Независниот синдикат на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило – Скопје“ информира дека од денеска продолжуваат со протестите во периодот од 9:30 до 12 часот, бидејќи вработените сè уште не ја добиле платата за месец септември. Иако на состанок со директорот било ветено дека исплатата ќе се реализира, парите не се префрлени на сметките на работниците. Од синдикатот велат дека ова претставува продолжување на серијата доцнења и игнорирање на ...
Вработените на „Паркови и зеленило“ – Скопје денеска повторно протестираа пред ова јавно претпријатие и искажаа револт зошто се уште не им е исплатена плата за септември и за октомври. Ги повикуваат и другите вработени, кои се членови на синдикат, да дојдат и утре на протест, што ќе се одржи на истото место, и да изразат незадоволство. Атанас Георгиевски, претседател на Независниот синдикат на државна администрација „Паркови и зеленило“ ...
Атанас Георгиевски, претседател на Независниот синдикат на државна администрација „Паркови и зеленило“ потенцира дека на работниците им треба само плата. „Се собравме по не знам кој пат да го изразиме незадоволството и покрај празните ветувања за плата, вчера до 15 часот, па утрово… Се уште плата нема. Бараме две плати и бараме здравствено осигурување. Работниците не можат да си ги однесат своите деца на лекар, не можат да земат лекови на ...

