Пелистер е во Загреб, каде вечерва (19 часот) ќе го одигра првиот натпревар од ФИБА Европа купот, за противник го има тимот на Цедевита јуниор. Битолчани одлично ја стартуваа новата сезона со две убедливи победи во домашното првенство, како најава за почетокот на оваа европска авантура во групната фаза од едно ФИБА натпреварување. Домашниот терен ќе биде адут на хрватскиот тим, но „пелистерци“ се решени воопшто да немаат епизодна улога и ќе ...
Кошаркарскиот клуб Пелистер во понеделник ќе ги пушти во продажба билетите за претстојниот домашен меч од ФИБА Европа купот против Превидза од Словачка. Ова ќе биде прв историски домашен европски меч на Пелистер во салата „Боро Чурлевски“, истиот е закажан за 22 октомври со почеток во 19 часот. Цената на билетите за оваа европска битолска премиера изнесува 200 денари. Влезниците за овој дуел ќе бидат пуштени во продажба во „ЗИКС“ во понеделник ...

