Кол Палмер во 2023 година се пресели од Манчестер сити во Челзи „само“ за 50 милиони евра, а потоа се промовираше во еден од најдобрите фудбалери на Сините. Тоа не остана незабележано од европските гиганти, а според најавите од Островот, Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за неговите услуги. Сепак, Палмер има договор со Челзи уште осум години, па Кралевите ќе мора и тоа како да платат висока сума доколку сакаат да го ангажираат. Според ...
Ѕвездата на Челзи, Кол Палмер, ќе отсуствува уште околу еден месец поради повредата на слабините што го мачи во последниот период. Поради здравствените проблеми, Англичанецот има само четири настапи од почетокот на сезоната и пропушти неколку натпревари и со репрезентацијата. Повредата ја доби уште за време на претсезонските подготовки. Медицинскиот тим на Челзи засега не смета дека е потребна операција, а стручњаците веруваат дека подолга пауза ...

