Најавата на Тејлор Свифт за нејзината поддршка за Камала Харис на претседателските избори во САД не му се допадна на Доналд Трамп. „Ја мразам Тејлор Свифт“, објави денеска поранешниот американски претседател на својата социјална мрежа Truth Social. Тејлор Свифт ја поддржа Камала Харис за претседател само неколку моменти по завршувањето на претседателската дебата против Трамп. Во објава на Инстаграм, поп-ѕвездата рече дека го направила своето ...

Пред голф-клубот на Доналд Трамп на Флорида денеска имало пукање, додека републиканскиот кандидат за претседател бил на голф терените, пренесуваат американските медиуми. Како што пренесува NY Post, истрелите не биле насочени кон Трамп, туку дошло до конфликт меѓу две лица кои пукале меѓу себе. Како што се наведува, Доналд Трамп не бил во животна опасност. – Пукањето се случи надвор од клубот. Тој дел е познат по висок криминал – пренесуваат ...

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека неговата влада ќе прогласи состојба на природна катастрофа додека се бори со разорните поплави. „По консултациите со надлежните министри и служби, наредив подготовка на уредбата на Советот на министри за воведување состојба на природна катастрофа“, напиша Туск на X. Po konsultacji z odpowiednimi ministrami i służbami zleciłem przygotowanie rozporządzenia Rady Ministrów o wprowadzeniu stanu klęski ...

Историските и политичките услови во кои тие живееле и дејствувале се премногу различни за да се бара и наоѓа една единствена и заедничка константа во нивната дејност. Единствената константа што ги поврзува е нивната определеност и искрена или изглумена борба за политичка независност и самостојна држава на Македонија. Пишува: Ристе ЉУБОТЕНСКИ Без оглед на тоа дали или колку некому му се бендисува или не, ние, Македонците, како малоброен народ ...

Шест загинати, неколку исчезнати, илјадници евакуирани и десетици илјади без струја се последиците од невремето Борис, кое ја пустоши централна и источна Европа со бурни дождови и катастрофални поплави. Ова невреме предизвика катастрофални штети и поплави во Чешка, Словачка, Полска и Романија. Под вода се и делови од Австрија. Stronie Śląskie. Dom runął niczym pudełko z zapałek… Bardzo szybko przemieszcza się fala z pękniętej tamy. ...

Експлозија се случи во фабрика за тестенини во областа Хедек во Сакарија, Турција, при што се повредени најмалку 20 лица, според првичните извештаи на локалните медиуми. Експлозијата се случила на покривот на фабриката, а пожарот се уште беснее и ги отежнува напорите на противпожарната единица да го изгасне. Sakarya Hendek’teki bir makarna fabrikasında bir patlama meydana geldi. Patlamada ilk belirlemelere göre 20 işçinin yaralandığı ifade ...

Сиљановска по професија е правник и многу добро знае што може да направи шефот на државата. Во нејзиниот случај, се разбира – таа не може да нареди промена на уставот, но, како шеф на државата, авторитетен правник и една од најпочитуваните политички фигури во земјата, таа може да ги повика пратениците да го направат тоа што се очекува од нив – не само од Бугарија, туку и од ЕУ. И тоа е дури и нејзина должност, ако искрено се залага нејзината ...

Осум лица загинаа во текот на ноќта обидувајќи се да го преминат Ла Манш, каналот што ги дели Франција и Англија, соопшти француската полиција. Спасувачките служби утринава околу 01:00 часот добиле дојава дека бродот е во неволја во водите северно од Булоњ на Мору. – Загинаа неколку мигранти – соопштија од префектурата Па де Кале до агенцијата АФП. Инцидентот се случи седум дена откако 12 лица, меѓу кои шест деца и една бремена жена, загинаа ...

Во најновиот број на неделникот „Фокус“, објавуваме интервју со актуелниот национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и поранешен министер за внатрешни работи, Павле Трајанов, кој, меѓу другото, говори за однесувањето на новата влада, за состојбите во правосудството, за интеграцијата во ЕУ… Разговараше: Дејан АЗЕСКИ ФОКУС: Како го оценувате стартот на работата на најновата влада? Многумина сметаат дека ...

Над 200 милиметри дожд наврна во последните 24 часа, пред се на мерните станици во чешките градови Јесеник и Бескидс. – Од средата вечерта на падините на Јесеник наврнаа речиси 450 мм, на сртовите Крконоше околу 400 мм, на Бескидите скоро 300 мм, додека на планините Новохрад и Јизера имаме забележано над 250 мм врнежи, како и во Острава – изјавија утрово од чешкиот хидрометеоролошки завод, а потоа кажаа какви се прогнозите за денеска: – Денеска ...

Шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Кирил Буданов рече дека Русија сака да ја добие војната против Украина до крајот на 2025 година или почетокот на 2026 година, бидејќи од летото 2025 година па натаму ќе се соочи со сериозни економски проблеми и ќе мора да мобилизира повеќе луѓе. Буданов ова го изјави на конференција одржана неодамна во Киев, како што јави украинската новинска агенција Интерфакс. „2025 година, крајот на 2025 ...

Хакери од Главната управа за разузнавање на Украина (ГУР) извршија уште еден сајбер напад врз банкарскиот систем на Руската Федерација. „Како резултат на операцијата, беше нарушена работата на најголемите банкарски институции на државата агресор, кои ја обезбедуваат работата на окупаторските сили на вооружените сили на Русија“, се вели во соопштението на Главната управа за разузнавање на Министерството за Одбрана на Украина. Се наведува дека ...

Меѓу сојузниците на Москва, Северна Кореја претставува најголем проблем за Киев поради масовното снабдување на Москва со артилериски гранати, кои се користат на украинскиот фронт, изјави денеска шефот на украинската разузнавачка служба Кирило Буданов. „Од сите сојузници на Русија, нашиот најголем проблем е Северна Кореја, бидејќи со количината на воена опрема што ја испорачуваат, тие навистина влијаат на интензитетот на борбите“, рече тој на ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на Фејсбук објави видео на кое го вози американскиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер во фитнес центар во Будимпешта, шегувајќи се дека туристите во градот подобро ќе ја препознаат американската ѕвезда од унгарскиот премиер. На видеото се гледа како Шварценегер го возат до зградата на унгарската влада, а потоа тој и Орбан пријателски се поздравуваат, разменуваат книги со посвети, а ...

Венецуелскиот министер за надворешни работи Диосдадо Кабело објави дека властите уапсиле шест странски државјани, вклучително и член на елитната единица за специјални операции на американската морнарица SEAL, поради наводен заговор на ЦИА за дестабилизација на латиноамериканската земја. Кабело тврди дека целта на ЦИА е да го убие претседателот Николас Мадуро, додека Стејт департментот ги отфрли овие наводи, пренесува Си-Ен-Ен. На ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека ја става на коцка иднината на својата земја со нападот на Украина. „Војната е, од руска перспектива, крајно глупава“, рече Шолц. Тој додаде дека Путин, како што рече, „заради своите империјалистички соништа испраќа стотици илјади руски војници на смрт и ги уништува економските односи на Русија со многу земји во светот“. „И Украина после тоа ќе има посилна армија ...

Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 најостро го осудија испраќањето ирански балистички ракети во Русија. „Иран мора веднаш и целосно да ја прекине својата поддршка за нелегалната и неоправдана војна на Русија против Украина и да го запре таквиот трансфер на балистички ракети, беспилотни летала и слични технологии“, стои во заедничката изјава на шефовите на дипломатиите на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика ...

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Израел ќе одговара за злосторствата во Појасот Газа, кои ги спореди со геноцидот во Сребреница. – За жал, денес во Газа и на окупираните палестински територии сме сведоци на сличен масакр каков што беше извршен пред очите на целиот свет во Босна и Херцеговина во 90-тите – истакна Ердоган на средбата во Истанбул со претседавачот на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ. ...

Лидерот на полската десничарска опозициска партија Право и правда (ПиС), Јарослав Качински, на денешниот протест во Варшава изјави дека проевропската Влада на премиерот Доналд Туск дејствува против националните интереси и ги крши полските закони. Качински ги повика своите симпатизери да покажат јавна и политичка активност и да го поддржат кандидатот на ПиС на претседателските избори, што ќе се одржат следната година. Опозициската партија се уште ...

Западнобалканскиот субрегион изобилува со прекари за народи, како што се Каури, Шиптари, Татари, Бајгањовци, Мекерета, Чокајлии, Геџовани, Чефури, Шкии, Балии, Шокци, Бодули, Шкутори, Јанези. За најголемиот број, ваквите изрази се навредливи и имаат пежоративно значење, па најрационално би било да се однесува според максимата „Не му прави на друг тоа што не сакаш на тебе да ти се прави“! Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ Име на името. Прекар. ...

Синоќа во Струмица беше затворен 32-от Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Наградата за најдобро актерско остварување, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда во износ од 1.500 евра и плакета, која дополнително ќе била врачена, ја доби Долорес Лео Поповиќ. Истата е за улогата на Ања во претставата „Кенди“, според романот на Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, независна продукција „Златен Елец“ од ...

Во Европа беснеат поплави, а веќе има и жртви. Пет лица загинаа во источна Романија, а десетици останаа заглавени во поплавените подрачја, соопштија денеска итните служби. Inundaţii în localitatea Pechea, județul Galați- https://t.co/iVkUXlbFYX Sursa video: ISU Galaţi pic.twitter.com/xqgA0Va0kr — AGERPRES (@agerpres) September 14, 2024 Поплави ја погодија и централна Европа, па жителите од делови на Полска и Чешка беа евакуирани, а слично ...

Циклонот Борис веќе предизвика хаос во централна Европа, а властите се во состојба на готовност. Овој феномен донесе обилни снежни врнежи во планинските одморалишта во Австрија и Италија. Неговите ефекти се очекува да се почувствуваат и во другите европски земји во наредните денови. Во Романија, метеоролозите издадоа портокалови предупредувања за дожд и поплави, предвидувајќи екстремни временски услови во следните два дена. Се очекуваат ...

Синоќешната средба на американскиот претседател Џозеф Бајден и британскиот премиер Кир Стармер во Вашингтон не донесе новости во однос на барањето на украинскиот претседател Володомир Зеленски за користење на западно оружје – ракети со долг истрел кои Украина би ги користела за напади врз Русија, јавува Би-Би-Си. Ова значи дека барем засега, САД и Обединетото Кралство нема да и дозволат на Украина да користи ракети од нивно произвoдство за ...

Руската војска ноќеска со беспилотни летала ги нападна градот и регионот Одеса. Сирените во украинскиот црноморски град биле активирани во 00:57 часот, пренесува БТА. Во Одеса се слушнале силни експлозии, а локалните власти го повикаа населението да остане на безбедни места. На брегот на Црното Море кружат 10 дронови кои постојано маневрираат, јавуваат украинските медиуми. Под закана се градовите со капитална инфраструктура – Одеса, Черноморси, ...

Во најновиот број на неделникот „Фокус“, објавуваме интервју со актуелниот национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и поранешен министер за внатрешни работи, Павле Трајанов, кој, меѓу другото, говори во однос на најавите за дестабилизација. Според него, новата власт има политички и институционални капацитети да спречи, како што посочува, меѓуетнички конфликти од пошироки размери. Разговараше: Дејан ...

Распишување локални избори на северот на Косово, враќање на Србите во полицијата и правосудството и повлекување на специјалните полициски сили на Косово од северот – ова се дел од клучните барања на официјален Белград кои денеска ги изнесе српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќање до јавноста. Исполнувањето на барањата, како што вели Вучиќ, е неопходен предуслов за значаен напредок во процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина. Тој ...

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во врска врска со настаните околу црквата во гостиварско Галате рече дека Арбем Таравари треба да седне со Христијан Мицкоски да поразговара и да се вразумат. Спасовски покажа фотографии на кои се гледа дека активисти на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на Таравари се дел од настаните. -Ова е фотографија на инвеститорот, еден од поблиските соработници на господинот Таравари. Овде ќе видите уште едно момче кое ...

Одговорот беше позитивен, така што Македонија можеше да почне со итните подготовки за превентивните сили на ОН на нејзините граници. Така, би рекол повеќе случајно отколку намерно, ја отворивме вратата, под знамето на ОН, да дојдат и американски трупи во Македонија. Наравоучение: Tи направи најдобро што знаеш и умееш и моли се да ти успее замислата. Успеа! Одолеавмe на искушенијата на војните и со помош на нашите идни партнери во НАТО и во ЕУ, ...

Една од легендите на македонската народна музика пејачката Анка Гиева почина на 86 годишна возраст. Семејството соопшти дека таа починала на 7 септември, а ќе биде погребана утре на 9 септември на градските гробишта во Бутел во Скопје. Родена е во Скопје, Гиева била професионално вработена во Македонскиот народен театар (МНТ), а потоа во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“. За Радио Скопје снимила голем број антологиски народни ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
6.69
54%
1020

Белград

9ᴼ/8ᴼ
4.63
78%
1021

Софија

9ᴼ/8ᴼ
7.72
65%
1019

Сараево

13ᴼ/13ᴼ
7.77
42%
1016

Љубљана

7ᴼ/6ᴼ
1.03
93%
1022

Атина

21ᴼ/18ᴼ
2.57
55%
1014

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
1.54
82%
1018

Подгорица

12ᴼ/8ᴼ
3.09
67%
1019
Currency

61.5331

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.8111

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.5846

Currency

0.38724

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $