На 18.09.2024 во 14.40 часот во ОВР Гостивар, 31 – годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 760 евра. Според пријавеното, околу 9 часот лицето се јавило преку социјална мрежа и се претставило како Р.М. од Република Србија, кој работел во хуманитарна организација. Како што е пријавено, лицето го видело апелот за помош за негово лекување во странство и сакало да помогне со донација на поголем износ, но било потребно ...

Либанските власти забранија носење воки-токи и пејџери во авионите што поаѓаат од аеродромот во Бејрут, објави националната новинска агенција, откако илјадници такви уреди експлодираа за време на напад врз Хезболах оваа недела. Либанската управа за цивилно воздухопловство побара авиокомпаниите чии авиони полетуваат од Бејрут да им кажат на патниците дека тие уреди за комуникација се забранети до понатамошно известување. Тие уреди, исто така, не ...

Поранешниот напаѓач на Арсенал и Ипсвич, Џеј Емануел-Томас (33) е приведен поради организирање обид за шверц на 60 килограми канабис во вредност од околу 800.000 долари. Англиската полиција на почетокот на септември открила канабис скриен во четири куфери кои пристигнале од Бангкок на аеродромот Стенстед. Во патните торби биле скриени 60 килограми канабис во вредност од околу 800.000 долари. Полицијата приведе две жени на возраст од 28 и 32 ...

Управниот одбор на АД ЕСМ денеска именуваше нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети во рамките на компанијата. За директор на подружница РЕК Битола е назначен Тони Петрушевски, дипломиран машински инженер, со претходно работно искуство во приватниот сектор. No Досегашниот в.д. директор Иле Костадиновски е назначен за помошник директор за правни, кадровски и општи работи во РЕК Битола. АД ЕСМ се заблагодарува за ...

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска на улицата „Волт Дизни“ во Скопје го лишиле од слобода Н.И.(30) од Скопје, информира МВР. Н.И. бил осуден на 10 години и девет месеци казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за доиздржување на пет години и девет месеци од казната. ...

Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори (играчи до 18 години) од Б дивизија што се одржа од 26 јули до 4 август 2024 година во Скопје. -На иницијатива на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Владата донесе одлука со која го задолжи ...

Штип ги прави последните подготовки во пресрет на одржувањето на 16то издание на Штипската “Пастрамалијада”. Привршува и местењето на бината на новото шеталиште во градот, а градоначалникот Иван Јорданов посочува дека новата локација како и дневните забави се очекува да го вратат духот на манифестацијата но и да овозможат посета на поголем број угостителски објекти. Додава дека со досегашниот концепт на манифестацијата во текот на изминатите ...

Актерот Моамер Касумовиќ е осуден на една година затвор за кривично дело блуд над малолетно лице, потврдија за Н1 БиХ од Обвинителството на кантонот Сараево. „Врз основа на евиденцијата на Обвинителството на КС, ве известуваме дека постапката против горенаведеното лице се водела за кривично дело блуд, која конечно е завршена пред Општинскиот суд во Сараево. Тој беше прогласен за виновен и осуден на една година затвор“, изјавија од ...

Од македонскиот пазар се повлекуват производите на „Атлантик Штарк“: Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 и Најлепше жеље кукис 145 гр. ноисет, серија 1507483391, двата со рок на траење до 11.05.2025 година, поради можност за присуство на надворешно тело, потврдија за МИА од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Од АХВ апелираат до потрошувачите доколку ги купиле посочените производи да не ги консумираат или да ги вратат на ...

Осумдесет отсто од пациентите заразени со вирусот на Западно-нилска треска се асимптоматски. Можеби некој од нас тука веќе прележал во текот на летото. Околу 19 отсто, имаат по некоја блага клиничка форма, со мала треска, со болка во мускули, измоштеност, и тоа може да поминува така без да знаеме дека го имаме тоа. Еден отсто од случаите можат да развијат невролошки манифестации, изјави денеска директорот на Инфективна клиника Фадил Цана, откако ...

По спектакуларните белградски концерти, најголемото балканско шоу конечно доаѓа и во Скопје. Балканската мегаѕвезда и највозбудлива пејачка во регионот и пошироко Јелена Карлеуша доаѓа на голем, спектакуларен концерт во Скопје. Балканската дива со шоу кое за сите останати е недостижно и далеку пред времето, како дел од турнејата „ALPHA & OMEGA“, која ја започнува од македонската престолнина! Концертниот спектакл со специјални светлечки и ...

Министерот за здравство Арбен Таравари при денешната посета на Клиничка болница-Штип изјави дека се надева оти градежните активности кои се стопирани на новиот објект на болницата ќе продолжат наредната година. -Имаме повторно одлука на Влада, со која се дава овластување на Министерот за здравство да ја даде целокупната документација на сите заинтересирани компании, коишто би отишле во Кичево и Штип и би ги видели болниците и одлучат, да ни ...

Кабинетот на бугарскиот претседател Руме Радев и Министерството за надворешни работи во Софија реагираа на, како се наведува, навредливи квалификации кон Бугарија и бугарскиот народ од функционери од Република Северна Македонија. – Манипулацијата со фактите и хистеричните реакции на Владата на Република Северна Македонија (РСМ) не влеваат оптимизам дека нашиот југозападен сосед сака во односите со Бугарија да го напуштат полето на провокации и ...

Маж (78) од Облешево е четвртиот случај на заболен од западно-нилска треска, но е првиот сртен случај, починал една недела по откривање на симптомите, откако бил хоспитализиран на Инфективна, се вели во информиција од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според информацијата од ИЈЗ, пациентот првите симптоми ги добил пред 10 дена, на 9 овој месец, а тоа биле намален апетит, малаксаност и покачена температура до 39 степени. -Поради појава на ...

Компанијата Атлантик Штарк д.о.о и дистрибутерот Атлантик Брендс д.о.о. повлекуваат неколку производи од пазарот поради можност за присуство на туѓо тело, потврдиле за „Блиц Бизнис“. „Вршиме повлекување на производот поради можност за присуство на туѓо тело“, се наведува во соопштението за повлекувањето на производот, до кое имал пристап „Блиц Бизнис“. Производителот на споменатиот производ е Атлантик Штарк д.о.о., а дистрибутер е Атлантикц ...

Вложувањата на граѓаните во патничко осигурување за патување во странство во јуни, јули и август достигнале 2 милиони евра, што е за 6% повеќе од истиот период лани. Истовремено износот на исплати за штети покриени со патничко осигурување, за овој период, е зголемен за 89% и достигнал 560.000 евра, информираат од Агенција за супервизија на осигурување. -Над 220.000 граѓани купиле патничко осигурување во летните месеци (јуни, јули и август), а ...

Генералното собрание на ОН денеска со големо мнозинство ја поддржа необврзувачката палестинска резолуција со која се бара Израел да го прекине своето „незаконско присуство“ во Газа и окупираниот Западен Брег во рок од една година. За резолуцијата гласаа 124 од 193 членки на светската организација, 14 беа против, 43 беа воздржани. Во резолуцијата се бара и повлекување на сите израелски сили и евакуација на еврејските доселеници од окупираните ...

Аром Арунрој (64) четири часа преживаела агонија во прегратка на питон од 4 метри во Тајланд се додека полицијата не ја пронашла и не ја спасила. Како што опишала, нејзината авантура започнала додека миела садови, кога наеднаш почувствувала каснување на десната нога. Најпрво мислела дека е гуштер, но кога видела дека се работи за питон се обидела да му побегне и како резултат на тоа паднала, а змијата тешка 20 килограми се обвила околу неа. Два ...

Американската полиција уапси тинејџерка за која се тврди дека покренала празен воз во метрото на Њујорк, па откако по кусо возење, направила судир со друг паркиран воз – побегнала. Се трага и по нејзин машки придружник, за кого се верува дека, исто така, бил во возот. Фотографиите од надзорните камери, објавени од Њујоршкиот полициски оддел прикажуваат едно лице облечено целосно во розово, вклучително и розова капа за туширање, и друго – во сина ...

13 септември беше важен ден за украинските семејства. Се случи уште една важна размена. 49 воени зарабеници се вратија дома. Меѓу нив има и 23 жени кои беа заробени од Русија. Ова е најголемиот број на жени кои се разменети во последно време. За ова пишува „Рубрика“ повикувајќи се на БО „Женски марш“. Меѓу ослободените жени има и цивили и воени лица , особено познатата кримска татарска активистка Леније Умерова. 25-годишната девојка е приведена ...

Зимбабве одобри план за отстрел на 200 слона за да ги нахрани своите граѓани, кои страдаат од глад поради најголемата суша во последните неколку децении. Според Тинаше Фараво, портпарол на Управата за паркови и диви животни, речиси половина од населението на земјата се соочува со акутен глад. Планот следи по слична одлука на Намибија за убивање на животни за да се ублажи гладот, наведува Си-Ен-Ен. Фараво напомена дека Зимбабве има над 84.000 ...

Директорот на службата за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР), Ивица Томовски во изјава за Сител телевизија вели дека со воведувањето на регистер за службените возила ќе се стави крај на злоупотребата, а автомобилите ќе добијат соодветни таблици кои што ќе се разликуваат од останатите. – Ќе се воведе еден регистар каде ќе се водат сите државни и општински возила, ќе знаеме точно со каков возен парк располага државата и истите ќе добијат ...

Тајван и Унгарија негираа дека ги направиле пејџерите што вчера експлодираа додека ги користеа членовите на Хезболах во Либан. Тајванскиот Gold Apollo негираше дека го произведувал уредот и наместо тоа го впери прстот кон својот партнер BAC Consulting KFT со седиште во Будимпешта. Но портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач рече дека компанијата е „комерцијален посредник, без производствена или оперативна локација во Унгарија“. – ...

Новоизбраната претседателка на Мексико, Клаудија Шејнбаум, ја одби поканата на украинскиот претседаел Володимир Зеленски да ја посети Украина. Шејнабаум, прашана дали ќе ја посети Украина, истакна дека надворешната политика на Мексико се заснова на немешање во надворешните работи, како и на мирно решавање на споровите. -Нашата одговорност е тука. Ќе присуствуваме на некои меѓународни настани што ги сметаме за важни, но нема да патуваме многу. ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник од тетовско Боговиње осомничен дека сторил две кривични дела „разбојништво“. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, на 12 септември тој влегол во обложувалница на улицата „Никола Тримпаре” и со опасно орудие – скалпел се заканил по животот на една вработена и одзел 211.680 денари од сефот и касата. На 14 септември, ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм побара итно вклучување на државните органи на Република Србија за ослободување на актерот Сергеј Трифуновиќ, кој беше уапсен во Хрватска. „Човек кој е мој политички противник , основач на движењето „Слободни граѓани“, но и државјанин на Србија, државјанин на нашата земја, беше уапсен и никој не разбра доволно и добро зошто“, рече Вучиќ. Тој им се обрати и на хрватските власти и апелираше да ...

Принцезата од Велс го одржа својот прв состанок во замокот Виндзор по завршувањето на хемотерапијата. Идната британска кралица Кејт Мидлтон (42) која минатата недела откри дека нејзиното лекување е завршено и дека полека ќе се враќа на кралските обврски, изјави во интимно видео заедно со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам и нивните три деца, дека со нетрпение го чека враќањето на должноста. „Мојот пат до заздравување и целосно закрепнување е долг ...

Филмовите „Animal“, „Dahomey“, „Flow“, „Intercepted“ и „Julie Keeps Quiet“ се најдоа во потесниот избор за Филмската награда на европската публика Лукс за 2025 година. Како што изјави првата потпретседателка на Европскиот парламент, Сабине Верхајен на денешната презентација на кандидатите за наградата на прес-конференција во ЕП во Стразбур, европската кинематографија ги одразува предизвиците и надежите на современото општество, а овогодишните ...

На 7 февруари годинава, Украинскиот парламент усвои нацрт-закон за деблокирање на употребата на замрзната сперма од паднати војници, објави пратеникот Јарослав Желиезњак. Претходно, на 22 ноември 2023 година, украинскиот парламент усвои законско решение со кој се бара државата да им обезбеди на војниците бесплатно собирање и зачувување на репродуктивните клетки. Украинскиот парламент донесе закон со кој ќе се овозможи складирање и користење на ...

Еден ден откако илјадници членови на Хезболах беа ранети, а некои убиени, во Либан се пријавени неколку експлозии преку рачни радио станици, во кои се повредени повеќе од сто лица. Либанските медиуми објавија нов бран експлозии низ целата земја денеска напладне, објави Јерусалим пост. Првите извештаи за експлозии на мрежни уреди дојдоа од Бејрут, долината Бека и јужен Либан. Доколку извештаите се вистинити, ова ќе биде втор последователен ден на ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
6.69
54%
1020

Белград

9ᴼ/8ᴼ
4.63
78%
1021

Софија

9ᴼ/8ᴼ
7.72
65%
1019

Сараево

13ᴼ/13ᴼ
7.77
42%
1016

Љубљана

7ᴼ/6ᴼ
1.03
93%
1022

Атина

21ᴼ/18ᴼ
2.57
55%
1014

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
1.54
82%
1018

Подгорица

12ᴼ/8ᴼ
3.09
67%
1019
Currency

61.5331

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.8111

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.5846

Currency

0.38724

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $