Пратениците со 61 глас „за“, 22 против и без ниту еден воздржан, ја поддржаа интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути од Европскиот фронт. Барањето за интерпелација ја поднесе пратеничката група на Левица. Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата на работата на Даути се основани. Собраниската сала ја напуштија пратениците на СДСМ чиј Закон за бранители ...

Со три гласови „за“, 64 „против“ и ниту еден „воздржан“, Собранието ја отфрли интерпелацијата за вицепремиерот, Изет Меџити. На гласањето и претходеше жестока расправа меѓу пратениците на коалициите Европски фронт и на Вреди. Вреди ја обвини ДУИ дека преку интерпелациите сака да го скрие криминалот и корупцијата на високи партиски функционери. Од ДУИ, пак сметаат дека со помош на Вреди се губат албанските права. Во моментот тече образложувањето ...

Собранието на Република Северна Македонија ја разреши пратеничката Илире Даути од ДУИ од позицијата претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, поради непочитување на Собранискиот деловник со неставање на Законот за правата на бранителите на комисиска расправа и самоволна одлука да ги лиши пратениците од дебата за него. Вкупно 61 пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ЗНАМ гласаа за интерпелацијата на Даути. ...

На првата собраниска седница од годината, владејачкото мнозинство ја поддржа интерпелацијата на Левица за Илире Даути. Интерпелацијата ја образложи Сашко Јанчев кој рече дека Даути со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочи Законот за бранители со тоа што не го става на дневен ред на Комисијата со која претседава. Од Левица велатк дека Собранието дефакто констатирало дека пратеничката Илире Даути го ...