Проектот за долгометражен анимиран филм „Златната Пеперутка“, со омилените детски херои Биби и Боби, освои ново меѓународно признание – наградата „Млади Хоризонти“ (Young Horizons Award) на престижниот CEE Animation Forum, што се одржа од 4 до 6 ноември во Плзењ, Чешка. На форумот беа претставени 29 проекти од 15 земји, пред повеќе од 200 претставници од европската анимациска индустрија: продуценти, режисери, телевизиски уредници и дистрибутери. ...

Скопје, 10 ноември 2025 (МИА) - Анимираниот филм „Златната Пеперутка“, во продукција на Македонска Крепост, Светот на Биби и Тун Моушн Студиос, освои уште едно значајно признание на европската сцена. Проектот беше претставен меѓу 29 проекти од 15 земји на престижниот форум, пред повеќе од 200 претставници од европската анимациска индустрија – продуценти, режисери, телевизиски уредници и дистрибутери. Ова е втора награда за „Златната Пеперутка“ ...