Голманот на Манчестер сити, Скот Карсон, објави дека се повлекува од професионалниот фудбал на 40-годишна возраст. Карсон е познат по тоа што со Сити освои 12 трофеи, а на терен мина само 117 минути, или во просек освојуваше пехар на секои 9 минути игра што е неверојатно. „По неверојатното патување помеѓу стативите, време е да ги закачам ракавиците. Фудбалот ми даде сè – спомени, пријателства и моменти што никогаш нема да ги заборавам. ...

Поранешниот голман на Манчестер Сити и на англиската репрезентација Скот Карсон, соопшти дека ја завршува кариерата. Карсон ова лето му истече договорот со „Граѓаните“, и не успеа да најде клуб, по што ја завршува својата мисија на „Етихад“ со освоени четири титули во Премиерлигата и трофеј во Лигата на шампионите. Токму во Сити го оствари најголемиот успех во 2023 година кога се закити со тројната круна. Тој стана култна личност во Манчестер ...