Општина Битола денот на ослободувањето на градот го слави заедно со делегации на збратимените градови Кременчук од Украина, Стари Град, Белград од Србија, Пожаревац од Србија, Плевен од Бугарија и Бурса од Турција. За гостите од странство, градоначалникот Тони Коњановски приреди прием во неговиот кабинет каде разменија информации поврзани со локалната соработка, а потоа сите заедно положија цвеќе пред споменикот на паднатите борци за слободата ...

Познатиот графички дизајнер и уметник Зоран Кардула ја одбележа 81-годишнината од ослободувањето на Битола со впечатлива уметничка креација објавена на своите социјални мрежи. Во својата најнова графика со натпис „Битола 1944 – 2025“, Кардула преку современ визуелен израз ја спојува историјата и сегашноста на градот, оддавајќи почит на борците кои ја ослободија Битола на 4 ноември 1944 година. Делото е карактеристично по неговиот препознатлив ...