Еден деловен објект и три автомобили биле запалени утринава во центарот на Куманово. Според Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, во периодот од 3 до 5 часот, прво била запалена фотокопирница, а потоа уште три автомобили. Од СВР Куманово велат дека пријавувањето на пожарите кај нив започнало во 3.20 часот. „Пријавен е опожарен деловен објект на улица ’11 Октомври’, сопственост на М.Ј. од Куманово, како и опожарени три патнички ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увиди на местата каде беа опожарени два автомобила и дуќан. Од Обвинителството велат дека се преземени сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Собрани се остатоци од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видео надзор. Како што извести Обвинителството, еден од автомобилите е на јавен ...

Добивај вести на Viber Синоќа во Куманово изгоре дуќан на членот на Советот на Општина Куманово, Фитор Јакупи. Од ДУИ оценуваат дека се работи за акт на омраза и меѓуетнички поделби и ја повикуваат меѓународната заедница да реагира. Тој на социјалните мрежи објави дека непознат сторител ја опожарил неговата канцеларија во 03.05 часот. Запалени се и неколку автомобили, а ДУИ реагира дека пожарите се подметнати. Јакупи повика на брза реакција од ...