Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени започнува утре. Првото рочиште е закажано во 9:30 часот во судницата на КПУ Идризово, со засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа. Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица, а постапката ќе се води со темпо од две рочишта неделно. Судот апелира до медиумите за достоинствено известување без ...

Судски процес за трагедијата во Кочани Започна судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој однесе 63 животи и повреди над 200 лица. Овој настан ја потресе целата држава и отвори сериозни прашања за безбедноста, одговорноста и корупцијата во институциите. Судењето се одржува во големата дигитализирана судница при КПУ „Идризово“ во Скопје. Со полициски комбиња беа донесени неколкумина од обвинетите кои се во притвор. Пред ...

Кога околу три часот по полноќ на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани се запалија пиротехничките ефекти над сцената за време на настапот на групата ДНК, никој од присутните млади не можеше да претпостави дека за неколку минути забавата ќе се претвори во најголемата цивилна трагедија во поновата историја на Македонија. Во стампедото и чадот загинаа 63 лица, над 200 беа повредени, а трагедијата во Кочани од таа ноќ натаму повеќе не ...

По осум месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска започнува судењето за пожарот што се случи на 16 март годинава и во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Првото рочиште е закажано за денес во 9.30 часот во судницата на КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки и присуство на медицински тим. Обвинителниот акт беше поднесен на 13 јуни, а Кривичниот суд го одобри на 3 октомври. Случајот опфаќа 38 ...