Независниот синдикат на паркови и зеленило и Независниот синдикат на државна администрација на Македонија најавија синдикален протест денеска од 08:30 до 11:00 часот. Протестот ќе се одржи на крстосницата меѓу булеварите Илинденска и Никола Тесла, со цел да се изрази револт поради неисплатата на септемвриските плати и другите надоместоци за вработените во ЈП „Паркови и зеленило“.Синдикатите бараат итна исплата на платите, регресот, јубилејните ...

Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и фирмите-ќерки ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“ денеска повторно излегоа на протест поради неисплатената плата за септември. Тие 3 часа ја блокираа крстосницата пред Зоолошката градина – Скопје и булеварот „Илинден“, кај Матично. Како што велат, доколку денес не ја добијат платата, утре ќе ги блокираат двата влеза на Претпријатието. „Покрај неисплатената плата за септември, вработените се уште ...

Синдикатот веќе поднел пријави до Државниот инспекторат за труд, како и кривична пријава против директорот за неисплата на К-15, а најавуваат дека ќе продолжат и со поединечни тужби од страна на вработените за сите неисплатени побарувања Вработените од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопје и од фирмите-ќерки „Флораком“ и „Луна“ денеска повторно излегоа на протест, изразувајќи револт поради неисплатената плата за месец септември. Од ...