Братислав ДИМИТРОВ Тоа беа времиња кога полесно беше да отепаш бафало во Канада, отколку да фатиш женска во Скопје. Заради правилото „ништо пред брак“, многумина се оженија млади и зелени, затоа што им здосади да чекаат ред кај некоја маалска радодајка. Останатите летуваа на „наше море“ заради Швеѓанки. Со надеж дека страсната средба со нив, после ќе им ја олесни скришната активност под јорганче. Заради која старите нѐ плашеа дека ќе нѝ се исуши ...
Едно рано утро во 1968 година, тогашната држава Чехословачка осамна окупирана од најбројната и најтешката тенковска механизација на тогашниот Советски Сојуз. Оваа „братска помош”, како што суптилно се изразија, била со цел „да им помогне на чехословачките комунисти да се вратат од скршнатиот – на вистинскиот пат кон социјализмот”. Младиот студент Јан Палах излезе на „Вацлавске намести” (центарот на Прага) и во знак на протест се самозапали! И ...

