Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја забележаа третата победа во низа, откако славеа над Прилеп со конечни 31-28 во натпреварот од дванаесеттото коло во македонската Суперлига. Битолчани одиграа добар натпревар, а дека се одлично расположени покажаа уште во првото полувреме, кога создадоа предност од пет голови (18-13), за во вториот дел рутински да ја доработат задачата и да впишат нови бодови на табелата. ...
Словенечкиот ракометар Нејц Цехте заминува од Еурофарм Пелистер и се сели во Бундеслигата, каде ќе го носи дресот на Фуксе Берлин во следните шест месеци. 33-годишниот словенечки интернационалец сè уште беше член на македонскиот шампион, но германскиот гигант му плати отштета за трансферот на битолскиот клуб за да го ослободи порано од предвиденото затоа што има проблеми со повредени играчи. Цехте има искуство од Бундеслигата, каде четири сезони ...
Еурофарм Пелистер оствари голема победа над Пик Сегед пред три дена во Лигата на шампиони, а веќе денеска имаше нов предизвик во македонската Суперлига. Квалитетот на противникот му овозможи на тренерот Гарабаја да одмори дел од најважните ракометари, но и покрај тоа, Пелистер оствари сигурна и висока победа на домашен терен. Бутел не можеше да парира и загуби со резултат 31:21 во Битола, и тоа на натпревар на кој фаворитот играше со половина ...

