Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ги негираше извештаите дека САД однапред знаеле за смртоносниот напад во Либан во кој експлодираа стотици пејџери на Хезболах. -САД не знаеја за тоа, ниту беа вклучени во тие инциденти. Сè уште собираме информации и факти, рече Блинкен на прес-конференција во Каиро. Тој нагласи дека е важно сите страни да ги избегнат сите чекори за натамошна ескалација на конфликтот и дека тоа е јасно кажано. ...

Поразот на загрепски Динамо од Баерн Минхен од 2-9 на отворањето на новата сезона е трет највисок во историјата на Лигата на шампиони. Неславниот рекорд сè уште е во сопственост на Бешикташ и Малме кои претрпеа порази од 0-8. Турскиот клуб загуби со 0-8 против Ливерпул во ноември 2007 година, додека Малме прими осум голови од Реал Мадрид во декември 2015 година. Единаесетте голови кои беа постигнати на вчерашниот натпревар меѓу Баерн и Динамо го ...

Уставниот суд денеска на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се нарушува начелото на стручност ...

И покрај поднесениот Обвинителен акт за предметот познат во јавноста како „Синџир“, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжи со постапување. -Постапката е како резултат на индиции што произлегоа од доказите што обвинителството ги достави до судот со поднесување на обвинителниот акт во предметот „Синџир“. Врз основа на дополнително обезбедениот доказен материјал денеска до ...

Даниел Тренчовски е име што мора да го запомните, ако до сега не сте го чуле. Овој пејач, познат по својот неверојатен глас и присуство на сцената, полека но сигурно си го пробива патот до срцата на публиката, а неодамна направи вистински бум со неговиот најнов музички проект. Даниел е млад талентиран дечко кој стекна популарност преку учеството во „Ѕвездите на Гранд“, каде што беше еден од фаворитите, а негов ментор беше Драган Стојковиќ ...

Во Белград во тек е снимањето на новото продолжение на познатата серија „Жикина династија“ во режија на Милан Коњевиќ, а по сценарио на Милена Марковиќ. Новиот филм ќе се вика „Враќањето на династијата на Жика“, а главната улога ќе ја толкува Никола Којо, кој по повеќе од 30 години се враќа во ликот на Миша Павловиќ. Синовите на Миша, кои одамна ги нема видено, доаѓаат во Србија затоа што живеат со Наташа во Москва, но кога ќе пристигнат момците ...

Министерството за внатрешни работи на Србија само оваа година би можело да остане без неколку млади обучени кадри и идни полицајци, а причината ни помалку, ни повеќе, е тетоважата што ја имаат на телото кандидатите кои ја поминале целата обука и потоа биле вклучен во ранг листата на Центарот за основна полициска обука во Сремска Каменица, јави дописникот на МИА од Белград. Според Струковото здружение на полицајци „Д-р Рудолф Арчибалд Рајс“ од ...

Предлогот за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со кој се опфатени стотина основни прехранбени производи, е донесен во консултација со стопанските комори. При неговото изготвување биле земени предвид сугестиите и од производителите и трговците. Како што рече денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, сега не се донесуваат одлуки со сила како порано, туку со сослушување на сите засегнати страни. Тој најави дека покрај ...

Последната епизода од сапуницата на Владата наречена „Есенска кошничка“ ни донесе нови изненадувања и потврда дека Владата апсолутно нема ниту концепт, но нема ни желба да ги намали цените на производите кои вртоглаво растат, велат од СДСМ. -Намалувањето на маржите само на околу 100 производи не е никакво конкретно решение, ниту ќе има сериозен ефект на намалувањето на цените. После мачкањето очи на граѓаните со намалувањето на цените за ...

Легендарната рок група „Дивље Јагоде“, доаѓа на концерт во Скопје. Концертот е закажан за 27-ми септември 2024 година во „Македонската филхармонија“, со почеток во 21.00 часот. Едни од предводниците рокен ролот најавуваат незаборавен концертен настан за сладокусците на рок музиката, но и за сите останати почитувачи на добрата свирка. Зеле и екипата ќе ги отсвират и испеат нивните најголеми хитови од почетоците на бендот, па се’ до оние од ...

Парите од заемот од Унгарија наменети за македонското стопанство треба да бидат пласирани преку домашните банки под истите услови под кои е земен заемот. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека намерата на Владата е тие средства да одат преку банките, а доколку тоа не се случи, тогаш ќе се бараат други начни да се пласираат овие средства. – Факт е дека тие пари ќе дојдат во Македонија и ќе бидат ставени на располагање на македонската економија и ...

Родител на пет деца од делчевското село Тработивиште бара материјална помош за подобрување на условите за живот во нивниот дом во селото. Ариф Асанов, кој заедно со неговата сопруга имаат скромни примања, не е во можност сам да купи материјал за оспособување на простор за основни хигиенски потреби заради што реши да ја побара поддршката од хуманите граѓани. -Две собички имам, сакам да доуредам простор за купатило, а и покривот исто е паднат. ...

Цените нема да се замрзнат, туку ќе се ограничи бруто профитната маржа на стотина основни прехранбени производи до 10 отсто, соопшти денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Како што информира Дурмиши, за оваа мерка Владата најверојатно ќе дискутира на следната седница идната недела. Со мерката ќе бидат опфатени лебот, пекарски и млечни производи, овошје, зеленчук,… -Оваа мерка ќе биде краткорочна и во сила еден месец. Праксата на ...

Македонските сонца Илина и Ева Сколовски, најдобрите наши гимнастичарки, заедно со ФГСМ, по вторпат ќе ја носат Македонија на Балканското првенство, што ќе се одржи од 26-29 овој месец во Будва, Црна Гора. Токму затоа овие две сестри летото место да одмараат интензивно тренираа. Бидејќи со родителите живеат во Германија, летниот распуст во татковината го искористија за тренинзи на домашен терен. -Ние две сме подготвени. Јас ќе настапам со „Кога ...

Десетина лица се повредени во судар на два патнички воза во Прага. Сударот се случил во близина на станицата Праг-Либен, на пругата меѓу станиците Височани и Главната железничка станица. Меѓу повредените се петнаесет лица, кои имаат полесни повреди како модрици и гребаници. Истражителите, заедно со железничката инспекција, ќе го истражат инцидентот поради сомневање за кривично дело поради невнимание. Zasahujeme u srážky dvou vlaků v Praze 8 na ...

Двајца криумчари, државјани на Турција се уапсени во близина на грчкиот остров Самос по потера на крајбрежната служба на Грција, а откако претходно во море фрлиле 31 мигранти, од кои еден загинал, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека со помош на нивната камера за копнен мониторинг бил лоциран глисер со мигранти што се движел кон северозападниот брег на Самос, по што интервенирал патролен брод и со ...

Најмалку 20 лица загинаа, а илјадници луѓе се евакуирани поради поплавите предизвикани од обилните дождови и невремето во земјите од Централна и Источна Европа. Делови од источна и централна Европа се борат со бурата Борис. Досега, десетици илјади луѓе се евакуирани од своите домови низ Австрија, Чешка, Унгарија, Романија и Словачка, додека бројот на жртви се искачи на 20 – седум во Романија, по пет во Полска и Австрија, а три во Чешка. Во ...

Познатата пејачка Маја Оџаклијевска (70) пред неколку години откри дека живее со 33 илјади динари (15.000 денари) месечно. Среќата потоа и се насмевна кога доби национална пензија. Тогаш, како што истакна, била еуфорична, па покрај 33.000 динари, на сметка секој месец, Маја добива и 64.730 динари (32.000 денари) како редовна пензија, т.н. националната пензија. Маја долго време живее во околината на Велика Плана, каде што се преселила од Белград ...

Секоја година во третата седмица од месец септември РСБСП, во соработка со МВР и Факултетот за безбедност Скопје, реализираат кампања за одржлива урбана мобилност по повод Европската недела на мобилност во сообраќајот. Целта на оваа кампања е формирање на здрави животни навики, чиста животна средина, побезбеден сообраќај и поддршка на алтернативните форми на мобилност. Во рамки на Европската недела на мобилност се спроведуваат активности за ...

Сопругот на српската пејачка Александра Тадиќ Ципка, Небојша Стојиќевиќ, познат како Јарин, ненадејно почина на 16 мај годинава. Како што прво напиша Информер, Јарин починал како последица на срцев удар, а Ципка го пронашла мртов во нивниот семеен стан. Неколку месеци по трагичната смрт на партнерот, Александра му подигна споменик на сопругот, а ги изненади сите со тоа што до него си купи гробница за себе. На споменикот што е поставен на гробот ...

Бројот на центимилионери – поединци со богатство од 100 милиони долари или повеќе – во последната деценија нагло се зголеми за 54 проценти. Во светот има повеќе од 29.300 луѓе со богатство над 100 милиони долари, се вели во извештајот на инвестициската консултантска фирма Henley & Partners. САД и Кина регистрираа најзначајни зголемувања кај оваа категорија богати луѓе. Кина забележа неверојатни 108 отсто зголемување на центимилионери во ...

Историчарот Тимоти Снајдер и актерот Марк Хамил, амбасадори на платформата за собирање средства UNITED24, објавија собирање средства за безбеден терен за 30 роботи за деминирање. Што е проблемот? Поради руската инвазија и тековните активности на домаќинот , во Украина има големо присуство на експлозивни предмети. Многу експерти сметаат дека Украина е една од најтешко минираните земји во светот . Од почетокот на целосната инвазија на Русија, ...

Владата на вчерашната седница усвои информација за реализација на проекти од програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2024 година од страна на Министерството за спорт. Меѓу нив е изградбата на спортска сала во Воена академија – Скопје, санација на спортска сала Расадник во Општина Кисела Вода, како и на спортската сала во УКИМ. Во однос на проектот „Изградба на спортска сала во Воена академија – Скопје“, од Владата ...

Музичкиот магнат Шон „Диди“ Комбс, кој изминатата година се соочи со серија тужби за сексуални напади и федерална истрага за трговија со луѓе, е уапсен, соопшти адвокатот на продуцентот за Си-Ен-Ен. Комбс, кој од минатата недела е во Њујорк, беше уапсен вчера во хотелот Парк Хајат на 57-ма улица во Менхетн и беше приведен од истражителите на Одделот за домашна безбедност околу 20:15 часот по локално време, соопшти извор запознаен со преговорите ...

Мајли Сајрус се соочува со тужба во врска со нејзиниот хит „Flowers“, кој освои Греми награда. Во новата тужба поднесена во понеделникот во федералниот суд во Лос Анџелес, компанијата наречена Tempo Music Investments тврди дека „„Flowers“ вклучува неовластена „експлоатација“ на неколку елементи од песната на Бруно Марс од 2013 година „When I Was Your Man“. Сајрус ја освои својата прва Греми за „Flowers“, песна од нејзиниот осми албум „Bendless ...

Хезболах го обвини Израел за експлозиите на пејџери низ Либан во кои беа повредени близу 3.000 луѓе и се закани со одмазда. Откако ги испитавме сите „достапни информации за нападот што се случи попладнево, го сметаме израелскиот непријател целосно одговорен“, напиша милицијата поддржана од Иран на Телеграм. – Овој предавнички и криминален непријател сигурно ќе добие праведна одмазда за оваа грешна агресија, нагласи групата. Девет лица загинаа, а ...

Девет лица загинаа, а околу 2.750 се повредени во сомнителни координирани експлозии на пејџери низ Либан, изјави министерот за здравство Фирас Абијад на прес-конференција во Бејрут. Абијад рече дека меѓу загинатите има едно дете. Од експлозиите на пејџери во бројни либански региони околу 200 луѓе се во критична состојба, рече тој. Повеќето од жртвите се здобиле со повреди на раката, додека некои се повредени и во лицето, стомакот и очите, ...

Српскиот актер, Сергеј Трифуновиќ кој денеска беше уапсен на граничниот премин Бајаково додека минуваше од Србија во Хрватска, а потоа беше спроведен во Општинскиот суд за прекршоци во Сплит, се огласи на социјалните мрежи Тој објави фотографија со пријател и го цитираше Питер О’Тул. „О, колку ми недостигаат тие денови кога излегувате на пијачка во Лондон навечер и се будите во Мароко“, напиша тој. „Можете ли да ме размените за Северина?“, ...

Обучени девојки со помош на кучиња се новите тимови кои работат на деминирање на паркови, шуми, полиња, автопатишта во Украина. Што е проблемот? Според заменик министерот за економија , Ихор Безкараваини, Украина има искуство со користење кучиња за лоцирање експлозивни предмети. Меѓутоа, овие кучиња првенствено ги користеле специјалните сили, полицијата, граничните патроли и други слични субјекти. „До сега, во класична смисла на деминирање, не ...

Во романскиот парламент денеска избувнал пожар поради што биле евакуирани 300 лица, пишува „Романија журнал“. Пожарот избувнал на влезот за посетители. – Пожарот се случи на влезот во зоната за посетители, на ниво С2. Пожарникарите биле во објектот и веднаш интервенирале, па пожарот веднаш бил изгаснат. Надлежните институции ќе ја утврдуваат причината за пожарот. Гореле текстилни и канцелариски предмети. Во инцидентот нема повредени, се вели во ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
6.69
54%
1020

Белград

9ᴼ/8ᴼ
4.63
78%
1021

Софија

9ᴼ/8ᴼ
7.72
65%
1019

Сараево

13ᴼ/13ᴼ
7.77
42%
1016

Љубљана

7ᴼ/6ᴼ
1.03
93%
1022

Атина

21ᴼ/18ᴼ
2.57
55%
1014

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
1.54
82%
1018

Подгорица

12ᴼ/8ᴼ
3.09
67%
1019
Currency

61.5331

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.8111

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.5846

Currency

0.38724

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $