Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес и утре престојува во работна посета на Вилнус, Литванија. Во рамки на првиот ден од посетата, тој оствари средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи Кештутис Будрис. Двајцата министри изразија задоволство што посетата се реализира во годината кога двете држави одбележуваат 30 години дипломатски односи. Притоа, тие ја нагласија подготвеноста за унапредување ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Вилнус оствари средба со својот домаќин, литванскиот министер за надворешни работи Кештутис Будрис. Во фокусот на разговорите беше потребата од заеднички и засилен ангажман за забрзување на процесот на европските интеграции, особено во светло на претстојното литванско претседавање со Советот на ЕУ. Министрите изразија задоволство што посетата се случува во ...