На 14 декември во салата „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржи Турбо рок фестивал, објави организаторот Авалон Продукција. На иста сцена ќе настапат Неле Карајлиќ, „Ју група“ и „Ван Гог“. – Во месецот во кој во Скопје и Македонија ќе има рекорден број на турбо концерти, во еден друг правец, на глава на жител, ние решивме да направиме еден различен тип на настан кој, сепак ќе биде турбо, но во овој случај, турбо – рок! Една вечер и три имиња ...
Претставници од најголемите светски брендови како TikTok, OpenAI, Klarna, и ZEOS by Zalando, заедно со уште многу други светски, регионални и домашни компании, ќе бидат дел од 7-мата регионална конференција за е-трговија „E-commerce: Untangling potential!“, што ќе се одржи на 12 ноември во Скопје. Настанот веќе трета година го задржува својот регионален карактер и привлекува учесници од повеќе од 10 држави од регионот и светот. Во своето ...
Утрово, по долга битка со ракот, на 52 годишна возраст почина познатиот македонски новинар и водител Зоран Василевски – Зоки Фаци. Зоки Фаци беше истакнат медиумски лик и естраден новинар, чија харизма и професионализам оставија траен белег на македонската јавна сцена. Со својот препознатлив стил и позитивен дух, Зоки стана омилен меѓу гледачите и следбениците на македонската естрада. По дијагнозата во 2022 година, Василевски помина низ неколку ...
Крис Мартин, фронтменот на Coldplay, падна во дупка на сцената додека настапуваше со бендот во Мелбурн. Мартин и се обраќал на публиката и одел наназад кога паднал во голема дупка на бината. Видеото од неговиот пад стана вирално на социјалните мрежи. Внатре во отворот стоел член на продукцијата и успеал да го фати пејачот. „Ова не беше планирано. Ти благодарам што ме фати“, рече Крис. @10newsfirst Coldplay’s Chris Martin has taken a fall ...
Под мотото „Месец на Пучини“, ноември во Националната опера и балет ќе биде посветен на италијанскиот композитор Џакомо Пучини (22 декември 1858 – 29 ноември 1924) со што ќе се одбележат 100 години од смртта на безвременскиот оперски мајстор. На 8 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе ремек-делото „Боеми“ од Џакомо Пучини. Приказната за животот на љубовниците Родолфо и Мими ќе се изведе под ...
Американскиот продуцент, композитор и текстописец Квинси Џонс почина на 91-годишна возраст. „Вечерва, со полни, но скршени срца, ја споделуваме веста за смртта на нашиот татко и брат, Квинси Џонс. Иако ова е непоправлива загуба за нашето семејство, го славиме неговиот извонреден живот и знаеме дека никогаш нема да има друг како него“, соопшти неговото семејство. Неговиот претставник Арнолд Робинсон изјави дека починал во својот дом во Бел Ер, ...
„Моцартовите перипетии“ е насловен концертот на Македонска филхармонија кој ќе се одржи в четврток со почеток во 20 часот. На програмата се дела од Моцарт и Чајковски, а како солист и диригент ќе настапи Сергеј Малов од Русија. Рускиот виолинист Сергеј Малов е еден од славните виртуози денес во светот на класичната музика. Свири виолина, виола, барокна виолина и виолончело да спаља – инструмент за кој се смета дека Јохан Себастијан Бах на него ...
Австралиската глумица Марго Роби го доби своето прво дете со сопругот, продуцентот Том Акерли. За јавноста се уште не е познат точниот датум на раѓање на бебето, како и името, додека близок извор за People тврди дека таа родила момче. Веста за приновата доаѓа околу три месеци откако Марго му откри на светот дека е бремена за време на одмор на езерото Комо во Италија. Една недела подоцна – двојката блесна на Вимблдон. Инаку, Марго и Том се ...
На 20 декември, арената „Борис Трајковски“ ќе биде местото каде што музичката магија и празничната еуфорија ќе се спојат во една незаборавна вечер. Имено, Симон Трпчески, македонскиот пијанист, ценет во светски размери, се враќа повторно дома за да го сподели својот неверојатен талент со македонската публика. Во организација на „Прагма продукција“, на 20 декември, маестро Трпчески ќе настапи заедно со неговите пријатели, врвни македонски ...
Скопје ја доживеа најмагичната ноќ за оваа година – фасцинантното отворање на казиното „Gold Slot Club“, кое беше крунисано со извонреден перформанс на првото македонско кабаре шоу „Gold Felicia“. „Нашиот успех се должи на постојаното модернизирање во тек на светските трендови во нашето работење. Исклучително ни е важно да им понудиме незаборавна забава на нашите клиенти и токму затоа овациите на присутните на овој настан, што се одржа по повод ...
Хајди Клум повторно успеа да изненади со нејзиниот костим за Ноќта на вештерките. Поранешната манекенка, која ја нарекуваат кралица на Ноќта на вештерките, секоја година организира забава за Ноќта на вештерките во Њујорк. Таа и нејзиниот сопруг Том Каулиц се појавија облечени како вонземјанинот Е.Т. од истоимениот култен филм од 1982 година на режисерот Стивен Спилберг. Парот се маскираше како Е.Т вонземјанинот, во две верзии – „обична“ и ...
Вечерва, во Tokyo Opera е светската премиера на „Сношти минав“ за тенор, гудачки оркестар и пијано од Дарија Андовска. Композицијата е напишана за нашиот светски реномиран тенор, Благој Нацоски, кој ќе ја изведе со Tokyo Vranec Chamber Orchestra, под диригентската палка на нам веќе многу познатиот љубител на македонска музика, господинот Kazuhiro Kotetsu, на концертот по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Јапонија. Исто така ...
Barcelona Gipsy Balkan Orchestra повторно доаѓа во Скопје! Солистичкиот концерт на еден од најиновативните бендови од поновата генерација, оркестарот чија музика допира директно до срцата е закажан на 28 февруари во Филхармонија. БГКО во годината пред нас полни 13 години музицирање на сцената, творештво и интерпретација на уникатен звук кој ги заробува срцата и умовите на публиката ширум светот. За нив не постојат граници, апсолутно никакви, а ...
Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ станаа родители по втор пат. Двојката добила син кој го крстиле по дедото на Петар, Тони. Хана се породила со царски рез, а како што пренесуваат хрватските медиуми, се е во најдобар ред и мајката и бебето се чувствуваат добро. Грашо дури неодамна за медиумите откри дека Хана е бремена по втор пат, бидејќи овој пат сакале се да држат подалеку од очите на јавноста. Хана и Грашо ...
Непрофитната компанија која управува со отпад од пакување и соработува со компании од голем број индустрии, „Еуро-Екопак“, заедно со општина Аеродром на 3 ноември (недела) во 12 часот ќе организира настан во паркот „Авионче“ во Скопје. Активноста е дел од проектот CleanAirDrom и фокусот ќе биде кон собирање на отпадно стакло (шишиња, тегли итн.) за кое ќе биде поставена соодветна опрема. Воедно, посетителите ќе може да уживаат и во настапите ...
„Македонијо во срце те носиме“ приказната која трае без малку две години ќе биде заокружена на 7 декември, со голем концерт во Скопје. Концертот е закажан во големата сала на Филхармонија во придружба на голем симфониски оркестар и под диригентската палка на Сашо Татарчевски. Она што е ново, како што беше соопштено на прес-конференцијата, е дека освен веќе добро познатите 12 преработки на патриотски песни, публиката ќе има можност на сцената да ...
Согласно најновите објавени податоци[1] за трансакции на места на продажба за е-трговија (со исклучок на трансакциите со електронски пари) на Народната банка на Република Северна Македонија во првата половина од 2024 година вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 20,899.8 милиони денари или 339.8 милиони евра. При тоа кон македонските ...
Вчера во медиумите одекна веста дека Жизел Бундшен е бремена. Супермоделот чека дете со момчето Хоаким Валенте, инструктор за џиу-џицу. 44-годишниот супермодел веќе има две деца со поранешниот сопруг, додека ова ќе биде прво дете за 35-годишниот Хоаким. Извор за магазинот People открил дека супермоделот се чувствува добро поради бременоста. „Жизел и Хоаким се среќни за ова ново животно поглавје и со нетрпение очекуваат да создадат мирна средина ...
Филмскиот проект во развој „Не се согласувам!“ на сценаристот и режисер Кристијан Ристески и продуцентот Дарко Попов (Фокус Покус) е селектиран за учество на најпрестижната европска програма за развој на сценарија eQuinoxe. Филмот е црно-хуморна социјална драма за еден 65-годишен анархист и неговиот аутистичен внук, кои, откако моќни поединци и системот ќе се свртат против нив, на креативен и луциден начин ќе ги „хакнат“ апсурдите на ...
Wolt, иновативната технолошка компанија и платформа за локална испорака на храна и малопродажба, слави 10 години постоење и го најавува своето претстојно лансирање во Северна Македонија. Со оваа експанзија, Северна Македонија се приклучува на растечката мрежа на Wolt, која покрива 28 земји и вработува над 12 000 луѓе. Патувањето на Wolt започнува во 2014 година како мала стартап компанија со шест коосновачи, а денес е водечка платформа која ...
Пејачката Адел (36) се расплака откако ја виде легендарната Селин Дион (56) за време на нејзиниот настап во Лас Вегас. Додека ја изведуваше песната „When We Were Young“, Адел и пријде на Селин и ја прегрна, а во тој момент не можеше да ги задржи солзите. Емотивниот момент го снимил еден обожавател во публиката, кој подоцна го објавил на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by Entertainment Tonight (@entertainmenttonight) ...
Бура од позитивни коментари после одличното претставување на младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска на овогодинешното 39. издание на фестивалот „Макфест”, кој се одржа изминатиот викенд во Штип. Антониа се претстави со песна на тандемот Лазар и Магдалена Цветковски, кои уште еднаш направија совршено музичко ремек-дело. Песната носи моќен и едноставен наслов – „Жена”, а Антониа блесна со нејзината интерпретација и ја воодушеви публиката во ...
Третиот ден на 29-тиот Моден Викенд Скопје кој се одржува во Културниот центар Лабораториум, беше одраз на богатата регионална соработка и креативен израз, кој ја слави поврзаноста меѓу традицијата, иновациите и одржливоста. Овој ден отвори врати кон модни приказни кои ја пренесоа културната размена меѓу земјите од Балканот, истакнувајќи ја модата како платформа која ги обединува луѓето преку заедничка посветеност на општествените вредности и ...
Тамара Волческа, позната по својот длабоко емотивен израз и способноста да допре до срцето на својата публика, на овогодинешниот Макфест се претстави со новата песна „Кажи ми да знам“. Оваа песна не е само уште еден хит во нејзиниот музички опус, туку носи посебно значење – таа претставува интимна катарза и симболичен крај на едно поглавје во нејзиниот живот. Со „Кажи ми да знам“, Тамара ја затвора вратата на една недопишана приказна, полна со ...
Ивона Јо имаше маестрална изведба на овогодинешниот Макфест, каде што се претстави со песната „Себично“ – песна која од прва ја освои публиката. Со својот моќен и контролирано емоционален вокал, Ивона успеа да ја истакне секоја нота и збор во песната, пренесувајќи чувство на болка и растревоженост, но и сила и решителност. На сцената таа настапи самоуверено, но и чувствително, внесувајќи ја публиката длабоко во приказната на песната. Настапот ...
Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија, ќе одржи концерт насловен „Пијанизам хероизам“ на кој како солист ќе настапи рускиот пијанист Петер Лаул, а диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија. На програмата се Поема за симфониски оркестар „Древниот ѕид“ од Томислав Зографски, Концертот за пијано и оркестар бр.2 во Еф-дур од Дмитри Шостакович и Симфонијата бр.6 во Де-дур од Антонин Дворжак. Конрад ван ...
Откако во 2019 година нѐ воодушевија со албумот „Море без брегови“ и со турнејата, која траеше цели пет години, групата „Ван Гог“ го започнува своето ново музичко поглавје, со синглот „Луд и сам“. Публиката на 27 октомври во 18 часот на јутјуб-каналот musicvangogh имаше можност премиерно да го погледне спотот, а веќе од денеска песната ќе се најде во регионалната медиумска ротација!Секогаш свежи и иновативни! Музика и текстот на „Луд и сам“ се ...
Првиот ден од Моден Викенд Скопје 2024 започна со силна порака – модата не е тренд, туку моќна алатка за промена. Во срцето на Скопје, Културниот Центар Лабораториум се претвори во креативна сцена каде локалната традиција и глобалните иновации се сретнаа за да го отворат патот кон иднината на модата. Оваа 29-та сезона не беше само прослава на модната естетика, туку и на одржливоста како клучна компонента за трансформација на индустријата. ...
Вториот ден на 29-тиот Моден Викенд Скопје, под темата „Модата е вечна: Одржливост и иновации,“ донесе инспирација и визија за иднината на модата, која е иновативна, одговорна и исполнета со креативност. Од утринските панел сесии до спектакуларните ревии, вчерашната програма беше софистицирана, разновидна и со јасна порака за важноста на одржливоста. Денот започна со ангажирачка панел сесија „The Purpose of Re-purposing? Sustainable Redesigned ...
Ерик и Лајл Менендез, браќата кои беа осудени за убиство на нивните родители пред повеќе од три децении во случај што ја шокираше Америка, треба повторно да се појават пред судијата и да добијат можност за условно ослободување, рече окружниот обвинител на Лос Анџелес. Убиството на Кити и Хозе Менендез во 1989 година во нивната вила во Беверли Хилс со години ја интригира американската јавност, а неодамна инспирираше популарна серија на Нетфликс. ...