Италијанскиот ас Јаник Синер продолжува да го гради својот статус како еден од најдоминантните тенисери во моментов. Со извонредна игра пред преполната арена во Торино, 24-годишниот тенисер триумфира над Карлос Алкараз со 2-0 во сетови и по втор пат по ред го освои престижниот завршен Мастерс. Во финалето, кое траеше повеќе од два часа, Синер го контролираше ритамот и во најкритичните моменти покажа мирнотија и прецизност што му ја одбележуваат ...

Синер покажа дека во овој момент е најдобар тенисер во светот, Италијанецот без загубен сет прошета на завршниот турнир во Торино, кој се смета за јагода на шлагот на сезоната. Карлос Алкараз пружи сериозен отпор, но не можеше ниту да освои сет. Во првиот сет двајцата тенисери беа перфектни на свој сервис, па тајбрејкот одлучуваше. Во него Синер беше подобар со 7-4 и поведе со 1-0. Интересен беше вториот сет, кој Алкараз го почна со брејк, имаше ...