По големото реми во Гент против Белгија се создаде голема еуфорија пред денешниот меч со Казахстан, Националната Арена „Тодор Проески“ беше речиси исполнета, македонските фудбалери имаа голема поддршка од трибините за да остварат победа, но за жал тоа не се случи. Бевме сериозен фаворит во овој меч, но не го одигравме нашиот најдобар натпревар, имавме свои моменти, особено во вториот дел од натпреварот, но не успеавме да ги освоиме трите бода. ...
Македонија не успеа да го победи Казахстан, одигравме 1-1 во натпревар со две различни полувремиња. „Што би променил сега после натпреварот? Старната формација и некои играчи. Не ме изненади Казахстан но немавме доволно информации за да ги анализираме, се обидовме да играме во формацијата во која започнавме, но не успеавме, брзо ја променивме формацијата и продолживме. Второто полувреме беше сосема поинаку. Миовски беше принудно померување на ...
Македонскиот голман Столе Димитриевски вчера ја имаше една од најдобрите партии во репрезентативниот дрес. Беше на висината на задачата во секоја закана од противничките фудбалери а се истакна со одбраните на обидите на Де Брујне, Доку, Опенда и Фофана. По шест кола, Македонија има 12 бодови – еден повеќе од Белгија и два пред Велс, кои имаат натпревар помалку. Клучниот дуел за расплетот ќе биде меѓусебниот меч на Велс и Белгија. Победа на Велс ...

