Министрите за надворешни работи на Грција и Северна Македонија, Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски денеска ќе остварат билатерална средба во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН, јави дописничката на МИА од Атина. Средбата ја соопштија од грчкото МНР во рамки на активностите и состаноците што министерот за надворешни работи на Грција ќе ги има во текот на денешниот и утрешниот ден, а ја потврдија и извори од македонското МНР за ...

Едвај ме извлекоа од колата. Бев под камионот повеќе од еден час, велат и два. Подобро и да не ме извлекоа! Вака низ солзи зборува Мирјана Лазовиќ, сопругата на Данијело Лазовиќ, кој вчера со трите деца и сосетката загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Рашка, пишуваат српските медиуми за сообраќајката која викендов го расплака регионот. – Бев совозач, сите се изненадени како останав жива. Мајко, има ли Господ?! Нема сигурно кога ги зеде Дана ...

Паралелно со процесот на ветинг кај судиите и обвинителите, во Албанија се спроведува строга контрола и во работата на нотарите. – Во периодот јануари-август 2024 година, Министерството за правда ги засили контролите во нотарските канцеларии низ државата, при што беа извршени 42 контроли, што е значително зголемување во однос на минатата година. Овие контроли дојдоа како одговор на поплаки на граѓаните, како и за гаранција за спроведување на ...

Националниот сојуз на планинско спасување на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека петти ден се трага по белгиски турист кој имал рута за планинарење во Албанија и Северна Македонија. – Од 18 септември, среда, во тек е голема акција за барање и спасување на белгиски државјанин, кој се движел по позната патека High Scardus Trail, почнувајќи од нејзината 14та етапа, во Hinoske, Albanija, со план за нејзино целосно завршување се до етапа 22, во ...

Заврши штипската „Пастрмалијада“, а угостителите според првичните проценки имаат продадено над 30.000 пастрмалјиии на штандовите, дополнително сите угостителски објекти беа отворени во изминатите два дена, каде се служеше познатиот штипски кулинарски бренд. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска во изјава за МИА вели дека како организатори се задоволни од посетеноста на манифестацијата, а програмата нудеше содржини за сите ...

Во вонредни инспекциски надзори во Кичево, Струга и Охрид уништени се 187 килограми небезбедна храна, а изречена е и парична казна од 1.400 евра. Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека во Струга е казнет маркет со 1.400 евра поради пласирање на небезбедни производи на пазарот. Уништена е храна во количина од 15 килограми, а казната е изречена за утврдените недоследности (немање декларации, нечитки декларации на производите, ...

Поради погоден помошник судија со тврд предмет, натпреварот во Кавадарци меѓу Тиквеш и Вардар е прекинет. Во записнокот по натпреварот е внесено дека главниот судија Александар Ставрев во 90+6. минута не свирнал крај, туку го прекинал мечот. На прекинот претходешпе инцидент во кој од публиката долета предмет кон помошникот Гоце Петрески. Инцидентото се случи поради поништен гол на Тиквеш во самиот финиш при водство на Вардар со 1:0. Се очекува ...

Клиничка болница – Штип ќе добие ургентен центар. Директорот Владко Захариев изјави дека во него, лекарите и медицинскиот персонал ќе им укажуваат итна здравствена заштита на пациентите од целиот Исток. Тој посочи дека за да функционира, потребно е да биде формирана работна единица, каде ќе се спојат тимовите од Брзата помош и болницата. Дополнително ќе бидат ангажирани и приватните специјализанти кои преку проектот на ресорното министерство, со ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на престојот во Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, го посети Њу Џерси. Во Тотова, таа ја посети црквата „Свети Никола“, каде присуствуваше на литургијата по повод празникот „Рождество на Пресвета Богородица“ и оствари средба со претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси, информираат попладнево од нејзиниот кабинет. На ...

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити вели дека Предлог-законот за бранители ќе остане заглавен во Собранието. Во интервју за „Радио Слободна Европа“, Меџити вели дека не е добро за државата еден од приоритетите да биде носењето на ваков закон. – Ние имаме конечен став дека не е добро за процесите и за државата и не е во приоритетите да се донесе таков закон. Тој сега е заглавен во Комисијата што ја води Илире Даути и ...

Во ОВР Виница вчера во 20:15 часот било пријавено дека на регионален пат Виница – Кочани, патничко возило „сузуки“ со винички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(34) од с.Иљово, делчевско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Г.Ц.(46) и В.Ц.(51), двајцата од Виница, додека со телесни повреди се здобиле возачот Т.С. и сопатникот М.С.(53) од Виница, констатирани во болницата во Кочани. Увид на ...

Општина Центар го презакажа концертот „Нешто што ќе остане“ кој првично беше одложен заради временските прилики. Новиот датум е 29 септември со почеток од 19 часот во Паркот на франкофонијата. Новата музичка приказна за центарци и за сите скопјани започна да се пишува минатиот октомври во рамките на Програмата за култура на Општината. Градоначалникот Горан Герасимовски и овојпат најавува одлична забава со Влатко Лозаноски, Пајак, Лара, Таско, ...

Во ОВР – Неготино рано изутрина, во еден часот, пријавено било дека во неготинското село Криволак, настанал пожар во објект што се користел како фурна, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. Пожарот во објектот, сопственост на М.И. од селото Криволак, изгаснат бил од екипа на Територијалната противпожарна единица – Неготино. Нема повредени лица, увид извршила увидна екипа од ОВР – Неготино. Синоќа во 23.25 часот, полициски ...

Патишта во делови на Јужноафриканската Република денеска се затворени, по невообичаено обилните снежни врнежи, а службите за итни случаи се обидуваат да стигнат до луѓето кои од синоќа се заглавени во возилата. Според првите извештаи, во некои области наврнале и до два метра снег, а во неколку провинции портокаловото предупредување е подигнато од шесто на осмо ниво. Според медиумите, особено е погоден автопатот N3 на источниот брег, што ги ...

Претседателот Емануел Макрон именуваше нова влада предводена од премиерот Мишел Барние, соопшти неговиот кабинет, обележана со поместување надесно 11 недели по неубедливите парламентарни избори. Првата голема задача за Барние, назначен пред нешто повеќе од две недели, ќе биде да поднесе буџетски план за 2025 година кој се однесува на финансиската состојба на Франција, што премиерот оваа недела го нарече „многу сериозна“. Антоан Арман ќе биде ...

Чекор напред е последниот извештај на Комитетот на министри на Советот на Европа во кој се укажува дека Бугарија се уште не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права, оценува првиот човек на ОМО Илинден Пирин Стојко Стојков. Стојков, во изјава за Канал 5, посочува дека Бугарија од 2016 година е ставена под силен мониторинг и била принудена да прави разни мерки за избегне казни, но не успеала во тоа. – Ова е чекор напред. Веќе ...

Познатиот сараевски актер Моамер Касумовиќ предизвика многу реакции во регионот откако беше откриено дека во 2021 година бил осуден за блудништво врз малолетник. Касумовиќ се прослави со улогата на Дамир Хазлиновиќ во популарната серија „Луд, збунет, нормален“, а сега сите проекти во кои учествува се суспендирани. Касумовиќ е осуден на една година, но ја отплатил казната и не одлежал ниту еден ден. Сценаристот Феѓа Исовиќ, пишува порталот Аваз, ...

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека е „општо познато“ дека Разузнавачко-безбедносната агенција (ОБА) на Босна и Херцеговина планирала негова ликвидација како и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој рече дека тоа е една од причините поради која поранешниот директор на ОБА Осман Мехмедагиќ Осмица е во затвор. „Тоа беше целосно разработена шема во која тие прво развија мрежа за мониторинг во Србија на ...

Петчлено семејство од Рашка загина во страшна несреќа меѓу патнички автомобил и воен транспортер на Ибарската магистрала кај Ушче, пренесува порталот Нова. Блиц јавува дека загинал татко, три деца и уште една жена, додека мајката на децата преживеала. -Патничкиот автомобил бил целосно покриен со военото возило, целосно згмечен. На местото на настанот пристигнале екипи од пожарникари и спасувачи. Тие некако успеале да го подигнат военото возило и ...

Преку проектот „Безбеден град“ ќе спасиме многу човечки животи, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски во Кавадарци, каде заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност, ја посети кавадаречката полиција. – Направивме увид на системот „Безбеден град“ што е инвестиција на општината, но во периодот што следи треба да биде интегриран на оној поголем систем што планира МВР да го реализира. ...

ВМРО-ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со неистакнување на македонското знаме при постетата на претседателката на држвата на Бугарија, да прифаќа критики кои се од важност за државата и да презема конкретни чекори, порача пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5. -Од една средба, која навидум требаше да биде чекор кон приближување се создаде јаз. Дополнително сега ги гледаме изјавите од ...

,Министерството за образование и наука (МОН) ги објави конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи во државата за академската 2024-2025 година. Месечниот износ на стипендијата за постдипломски студии е 9.000 денари за девет месеци во годината. За докторски студии ќе се исплаќаат 18.000 денари месечно, во текот на целата година. Рокот за аплицирање е 1 ноември годинава. Вкупно 50 стипендии за ...

Веќе утврдената пракса секаде во кабинетите на министрите, на други функционери и институции на централната и локална власт па дури и во училишни холови да се вее знамето на Европската унија, не е ниту по нашиот закон, ниту по кој било утврден правилник. Лукреција Маљковиќ – Атанасовска од Академијата за протокол вели дека нашиот Закон за знаме е многу јасен и дискутабилно е поставувањето на знамето на ЕУ, а и знамето на НАТО во цивилни објекти. ...

Се знае каков е светскиот протокол за дочек на државник – тоа подразбира химна, знаме, ќилим, рапорт. Три третини протоколот е ист секаде во светот и една четвртина е особеност на земјата. Во случајот со посетата на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова на Бугарија и средбата со нејзиниот колега Румен Радев и недоставувањето на македонското знаме е гаф на бугарскиот протокол, смета Лукреција Маљковиќ – Атанасовска, од Академијата ...

Камерунскиот кошаркар и репрезентативец на САД Џоел Ембид потпиша нов договор со Филделфија со кој стана еден од најплатените во историјата на НБА лигата. Ембид е еден од најдобрите центри во денешницата и од почетокот на кариерата го носи дресот на Филаделфија. Според информациите на новинарот Шемс Чарни, Филаделфија ќе му даде договор на Ембид вреден 193 милиони долари за наредните три години. Договорот ќе има важност до сезоната 2028/2029 и ...

Обединетите нации соопштија дека се „многу загрижени“ по израелскиот напад во кој беше убиен висок командант на Хезболах во либанскиот главен град Бејрут и ги повикаа сите страни да покажат „максимална воздржаност“. – Ние, се разбира, сме многу загрижени за зголемената ескалација … Вклучувајќи ги и смртоносните напади што ги видовме во Бејрут денеска. Ги повикуваме сите страни веднаш на деескалација. Сите мора да покажат максимална воздржаност, ...

Денеска верниците слават голем празник – Рождество на Пресвета Богородица. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да ѝ оддадат заслужено признание и на неговата мајка. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја ...

Со жеlби за мир и здравје илјадници верници попладнево се поклонија пред иконата на Пресвета Богородица Троеручица,која во црквата Рождество на Пресвета Богородица, односно Мала Богородица во Скопје денес беше донесена од Света Гора. Иконата пред црквата ја пречека Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој ја одржа и богослужбата, а потоа се одржи литија низ центарот на Скопје, во која се приклучија илјадници ...

Силниот и интензивен дожд што доцна попладнево и вечерва ја зафати Општина Тетово предизвика делумно поплавување на улици, дворови и куќи во градот како и во Мала Речица. Поплавите се на неколкуте места каде постојано се јавуваат проблеми при поинтензивен дожд како на булеварот „Благоја Тоска“ спроти касарната и во Мала Речица. -До 20 часот и 15 минути интервениравме со испумпување на вода од 13 куќи во Мала Речица каде се поплавени дворови, ...

Управата на луксузната лондонска стоковна куќа „Harrods“ се извини во петокот за обвинувањата дека нејзиниот поранешен сопственик, египетскиот милијардер бизнисмен Мохамед Ал Фаед, силувал и сексуално нападнал неколку поранешни вработени. Документарецот и подкастот на BBC слушнаа сведоштва на повеќе од 20 поранешни работници кои рекоа дека биле сексуално злоупотребувани од Ал Фајед, кој почина минатата година на 94-годишна возраст, а инцидентите ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
6.69
54%
1020

Белград

9ᴼ/8ᴼ
4.63
78%
1021

Софија

9ᴼ/8ᴼ
7.72
65%
1019

Сараево

13ᴼ/13ᴼ
7.77
42%
1016

Љубљана

7ᴼ/6ᴼ
1.03
93%
1022

Атина

21ᴼ/18ᴼ
2.57
55%
1014

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
1.54
82%
1018

Подгорица

12ᴼ/8ᴼ
3.09
67%
1019
Currency

61.5331

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.8111

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.5846

Currency

0.38724

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $