Ракометниот клуб Вардар 1961 слави голем јубилеј - 65 години од неговото постоење. Во чест на роденденот, управата на „црвено-црните“ реши да претстави ново официјално лого кое симболично ја отсликува историјата и славното минато на големиот Вардар, и до крајот на јубилејната сезона ќе ги краси дресовите на двократниот европски шампион. Од клубот објавуваат дека логото претставува омаж за сите ракометни легенди, спортски работници и навивачи, ...

„Во чест на одбележувањето на 65 роденден на клубот, ви го претставуваме официјалното лого кое симболично ја отсликува историјата и славното минато на големиот Вардар, а кое до крајот на јубилејната сезона ќе ги краси и дресовите во кои ќе настапува нашиот тим! Клуб за сите генерации претставува омаж на ракометните легенди, спортските работници и навивачите кои шест и пол децении заедно ја создавале црвено-црната приказна која со истиот став, ...