Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ свика вонредна седница на Советот за национална безбедност за утре, 3 јануари, поради трагичниот настан што се случи на Цетиње a на социјалната мрежа Икс напиша дека на седницата на Советот за национална безбедност ќе се разгледуваат сите опции, како и целосна забрана за поседување оружје. На седницата, која ќе започне во 14 часот, ќе присуствуваат главниот специјален обвинител Владимир Нововиќ и високиот ...
Оружјето, рече Спајиќ, не смее да биде на улиците и во рацете на оние што можат да им наштетат на другите. Тој објави и тридневна жалост. „Затоа ќе побарам од новоименуваните раководители на безбедносниот сектор веќе од утре да понудат решенија со кои ќе се осигури безбедноста на нашите граѓани. Јавниот повик за итно вработување на дополнителен број полицајци ќе биде објавен првиот работен ден, без да се чека мислењето на ЕК и Советот на Европа, ...