Вториот триумф во Лигата на шампиони ја врати целосно самодовербата во редовите на Пелистер. Актуелниот македонски првак одигра одличен меч пред домашната публика, а тоа пак му донесе триумф против големиот Пик Сегед. Ракометарите на Пелистер сега имаат шанса да ја повторат играта од пред една недела и на сметка на истиот противник да дојдат до нови бодови. Македонскиот првак утре му гостува на Пик Сегед. Од таборот на унгарскиот тим на големо ...
Пелистер не успеа да ја повтори истата игра од пред седум дена. Пик Сегед беше максимално подготвен, не му дозволи на македонскиот првак да приреди сензација, а сето тоа благодарение на искусниот голман Роналд Миклер, кој беше неверојатен и запиша 10 одбрани. На крајот Пелистер беше поразен со убедливи 35-20(14-9). Кукиќ и Фримен со по седум погодоци беа најдобри кај победникот. По три гола на другата страна имаа Манасков и Хаџиќ. Пелистер го ...

