Екс генералниот секретар на владата, Драги Рашковски заминува во куќен притвор, иако обвинителството за него побара мерка ефективен притвор. Куќен притвор доби и Даниел Станчески, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп“ која го доби тендерот за софтверот Судот својата одлука ја правда со тоа што Обвинителот не приложил докази за поткрепа на основите за сомнение поради кои се бара притвор. Обвинителката која го застапува предметот пак, ...
На Драги Рашковски му е одреден куќен притвор, за што Обвинителството ќе поднесе жалба на одлуката на судијата во претходна постапка. Бараме да се одреди притвор бидејќи е утврдена и материјалната состојба на приведениот, изјави пред судот обвинителката Трајчева посочувајќи ја наредбата за истражна постапка. Според Трајчева, Рашковски можел да влијае врз сведоците и од куќен притвор. Ваква мерка му била одредена и на вториот осомничен Станчев, ...