Македонскиот ракометен суперлигаш ГРК Охрид продолжува да го засилува својот тим за следната сезона во македонскиот шампионат. Најново засилување на охриѓани е хрватскиот лев бек Анте Иванковиќ. Иванковиќ во Охрид доаѓа од Штутгарт каде минатиот период играше во Бундеслигата. Претходно тој настапуваше и за словенечкиот Целје Пивоварна Лашко. Српскиот стручњак Борис Ројевиќ веќе ги обезбеди за својот проект во Охрид десниот бек Предраг Вејин, ...

ГРК Охрид го официјализира ангажманот и на грчкиот репрезентативец Николаос Лиапис, кој од следната сезона ќе го носи дресот на охридскиот клуб. Дваесет и петгодишниот ракометар доаѓа од грчкиот гигант Олимпијакос, клуб во којшто ја започна својата кариера, а настапува на позицијата пивот. Лијапис, кој важи за прв избор на селекторот на грчката репрезентација на својата позиција, во својата кариера има настапувано и за АЕК Атина, како и за ...