Двајца пензионирани полицајци наместо да и служат на државата која ги плаќа, рапортирале пред шефот на групата Грчец, Шеваљ Муареми. Главните инспектори за имотни деликти откривале службени тајни, им кажувале за акциите и апсењата кои ги планира полицијата од декември 2019 до март 2021 година. Шеваљ Муареми успеал да ги мотивира пензионираните инспектори да ја алармираат групата за секој потег на полицијата, а за тоа биле наградувани со станови, ...
Јавен обвинител од ОЈО ГОКК ноќеска ја координираше акцијата на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР во која три лица се лишени од слобода и против кои е донесена наредба за спроведување на истражна постапка. Осомничените во периодот од декември 2019 година до март 2021 година извршиле кривично дело Злосторничко здружување и продолжено кривично дело Оддавање на службена тајна, дополнително прво и третоосомничениот сториле ...