Христос се роди, навистина се роди! Православните христијани го празнуваат еден од најголемите христијански празници, Божиќ. Верниците изутринава ги наполнија храмовите, се помолија за здравје среќа и бериќет, запалија свеќа. Христовото раѓање, најсветлиот и најрадосен празник. Во сите храмови на македонската православна црква се одржаа божикни литургии Го празнуваме Рождеството на Синот Божји. Но, од секого од нас зависи дали тој ќе се роди и ...

Православните верници го одбележуваат Бадник, денот пред Божик, очекувањето на Христовото раѓање. Првите весници на празникот се децата коледари. А весник или гласник значи ангел. Тие се нашите земни ангели. Тие се известувачите за Божик. Од рано утро нè будат со песна и со радост. Тие се првите гласници на празникот – весници на радоста. Нашите ангели за Бога и за Бадник. Рано в зори секоја куќа го слуша прекрасниот детски глас, како глас на ...