Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во градежните активности на новата градинка во Расадник, каде се работи со голема динамика на објектот ќе кој ќе овозможи современи услови за 120 дечиња. Со нејзината изградба, како и со објектот „Верверичка“ кој е во завршна фаза и објектот во Потстаница, целосно ќе се затворат листите на чекање за згрижување деца во градинките на територија на Општина Кисела Вода. -Денес извршив увид во новата ...
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски информира дека во тек е изградба на нова градинка кај Расадник. Градинката ќе има капацитет да прими 120 деца и ќе се простира на површина од 795 квадратни метри, а предвидени се шест занимални од кои две ќе бидат наменети за јасли. Препорачано Ѓорѓиевски вели дека со завршување на овој проект целосно ќе се елиминираат листите за чекање за упис во градинките, а зголемените капацитети ќе ...

