Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе продолжат акциите со цел да се откријат евентуални злоупотреби од здравствени работници. Тој беше прашан во врска со апсењето на лекар во Битола и како на социјалните мрежи се споделува дека се злоупотребува дополнителната дејност, пред сѐ во хируршките гранки, каде дури и тешко болни од рак не се оперираат во редовен термин, туку „се нуди опција доколку сакаат побргу да бидат ...
Здравствените работници да бидат професионални и коректни-акциите за евентуални злоупотреби од страна на медицинскиот кадар ќе продолжат, порача денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Во Министерството за здравство биле пристигнати повеќе пријави од граѓани на кои им е побарано мито од лекар или медицинско лице. Вчера Обвинителството побара притвор за хирург од битолската болница кој примил мито за да изврши операција кај пациент. ...
Одговарајќи на новинарско прашање дали смета оти треба да се одземе лиценцата на доктор што земал мито од пациент, Таравари одговори потврдно, но дека ова прашање треба да му се постави и на претседателот на Лекарската комора Мито во здравството постои – тоа е непобитен факт. Но, колку е распростането треба да се докаже и да има судска пресуда. Ова денеска го изјави министерот за здравство, Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање како ...