Министерството за внатрешни работи соопшти дека и за вториот круг од локалните избори ќе користи дронови за воздушна контрола, со цел побрза реакција и навремено преземање мерки во случај на евентуални инциденти. Според МВР, во согласност со направените проценки и воспоставените планови, полицијата ќе биде присутна во близина на избирачките места и на клучните сообраќајни точки, со што ќе се обезбеди зголемена ефикасност и контрола на јавниот ...
И во вториот круг од локалните избори, Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе ја обезбедува безбедноста на избирачките места со мобилни полициски тимови и дронови, информираат од институцијата. Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, истакна дека обврската на полицијата е да обезбеди мирен, безбеден и демократски изборен процес, при што ќе бидат преземени сите неопходни мерки за граѓаните слободно и без притисоци да го ...

