Ракометарите на Охрид триумфираа против Алкалоид со 28-24 во дербито на 11. коло од Суперлигата на Македонија. На дуелот кој се играше во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, охриѓани сосема заслужено дојдоа до победата која им беше осигурана со одлично одиграното прво полувреме кое го добија со 17-11. Во вториот дел, Алкалоид се врати во игра, наметна далеку посериозен ритам и во одбраната и во нападот па се обиде да дојде до пресврт. Сепак, ...

Ракометарите на Тиквеш стигнаа до голема победа во борбата за плеј-офот во Суперлигата на Македонија, откако вечерва во последниот натпревар од денешната програма од 12. коло славеа на домашен терен против Пролет со 21-18. Двете екипи во првиот дел одиграа цврсто во одбраната, но слабо во нападот што доведе на полувреме и Тиквеш и Пролет да бидат едноцифрени, по што гостите успеаја да заминат на пауза со предност од 7-9. Во вториот дел домаќинот ...

Ракометарите на Охрид го добија дербито во Суперлигата против Алкалоид (28-24) и покажаа дека имаат високи амбиции во борбата за највисок пласман. По големата победа на домашен паркет својот став го сподели тренерот Борис Ројевиќ. Србинот е одушевен од заедништвото и сплотеноста на тимот, а имаше и порака до навивачите за викенд-дуелот во Европскиот куп на ЕХФ. „Овој тим се собра пред три месеци, а Алкалоид пред пет години. Мислам дека овој ...

Ракометарите на Охрид излегоа како победници во денешното суперлигашко дерби со Алкалоид (28:24), кое се играше во рамките на 11. коло на македонското ракометно првенство. Домашниот состав го најави ваквиот епилог уште во првиот дел, кој го доби со 17:11 во салата во СРЦ „Билјанини Извори“, а Алкалоид не успеа во обидот целосно да ја стопи негативата и да остане непоразен на незгодното гостување. Скопскиот состав стигна до 20:22 и без ...