Екипата на Башкими одигра солиден натпревар пред своите фанови и го совлада тимот на Работнички со конечни 2-1 (1-0) во тринаесеттото коло од Првата македонска фудбалска лига. Првото полувреме понуди отворен и динамичен фудбал на двете страни. Работнички од стартот се обидуваше да дојде до конкретна шанса, често продираше по десната страна расположениот Кадриу, но без особена реализација во завршницата на акциите. Домаќинот делуваше стабилно во ...
Башкими го искористи домашниот терен и дојде до три бода против Работнички. Со голот на Абдулхади Јахја во финишот од првото полувреме домаќинот поведе со 1-0. Башкими во второто полувреме преку Аворнио дојде до предност од 2-0, а до крајот Работнички успеа да постигне само почесен гол преку Хоџа. Струга немаше проблеми против Арсими, славеше со убедливи 4-0 и покажа дека е значително поквалитетен тим. Радески во 20. минута го отвори резултатот. ...

