Номинациите за 76. издание на Еми наградите беа објавени од страна на Тони Хејл, Шерил Ли Ралф и претседателот на Академијата за телевизија Крис Абрего од театарот „El Capitan“ на церемонија која се емитуваше во живо. „Shogun“ оваа година освои најмногу, вкупно 25 номинации, вклучувајќи ја и онаа за најдобра драмска серија. „The Bear“, пак, постави рекорд во областа на комедијата за најмногу номинации со 23, надминувајќи ги 22-те што ги освои ...

Бен Афлек и Џенифер Лопез официјално ја ставија својата куќа во Беверли Хилс на продажба. Нивната палата излезе на пазарот вчера, речиси еден месец откако извор изјави за магазинот „People“ дека Афлек и Џеј Ло сакаат да го продадат имотот. Парот, кој е во брак од 2022 година, го купи имотот во мај 2023 година за 60,8 милиони долари. Куќата со 12 спални соби и 24 бањи, според огласот, неодамна е реновирана според највисоките стандарди за ...

Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија ќе ја има хрватската премира во рамите на официјалната конкуренција за наградите „Златна арена“ на годинешното 71-то издание на Пулскиот филмски фестивал. Дистописката бајка за загубеното момче во опустошениот свет на нашата блиска иднина, чиј мнозински продуцент е Дарко Попов од „Фокус Покус Филмс“, е реализирана, меѓу другите, во копродукција со хрватската продукција „4Филм“ и Хрватскиот ...

Дрејк повторно се обложи и повторно згреши. Канадскиот рапер на Инстаграм објави дека се обложил со 300.000 долари дека канадскиот тим ќе ја победи Аргентина во полуфиналето на Копа Америка. Ако погодеше, неговата добивка ќе беше 2,88 милиони долари. Сепак, Аргентина ја победи Канада со 2:0 и се пласираше во неделното финале на Копа Америка. Репрезентацијата на Аргентина по натпреварот објави фотографија на социјалните мрежи на која Лионел Меси ...

Глобалните музички ѕвезди Адел и Ед Ширан направија пауза од нивните напорни распореди за да се препуштат на нивната заедничка страст за фудбалот на УЕФА шампионатот во Германија. Двајцата беа видени како уживаат на натпреварот помеѓу Холандија и Англија на фудбалскиот стадион Дортмунд, секој во придружба на своите пријатели. Адел, позната по својот моќен вокал, беше облечена лежерно во бела маица и црно палто, додека Ширан, познат по неговите ...

Судењето за убиство од небрежност на актерот Алек Болдвин започна во средата, 10 јули, во Ново Мексико пред преполната судница во која беа братот на Алек, Стивен и сопругата Хилари. На првиот ден од судењето, и обвинителството и одбраната дадоа воведни изјави пред поротата од 12 лица, нудејќи многу различни објаснувања за настаните што доведоа до трагичната смрт на кинематограферката Халин Хачинс на сетот на „Rust“ во октомври 2021 година. ...

Синоќа со специјалниот нулти ден беше обележано официјалното отворање на водечкиот музички фестивал во нашиот регион и еден од најголемите светски фестивали ЕГЗИТ чие годинашно издание се одржува со спектакуларна програма на повеќе од 40 бини и зони, од 10 до 14 јули во Нови Сад, Србија. Новото, 24-то издание на ЕГЗИТ ќе ги собере дел од најголемите светски ѕвезди, како и музичарите во подем кои ја обликуваат сцената на денешницата во најширок ...

Овогодинешното издание на фестивалот Ohrid Calling ќе се одржува од 31 јули до 3 август во Касарна, Oхрид! Како што објави организаторот Авалон продукција од следната година ќе следува промена во локацијата на одржување на фестивалот. „Покрај досега најатрактивната хедлајнерска програма на Ohrid Calling откако фестивалот се одржува во Касарна, има уште нешто што го прави овогодинешното фестивалско издание историско и за вас, и за нас, и за ...

Кралското семејство деновиве е посветено на Европското фудбалско првенство. По победата на Англичаните над Холанѓаните и пласманот во финалето, на честитките се приклучи и кралот Чарлс кој испрати убава порака до националниот тим. Се е објавено на кралскиот официјален Инстаграм профил. „Мојата сопруга и јас се придружуваме на целото наше семејство за да ви ги испратиме нашите најсрдечни честитки за пласманот во финалето на Европското првенство и ...

Делириум во Сплит, Еуфорија во Шибеник, НЏО и Рамбо го разбудија Вис се само дел од насловите кои ги објавија хрватските медиуми за време на турнејата на Националниот џез оркестар, кој го нарекоа и „најлудиот оркестар на Балканот“. Рекордно продадени концерти, изблици на еуфорија, громогласни аплаузи, бројни осврти и написи во хрватските медиуми ја означија првата официјална интернационална турнеја на Националниот џез оркестар кој настапи со ...

Од денеска до 14 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад се одржува 24-от EXIT, повеќенаграден меѓународен летен музички фестивал, каде се очекуваат над 1.000 изведувачи од регионот и целиот свет. Првиот ден од фестивалот е во знакот на роденденот на Никола Тесла, со слоганот „Заедно да ја разбудиме нашата супермоќ“, а музичката програма ќе ја предводат Бејби Лазања, и водечките уметници на новата генерација со американската поп ѕвезда ...

Шакира ќе настапи во финалето на Копа Америка во 2024 година, објави највисокото извршно тело во Јужна Америка задолжено за фудбалот (КОНМЕБОЛ). Добитничката на Греми и Латин Греми ќе настапи за прв пат на ваков настан. „Шакира е извонредна јужноамериканска ѕвезда која го заслепи целиот свет. Нејзините песни се пеат и танцуваат на секој агол на планетата, нејзината уметност се претвора во глобален феномен кој ги преминува границите и во кој ...

Компанијата „Paramount“ го објави трејлерот за вториот дел од легендарниот филм „Гладијатор“, на Ридли Скот. Според најавата, „Гладијатор 2“ ја продолжува сагата за моќ, интриги и одмазда во античката Римска империја. Години откако бил сведок на смртта на херојот Максим од рацете на неговиот вујко, Луциј е принуден самиот да влезе во Колосеумот кога неговиот дом е освоен од царевите тирани кои владеат со Рим со железна тупаница. Луциј мора да ...

Американската актерка и пејачка, 35-годишната Ванеса Хаџенс го роди своето прво дете. Американските медиуми информираа дека во средата со сопругот ја напуштила болницата во Санта Моника. Полот и името на детето се уште не и се познати на јавноста. Ванеса Хаџинс објави горчливо слатка порака во која го објави раѓањето на нејзиното новороденче. Актерката од „High School Musical“ ја објави среќната вест дека таа и нејзиниот сопруг Кол Такер го ...

Марк Цукерберг на необичен начин го прослави Денот на американската независност. Сопственикот на Мета објави видео како сурфа облечен во смокинг со американско знаме во едната и пиво во другата рака. „Среќен роденден Америка“, рече тој додека во позадина свири „Born in the U.S.A.“. Во видеото тој носи и Meta Ray-Ban очила, гаџет дизајниран од Мета. Тој го објави видеото на Фејсбук и Инстаграм, најголемите социјални мрежи на Мета и предизвика ...

Холувудската ѕвезда Марго Роби го очекува своето прво дете! Актерката и продуцент на „Барби“ беше забележана на езерото Комо, Италија со нејзиниот сопруг Том Акерли на 7 јули. На фотографиите објавени во американските медиуми, популарната „Барби“ може да се види како гордо го покажува својот мал, но видлив труднички стомак. Актерката, која има три номинации за Оскар, изгледа расположено, со гол стомак, додека се качува на брод за време на одмор ...

Последниот ден од фестивалот Скопје Синема Сити е посветен на македонски музички документарни филмови. Во киното „Мирно лето“ вечерва со почеток од 20.15 часот ќе биде прикажан „Лука“ во режија на Ице Виранов а потоа „Тале Огненовски“ во режија Благојче Трајковски. Фестивалот Скопје Синема Сити секоја година во рамките на својата програма отстапува место за домашната продукција на овој документаристички жанр со што сака да даде поддршка на ...

Членовите на култната македонска поп-рок група „Меморија“ денеска го промовираа новиот видеоспот за песната „За тебе“ и ја одржаа првата прес-конференција по повод големиот солистички концерт закажан за средината на ноември 2024 година во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје . Пред бројните ТВ екипи и новинари од различни медиуми, пријатели и бивши членови на бендот, како и познати музичари од постарата генерација, покрај премиерата на видото за ...

Францускиот и светски кинематограф Бруно Делбонел е добитникот на наградата „Златна камера 300 за животен опус“ на јубилејното 45. издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој ќе се одржи од 21 до 27 септември во Битола. Бруно Делбонел е најновиот член во Клубот на великаните на „Браќа Манаки“. Изодувајќи го патот од лауреат на „Специјалната Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност“ што ...

„У љубави смо краљеви и просјаци“ е насловот на новата песна на Владо Калембер, што ја потпишуваат: Григор Копров (музика), Саша Драгиќ (текст), Владимир Дојчиновски (аранжман). Најавено е песната да има и спот, како и набргу да може да се чуе и на македонски јазик. Како што се појаснува во соопштението, Копров веќе има напишано една песна за Калембер – „Добра ноќ заљубени“ за „Макфест 1988“ и оттогаш трае нивното пријателство што резултира и во ...

Со филмот „Карлос“ во режија на Руди Валдез, посветен на големата гитарска легенда Карлос Сантана, вечерва во 21 часот во киното „Мирно лето“ во Кинотеката, ќе биде означен почетокот на филмската програма на јубилејносто 10. издание на фестивалот „Скопје синема сити“. Документарниот филм на Руди Валдез, „Карлос“, претставува портрет на Сантана и како јавна и приватна личност, од дете во Мексико па се до најголемите стадиони на светот. Карлос ...

Во киното „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ, синоќа беше отворена филмската програма на 10. издание на фестивалот посветен на музичкиот документарен филм Скопје Синема Сити. Публиката имаше можност да го проследи видео обраќањето на големиот композитор на филмска музика Збигњев Прајснер, кој рече дека му е жал што не е присутен во Скопје за да ја почуствува атмосферата и да сподели дел од неговата музика со публиката. „Жал ми е што не сум во ...

Аријана Гранде се најде на удар на критики откако семејството на една од жртвите на серискиот убиец Џефри Дамер ја осуди затоа што рече дека би сакала да седне и да разговара со него, пишува TMZ. Пејачката во неодамнешниот подкаст изјави дека нејзин идеален гостин на вечера би бил Џефри. Да потсетиме, Џефри Дамер беше сериски убиец кој уби 17 мажи. Тој исто така беше осуден за силување, канибализам, некрофилија и трајно складирање на делови од ...

Принцезата од Велс редовно го посетува Вимблдон и им доделува трофеи на победниците на тенискиот турнир. Вимблдон започнува на 1 јули, а иако Кејт Мидлтон е далеку од очите на јавноста по нејзината дијагноза, организаторите на турнирот се надеваат дека принцезата ќе ја продолжи традицијата и ќе ги додели трофеите и оваа година. Претседателката на „All England Lawn Tennis and Croquet“ Деби Џеванс, изјави за Телеграф Спорт дека ќе и дадат на ...

50-годишната модна икона и поранешен член на групата „Spice Girls“ лансираше свој сопствен бренд за убавина во 2019 година, откако создаде две најпродавани колекции со Estée Lauder. Викторија Бекам се огласи на својот официјален профил на Инстаграм и објави туторијал за шминкање додека ги користеше производите на нејзиниот сопствен бренд. Додека го промовираше BabyBlade Brow Pencil од нејзината линија за шминка, Victoria Beckham Beauty, таа ...

Добра свирка нема без добар бенд, токму затоа Огнен Здравковски веќе никаде нема да е сам – од неодамна друштво му прават момците кои на јавноста ѝ се претставуваат како ОЗ бенд. Во составот кој ќе го придружува Оги на сцената се Антонио Тимчевски, клавијатури, Дејвид Дејв Демир, гитара, Бојан Дичовски, бас гитара, и Гоги Мицевски, тапани. И тоа не е сѐ, за јавноста да види и чуе како изгледаат и звучат дечките спакуваа одлично видео со кавери ...

Излезе документарниот филм „I am: Celine Dion“ за светската дива Селин Дион. Го прикажува нејзиниот живот, нејзините достигнувања во кариерата и нејзината борба со синдромот на вкочанета личност. Режисер е Ајрин Тејлор. Потресниот документарец доби пофалби од критичарите. Има 100% на Rotten Tomatoes и 8.1/10 на IMDb. Трогателната исповед на пејачката се снимаше повеќе од една година. Филмот ја следи Селин додека се обидува да продолжи со ...

Под мотото „E-commerce: Untangling Potential“ на 12 ноември во Националната опера и балет во Скопје ќе се одржи седмата по ред годишна конференција за е-трговија, која веќе трета година има регионален карактер и која е во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ. Оваа година, конференцијата ќе се фокусира на аспектите во е-трговијата каде е достигнат потенцијалот, но и на оние каде сè уште треба да се работи за да може да ...

Продолжува партнерството на Фондацијата Телеком и Црвениот Крст за проект наменет зa лица во трето доба. Фондацијата Телеком за Македонија и Црвениот крст на Република Северна Македонија го продолжуваат партнерството за Итно копче, иновативна услуга преку која со технологија се обезбедува помош за повозрасната популација. Итно копче е револуционерно решение чијашто цел е да се обезбеди брза реакција за повозрасните или изнемоштените лица преку ...

Принцот Вилијам го прослави својот 42 роденден на концертот на Тејлор Свифт на стадионот Вембли во Лондон, а друштво му правеа принцот Џорџ и принцезата Шарлот. На профилите на Кенсингтонската палата на социјалните мрежи беше објавена фотографија од концертот со кој Тејлор го започна лондонскиот дел од нејзината турнеја „The Eras Tour“. „Благодарам Тејлор Свифт за одличната вечер“, стои во описот на фотографијата на која Вилијам и децата ...

Скопје

4ᴼ/4ᴼ
0.51
81%
1020

Белград

5ᴼ/5ᴼ
1.54
89%
1021

Софија

7ᴼ/7ᴼ
6.69
71%
1019

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
7.84
51%
1016

Љубљана

7ᴼ/4ᴼ
0.51
95%
1020

Атина

20ᴼ/17ᴼ
2.06
61%
1013

Тирана

7ᴼ/7ᴼ
1.03
100%
1017

Подгорица

11ᴼ/6ᴼ
4.12
58%
1018
Currency

61.5333

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.841

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.59418

Currency

0.38477

Currency

0.52571

Currency

1.61635

Currency

0.65951

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $