Уште еден пијан возач е уапсен вчера во Теотово. -На 07.04.2025 во 14.10 часот на улица „Маршал Тито” во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.Д. (42) од Скопје. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, кое Б.Д. го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под ...
По скандалозната пресуда на Евљедин Ферати, за смртта на Теодора од Тетово јавноста се згрози. Пајазити доби само две години затвор за усмртување на Теодора. Ова беше поттик и за трагично загинатата Фросина, Росица Кулакова да регира. Таа на Фејсбук напиша: -Кога најнеправедните седнуваат во највисоките столчиња на правдата, тогаш таа станува пародија. Каква правда можеме да очекуваме кога токму неправдата е темелот на кариерата на тие што треба ...
„Корупцијата убива надеж. Ги тера младите да си заминат. Ги обесхрабрува чесните. Го подрива општеството. Сакам да подвлечам дека корупцијата е најголема пречка за растот, развојот и иднината на една држава. Не смееме да делуваме отсутно и да не зборуваме за случаите кои силно удираат по правдата”, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Премиерот Мицкоски истакна дека е згрозен од пресудата за случајот во Тетово, каде младата Теодора ...
Четворица од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување. Раководителката на Клиниката за изгореници и пластична хирургија во болницата Маја Аргирова, за БТА изјави дека сите четворица се во добра состојба. Дадени се инструкции за натамошен третман, во тек е лабораториско следење на нивната клиничка состојба, а во зависност од состојбата ќе се проценува ...
Во две училишта во Скопје утрово се добиени дојави за поставени бомби, но по утврдената проверка е утврдено дека се работи за лажни дојави. – На 08.04.2025 во СВР Скопје од две училишта во Скопје е пријавено дека на електронските адреси добиле дојава за наводно поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави, информираат од ...
Припадници на Канцеларијата на Европското јавно обвинителство (ЕППО) во Загреб и Канцеларијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) во заедничка акција извршија упад во Министерството за надворешни работи и европски прашања, на чело со министерот Гордан Грлиќ Радман, каде што спроведуваат итни доказни дејствија поврзани со незаконско користење средства. ЕППО соопшти дека овие итни доказни дејствија, кои се спроведуваат ...
СВР Штип инормира дека вчера се повредени двајца работници на работни задачи, едниот во рудникот во Пробиштип, а другиот во фирма во селото Соколарци. -На 07.04.2025 во 15.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека Итна медицинска помош со повреди бил донесен В.С.(57) од село Спанчево, кочанско. Според проијавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фирма во село Соколарци. Увид бил извршен и се работи ...
ЦУК информира дека е исчезнто лице од штипско. -Пријава за исчезнато повозрасно лице од село Степанци (Општина Штип) е добиена преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, извести Регионалниот ЦУК Штип. Пријавителот изјавил дека лицето последен пат било видено во саботата на 05.04.2025 година. Известени се и во МВР-Штип, од каде што посочиле дека е потребно некој од блиските членови на семејството да однесе документ за идентификација ...
Лажна козметика, перници за масажа, секс играчки и импровизирани запаливи направи се меѓу клучните елементи на наводниот руски диверзантски план што доведе до експлозија на три пакети во курирски магацини во Британија, Германија и Полска минатото лето, пишува Ројтерс цитирајќи извор запознаен со полската истрага. Перниците – спакувани во пакувања со козметика и секс играчки – содржеле скриени импровизирани запаливи направи направени од коктел ...
СВР Штип до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување” од чл.144 ст.1 од КЗ. -На 06.04.2025 во 14.40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека од семејниот дом на Д.В.(59) од Делчево ...
Порано или подоцна ќе се случи нова пандемија и тоа не е теоретски ризик, туку епидемиолошка извесност, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус. Говорејќи на отворањето на 13-та седница на Меѓувладиното преговарачко тело (ИГНБ), кое подготвува договор за превенција од пандемии, тој потсети на ужасните последици од избувнувањето на КОВИД-19 во светот, нагласувајќи дека „следната пандемија ...
Скандалот што ја тресе Белата куќа, а се однесува на заедничкиот разговор на соработниците на Трамп на апликацијата „Сигнал“, во кој беше присутен и уредникот на „Атлантик“, Џефри Голдберг, продолжува да привлекува големо внимание во јавноста, а првите резултати од истрагата покажаа како на прво место дошло до вакво безбедносно нарушување, пишува кликс.ба. Британски Гардијан објави детали од внатрешната истрага на Белата куќа и наведе дека ова ...
Цвеќињата внесуваат посебен шарм, ведрина и радост во секој дом, па доколку жената добие посебен цвет или букет како подарок, можно е на едноставен начин да се зачува неговата свежина и до 10 дена. Имено, првиот чекор за зачувување на свежината на цвеќето е правилно сечење на стеблото. Тоа треба да се исече под агол од 45 степени, додека сѐ уште е под вода. Оваа постапка го спречува влегувањето на воздух во стеблото, со што се овозможува подобро ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против 37-годишник од Скопје за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“ од член 201-а од Кривичниот законик. На 5 април, како што информираат од ОЈО, осомничениот извршил физичко и психичко насилство спрема неговиот син роден 2010 година. -Кон детето, посочуваат, се однесувал агресивно и се обидел да го избрка од домот, по што во ...
Тејлор Свифт, Арнолд Шварценегер и Ким Кардашијан се најдоа меѓу најбогатите познати личности за 2025 година. Следат ѕвездите кои изминатово десетлетие успеаја да заработат над милијарда долари, според „Форбс“. Џери Сајнфелд достигна 1,1 милијарда долари. Овој комичар продолжува да заработува многу пари благодарение на фактот што неговата ТВ-серија „Сајнфелд“ (Seinfeld) постојано се повторува и се продава на стрим-услугите. Само договорот со ...
Високиот шеќер во крвта е состојба којашто многу луѓе не ја препознаваат веднаш, иако може да предизвика сериозни здравствени проблеми потоа. Меѓу признаците за оваа појава се промените на лицето, кожата итн. Промените во кожата, обликот на лицето, па дури и кај очите може да укажуваат на тоа дека Вашето тело има проблеми со контролирањето на шеќерот во крвта. Заобленото и надуено лице, на пр., може да биде резултат на прекумерно трошење на ...
Александар Ѓорчевски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека нема апсолутно никаква инволвираност и дека ниту ги познава, ниту може да ги гледа обвинетите во случајот за убиствата на неговата ќерка Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Одговарајќи на прашања од неговиот бранител, адвокат Владимир Туфегџиќ, Ѓорчевски денеска исцрпно и детално го опиша својот живот, односот со неговото семејство, моментите кога исчезнала Вања ...
МВР информира дек е расчистено убиството во кривопаланечко Луке, поднесена е кривична пријава и определен притвор на две лица -СВР Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од село Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,убиство”. На 24.03.2025 во Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе ...
Погребот на Александар Карадакоски, кој е 60-та жртва во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, ќе биде утре на Градските гробишта во Кочани. Семејството веќе ги извести роднините и пријателите дека неговото тело од 12 часот ќе биде изложено во капелата пред гробиштата, а погребната церемонија ќе се одржи во 14 часот. Претходно од Министерството за здравство информираа дека Карадакоски се здобил со тешки изгореници на главата, вратот и рацете, ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција Скопје, поднесе кривична пријава против С.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, белгиски државјани, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Криумчарење согласно член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. -Осомничените, маж и жена од Антверпен, на 6 април пристигнале во земјава со лет од Виена, па избегнувајќи ја царинската контрола на аеродромот, пренеле непријавени стоки – вкупно ...