Скопје полека влегува во празнична атмосфера – вечерва светна улицата „Орце Николов“, симболично означувајќи го почетокот на новогодишното украсување во главниот град. Градските служби веќе работат на терен, додека постапката за избор на изведувач за целокупното украсување сè уште е во тек. Градот објави оглас за јавна набавка пред само десет дена, барајќи компании кои ќе ги постават новогодишните и божиќните декорации, но роковите се ...

Општина Делчево деновиве започна со поставување на новогодишните декоративни украси, со што и официјално стартува подготовката за претстојната празнична сезона. Во градскиот парк се поставуваат светлечки украси, празнични фигури, како и дрвените куќички наменети за угостителска и трговска дејност, кои секоја година се едни од главните атракции за граѓаните и посетителите. Како што информираат од Општината, украсувањето се реализира по претходно ...

Општина Центар почна со украсувањето за новогодишните и за божикните празници. Празничното украсување се реализира на повеќе локации, со фокус на скверовите „Јадран“ и „Капиштец“ и на улиците „Боемска 1“, „Боемска 2“ и „Орце Николов“, каде што се очекува поголема фреквенција на граѓани и на туристи. Од Општина Центар информираат дека на скверот „Јадран“ е планирано поставување на импресивна новогодишна елка со висина од најмалку девет метри, ...