Фудбалерите на Атлетико Мадрид славеа со 1-0 на домашен терен против Осасуна во последниот натпревар од денешната програма од 9. коло во шпанската Ла лига. Домаќините стигнаа до водство од 1-0 преку Баена во 9. минута, но неговиот погодок беше поништен со ВАР поради офсајд, одлука која во најмала рака беше сомнителна. Сепак, јорганџиите стигнаа до победа откако младиот Тијаго Алмада стрелаше за 1-0 во 69. минута. No busquéis el “¿por qué?”. ...

Атлетико Мадрид и официјално поднесе жалба до УЕФА откако фудбалерите останале без топла вода на „Емирати стадион“ за време на тренингот пред мечот во Лига на шампиони против Арсенал. Екипата на Диего Симеоне вчера попладне тренирала на дождливо време, а откако завршил тренингот, сите биле непријатно изненадени, откако во тушевите во соблекувалната немало топла вода. Проблемот бил пријавен кај луѓето од Арсенал, но едноставно топла вода немало. ...

Вечерва во 21 часот, Арсенал е домаќин на Атлетико Мадрид во едно од дерби натпреварите од третото коло на Лигата на шампионите, но пред натпреварот, според шпанските медиуми, изби голема афера. Атлетико тренираше на „Емирати“ еден ден пред натпреварот. По тренингот, играчите на гостите ги пречека непријатно изненадување. „Немаше топла вода во нивната соблекувална, како и во другите соблекувални на „Емирати“, па играчите на Атлетико, испотени и ...