Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на зголемувањето на платите на полицајците, изјави: „Веќе вработените во Министерството за внатрешни работи добија за 10% повисока плата, на 1 април. Уште едно од ветувањата е реализирано. Пензионерите веќе добија 2.500 денари линеарно зголемување со оние 2.500 од минатата година, го заокружуваме циклусот на 5.000, ...

„Платите на полицијата со априлската исплата пораснаа за 10 проценти. Тоа е покачување на примањата на над 12000 граѓани. Ова е реализација на уште едно ветување на Владата со кое се работи на создавање на промени и враќање на достоинството на гаранторите на безбедноста“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Со години полицијата беше омаловажувана и беше рушено нивното достоинство. Единица мерка за криминал и заштита на криминалците беше поранешниот министер ...